Згради стари по 40 години - реновирање фасада

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Возраст
38
Локација
најчесто дома, освен ко ќе сум излезен...
Насловот на темата е доста јасен. Од една страна ги имате луѓето шо „брчат“ како е подобра инвестиција стан отколку куќа (бидејќи нема одржување), од друга страна 80% од зградите во државава се изградени пред 20 години.

fasadi-robi.jpg


Фасадите им се ем во комунистичко-сиво издание кое е уништено од забот на времето, ем се во прилично лоша состојба. И никој 5 пари не дава како изгледа зградата од надвор, а уствари тоа е лиот не само на зградата, туку и на населбата - градот. Стара зграда да се реновира однадвор, до сега јас немам видено. Чат пат фарбаат ако некој копиљ нацрта графит, и тоа е тоа. А знаеме колку прашина се крева од возилата што врват по улиците, дел од неа влегува во домовите, дел останува залепена на фасадата.

Чисто за илустрација ја поставив сликата: некој си ја бојадисал оградата црна, некој бела, некој сива, сопствениците на дуќаните си промениле дограма и си подреновирале нешто на ликот... ама фасадата е како помочана (ефектот на прашина + пороен дожд), со изгубен сјај, препуштена на забот на времето...

Има некаков закон за задолжително реновирање на фасада на зграда? Кој треба да ја плати сметката за реновирање? На колкав временски период?
 
Во Скопје т.е. Општина Карпош на улицата "Партизански Одреди", беа сменети фасадите на стари згради и излегоа одлично. Мислам се бараше фирма за да ги поправи, а за возрат добиваа рекламно место на зградата. И е одличен проект кој би можел да се спроведува не само во главниот град.
Пред:
D431907F12C62F43A0877A224F485357.jpg

Потоа:
61A3A6ADC6BEEB4EB5D78EDD797B515C.jpg
 
1-градот тс. општината понекогаш ги реновира фасадите на зрадите
најчесто пред избори но само во централното подрачје.
2-пример пред некоја година зградите во Скопје-општина Центар
на ул. 11Октомври и бул. Кочо Рацин кој од надвор беа за никаде
а изградени далеку пред земјотресот 1950-1960год. градот ги
реновираше на негова сметка или општината.
3-во општина Карпош исто така во поново време се реновираа
некои згради на бул. Партизанска (а тие се од опозицијата)
4-ако очекуваме дека ќе се реновират некој згради во општината
ама во провинција односно во споредни улици е тука се лажеме
и џабе ќе се изначекаме, ни молби ни изгледот-руината не помага.
5-примар старите згради во Автокоманда,Ченто,Карпош или Штип.

е тоа дали има закон и кој ќе го направи тоа незнам ама
ако е приватна- купена зградата значи е на сите станари
т.с. треба да се третира како куќа како внатре се одржува
така треба и од надвор - се е јасно како 2+2 =4
ама ние сме тоа што сме пред куќа ќе го очистиш снегот
ама пред зграда не бре -ај на комшијата ќе му текне.
---------------------------------------------------------------------------------------
Е О В А Е М А К Е Д О Н И Ј А
 
Станарите од зградите чекаат изгледа општините да им ги санираат фасадите.. шие му га џуро..наместо заеднички да соберат средства и да ги реновираат.. кога можат тие што живеат во куќи сами да си ги реновираат,можат и они.. !

И треба градот да донесе некој закон,правилник како да се реновираат и во која боја..неможе на кој како ќе му текне,еден жута ,друг црвена ,трет сива ..некој закон мора да има.
 
интересна тема. е вака. ако живеете во куќа нели нормално е на неколку години да се одржава фасадата тоа подразбира санации или бојадисување. овие во зградиве шо живеат никад не им текнало дека треба и зградата да се одржава. ја живеам во куќа ама ко шо знам секоја зграда си има свој куќен совет што е нормално да тој превземе мерки т.е пари од станарите и да си ја средат колку толку фасадат арно ама кај нас никој несака пари да даде и сите чекаат еден на друг. имам видено во многу згради несаакат сијалица да сменат камо ли фасада. мизерија
 
Мислам се бараше фирма за да ги поправи, а за возрат добиваа рекламно место на зградата.

Знае некој колку може да чини м2 за да се средат фасадите на овие згради.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom