Изгледав некои 6-7 епизоди овие денови. Пред да си речете "заеби, кој ќе го чита овој будалава што гледа вакви шоуа", барем исчитајте ми го постот до крај.
Издржав да ги гледам овие епизоди, бидејќи форматот и концепцијата не е така како што си ги замислувате. Телевизијата, поточно луѓето што ја прават емисијата - знаат. Што знаат?
Знаат колку се дебилни мајкиве и нивните глупирања, па затоа секоја емисија е така конципирана за всушност да се исмева со мајките и нивните тврдења. И заради тоа, сеирџењето врз глупи американци не ми смета, напротив.
Во една епизода обично се фокусираат на 3 семејствата, нивните спремања и на крај самите "избори". Како прво, обично мајката е интервјуирана, а на секој нејзин збор, сценаристиве ја дупат у здрав мозок. На пример, она ќе каже "детето многу сака да оди на Мис избори", овие баш ќе го покажат во следната сцена како плаче, како вика дека нејќе више, а мајкава го тера.
Една будала кажуваше како има одличен однос со детето и воопшто не го форсира, а овие у следната сцена ја покажуваат како и прави fail лица на ќерка и, како и се дере, детево сака да прекине, она ја тера да вежба и вежба и вежба. Значи, да речеме дека досега видов 20 мајки, па да направиме еден профил на нив.
Сите до една беа:
- Максимално искомплексирани
-Пробуваа да си ги живеат соништата преку децата (некои биле Мис ко помлади, некои едноставно предебели)
-Трошат ненормално многу пари и мислам дека сите, освен една, не работеа (stay at home moms) и мажите ги финансираат. Во различни епизоди, нормалните имаат потрошено од 10.000 долари па нагоре во рок од 6-7 месеци, а тие побогатите 100.000 па се до екстремот од 250.000 (ама добро, кучката предтоа била келнерка, па фатила богат забар и сеа фура бентлија, ферарија и Келвин Клајн). Децата нејзини беа близначки, 1 година стари.
-Господаруваат врз децата, им се дерат, немаат нормален однос. Освен некои 2-3 мајки кои ги тешеа децата кога освоија помали круни, другиве се караат со сите, се дерат врз децата, ги прашуваат децата "зашто плачат".
После запознавање со психопаткиве, идеме на лакирања, педикири, лажни заби и слично. Ако некое од децава се буни и нејќе, го лажат, го тераат, му се дерат.
И на крај, изборот. Луѓе, ова не знам што избор е (ме мрзи да гуглам), ама таму присуствуваат само родителите на децата, никој друг. И секој добива круна (пошо нели, избор за деца е, кај на дете да не му дадеш нешо), а има само некои поголеми круни за "најдобрите". Тоа најдобра е релативно, бидејќи мислам дека се иде со подмитување тука. Богатата кучка доби најголема круна за ќерка и, а имаше 1 година - што беше првпат во избор некој едногодишен да добие бидејќи нема логика. Ама битно си ги задоволи комплексите, а и мило ми беше, зашто таа епизоди и другите две кучки од мајки беа у филм дека нивното дете е најдобро, па in your face момент и плачење на крај - priceless.
Сепак, најинтересен ремет врз мајкиве ми е кога ќе им се деси "криза", на пример ќе заборават чешел, фустанот нешо нема да биде ко што треба, косата ќе се измести малце и слично...и продуцентиве намерно даваат некоја трилер музика, такви кадри како демек "леле крај на светот".

)))
Се прашувате зашто мајкиве прифаќаат да бидат на телевизија, иако ги реметат?
Затоа што се attention whores, едноставно мораат да бидат макар и вака. Па, ако им е!
П.с. децата се океј, освен некои 2-3 кои имаа по 8-9 години и беа "принцезички разгалени", ама не се криви они, мајките уште од 2 годишна возраст ги праќале по избори.
Па, ако сакате добар ремет врз искомплексирани кучки, поглејте чад-пад некоја епизода. Ќе се изненадите што се живее на светов. Само НАПОМЕНА: многупати ќе ви дојде нагон да запукате бокс на некоја од нив, па воздржете се да не го спукате мониторот.
