Аудиокниги

  • Креатор на темата Креатор на темата Tiny Tim
  • Време на започнување Време на започнување
Пред некое време налетав на аудио издание на Амберските хроники од Роџер Зелазни, кои ми се омилени. Од ред причини претпочитам текст, ама преслушав неколку минути. Пријатно ме изненади тоа што чита токму авторот. Имам извесен сомнеж , бидејќи е починат повеќе од две децении (никогаш не сум видел снимка со него, интервју или сл. па не знам дали сигурно е тој), но веројатно и тогаш биле снимани аудио-изданија, на пример за лица со оштетен вид итн. Секогаш е подобро кога некој професионалец со одличен глас ќе заврши феноменална работа, но исто така, посебно доживување е кога самиот автор го чита делото. Има повеќе, ова подолу е првиот дел.
Јас сега ја слушам аудиокнигата „Sharp Ends“ од Аберкромби. Сите аудиокниги од серијалот на Аберкромби (First Law и другите три засебни) се фалени поради квалитетот на гласот, а ги чита Стивен Пејси. Оваа ја читаат и Аберкромби и Стивен Пејси.
Дај и' шанса, па пиши импресии.
 

Шознам...лежиш у кревет.
Дремиш и слушаш.

Последни ми беа LOTR, ги нема на yt тие што ги имав во компјутер.

Барав македонски аудио драми ама слабо.
Тоа само на Македонско радио може да се начека (и басни ако не се лажам) а интересна е програмата Хоризонти кадешто се читаат научни трудови (од Македонија) од сите области.

Еве еден канал;

https://www.youtube.com/channel/UCwA3soVPNcpLSwuHa_TLurw/playlists
 
Последно уредено:
Случајно налетав на овој јутјуб канал. Фантастична адаптација има на одлично избрани раскази, предавања, филозофски текстови и слично. Нешто како снимени драми од Радио Београд со музиче, со сите нишани.

Еве една.

 
This shit is crazy :icon_lol:...

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom