Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Еден час, до час и половина пред тренинг, споро разложувачки јаглехидрати (кафеав ориз, овес, црвен компир) и протеини заедно со нив.
А по тренинг, доколку немаш post workout shake со whey протеин и декстроза, тогаш бел ориз со јајца.

Оризот може да биде зачинет? Бар сол ?
 
Оризот може да биде зачинет? Бар сол ?

Не гледам зошто да неможе, но кафеавиот ориз за разика од белиот е многу поубав незачинет.
А белиот можеш и да го зачиниш со вегета (биозачин) кој го има во виталија.
 
Не не, си легнувам 04:00, 04:30 скоро секоја вечер.. па така околу 9 ќе се соберат, тешко заспувам. :)

Јас колку што знам,нека ме корегираат поискусните,лошо е многу тоа што легнуваш у тоа време...за мускулите,после исхраната најбитно е спиењето..
 
Точно, но повеќе во смисла адекватно време поминато во спиење, т.е. не помалку од 7-8часа.

Не не, си легнувам 04:00, 04:30 скоро секоја вечер.. па така околу 9 ќе се соберат, тешко заспувам. :)

многу поголем кикс е исхраната. Всушност не внесуваш протеини цели 18 часа! Ваква исхрана не е погодна за бодибилдинг, телото нема да може да изгради мускули бидејќи постојано е принудено да ги разградува поради предолго време на не внесување на протеини. Мора да додадеш еден оброк пред легнување богат со протеини, сиромашен со ЈХ. Пример кравјото сирење јади го час пред легнување, а насабајле јади туна,стек или пак 0,5л млеко со бисквити
 
Точно, но повеќе во смисла адекватно време поминато во спиење, т.е. не помалку од 7-8часа.

многу поголем кикс е исхраната. Всушност не внесуваш протеини цели 18 часа! Ваква исхрана не е погодна за бодибилдинг, телото нема да може да изгради мускули бидејќи постојано е принудено да ги разградува поради предолго време на не внесување на протеини. Мора да додадеш еден оброк пред легнување богат со протеини, сиромашен со ЈХ. Пример кравјото сирење јади го час пред легнување, а насабајле јади туна,стек или пак 0,5л млеко со бисквити

Фала за советот, инаку не ми е секој ден ваква исхраната.Еве на пример денес:
Станав во исто време.
Прв оброк: 14:30 кисело млеко
16:00 банана и протокал
17:00 - 18:00 тренинг
18:30 Копан и 4 јајца
20:00 oреви
22:00 туна
и пред легнување ќе јадам сирење со ајвар.

Инаку во деновите кога не вежбам да внесувам исто тоолку(протеини,јаглехидрати..) коолку и во деновите кога вежбам ?
 
Ова е веќе подобро, кога не вежбаш пак внесувај доста протеини затоа што мускулот расте и наредните 2-3 дена по тренингот, а можеш малку да намалиш со ЈХ тие денови.
 
@reddevil4ever Ја ти препорачувам да си земеш малтекс место мед,слично на мед е но поздраво, има витамини,минерали и јх. на сабајле со овесни снегулки и млеко/јогурт,плус нешто овошје ако имаш,ја ова јадам сабајле.
 
Фала за советот, инаку не ми е секој ден ваква исхраната.Еве на пример денес:
Станав во исто време.
Прв оброк: 14:30 кисело млеко
16:00 банана и протокал
17:00 - 18:00 тренинг
18:30 Копан и 4 јајца
20:00 oреви
22:00 туна
и пред легнување ќе јадам сирење со ајвар.

Инаку во деновите кога не вежбам да внесувам исто тоолку(протеини,јаглехидрати..) коолку и во деновите кога вежбам ?

Ако се чистиш изфрли го ајварот.. Наместо него јади печени пиперки.. Ајварот се прави со многу зејтин и го прави доста калоричен.. со 1 шише зејтин се прават отприлика 9-10 тегли.. ако поделиш испаѓа цела тегла ајвар 1.000 калории.. а печени пиперки имаат многу помалце..
 
Имам едно прашање...
Дали витанова овошните житарици дебелеат и дали се здрави ?
 
Не дебелеат ама наместо овошни земи овесни житарици тие воопшто не содржат прости шеќери туку само комплексни. Дури се препорачуваат и за дијабнетичари.
 
Да почнеме да пишуваме некои корисни шеми за исхрана,наши или статии од интернет,ќе им(ни) бидат многу од корист на почетниците и на не толку упатените ?
 
Пиши некој пример да видам што имаш на памет, ако е нешто корисно не гледам зошто да не биде споделено со сите.
 
Myers имаше напишано негде кој мултивитамин го користиш и прилично исплатливо делува, ако не ти е проблем кажи пак.
Препорака некоја за мултивитамин?
Кога сме тука која е разликата меѓу омега 3, 6 и 9? Дали кога би се додало ова во исхрана доволно би било само омега 3 или сите три?
 
Моментално користам некои наши (веројатно) Complete од Супра Вит со додаток на Бета Каротен (провитамин А) ама поскапо е од тоа што го пишав минатиот пат, и тоа далеку посакапо мислам дека 350 денари на попуст беа, и тоа за само 30 таблети.

Околу омега таблетите, секогаш комбинацијата од сите 3 е подобра од еден. Но доколку не си во можност за сите 3, и само омега3 таблетите ќе ти бидат од корист.

Еве статија за разликата помеѓу нив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom