Преместување на Турските Серии после 00 h?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба да се помести времето на Турски Серии?

  • Би требало да се емитуваат после 00 h .

    Гласови: 43 84,3%
  • Добро си е и вака.

    Гласови: 8 15,7%

  • Вкупно гласачи
    51
L

.Lost Angel.

Гостин
Што мислите дали треба да се преместат турските серии после 00 h ? бидејќи има доста случаеви кои се поврзуваат со сериите турски ?

На пр.

ГРАДСКИТЕ СОВЕТНИЦИ РАСПРАВАА ЗА НАСИЛСТВОТО МЕЃУ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ
Турските серии виновни за пукањето во автобус
8022B166D5313A4DA4092BD31F8935C5.jpg
Турските серии во кои има сцени со пукање се една од можните причини поради која пред две недели се случи инцидентот во автобус со број 74, во кој едно девојче беше застреалано, а двајца патници поминаа со полесни повреди. Оваа е една од варијантите, која градските советници ја разгледаа на вчерашната вонредна седница, во обид да најдат виновник за насилството меѓу средношколците.
И носењето оружје во училиште и домашното воспитување на децата се најдоа на дневен ред на расправа.

"Виновник за вакви инциденти не може да биде ниту ЈСП ниту Градот Скопје. Причините за насилство кај децата се подлабоки, па треба да се внимава и на нивното воспитување и едукација. Јас, на пример, сум против сериите кои се емитуваат секоја вечер во 20 часот. Тие треба да се пуштаат после полноќ, кога децата спијат и не можат да ги гледаат", меѓу останатите забелешки го искоментира и овој момент советникот Тони Ѓуревски од ВМРО-ДПМНЕ.
Мишо Николов, директор на ЈСП"Скопје", тврди дека за инцидентот во 74-ка се преземени сите мерки за пријавување и санкционирање на сторителите.

"Да воспоставиме ред и мир во автобусите кои се јавни места, неопходна е поголема поддршка и присуство на надлежните органи", рече Николов.
(М.Ѓ.)
Водич за возачите при инциденти

ЈСП"Скопје" ќе изготви прирачник за однесување на сите вработени, првенствено за шоферите. Со вакво задолжение Советот на Град Скопје го обврза претпријатието, кое во рок од еден месец треба да го состави специјалниот водич. Во него ќе пишува како да постапат возачите во случај на инциденти, во какви ситуации треба да пријават во полиција и во внатрешна контрола на претпријатието, како и во кои услови може да им помогнат на патниците.
Долина на волците“ повод за лажна дојава за бомба
Турската серија „Долина на волците“ била повод две деца од Гостивар на возраст од 9 и од 10 години да се јават во Царинската управа во Скопје и да пријават дека во зградата има поставено бомба. Полицајците од секторот за антитероризам ја лоцирале адресата од каде што на 6 декември на телефонскиот број 197 во оперативен центар на Царинска управа преку мобилен телефон била испратена телефонската закана со зборовите: Овде лудиот Хусну, излезете имате бомба. Полицајците утврдиле дека заканата ја испратиле двете деца кои во полиција признале дека идејата да пријават поставена бомба ја добиле откако претходно ја гледале серијата „Долина на волците“. Полицијата ќе поднесена пријава против родителите на децата.

--- надополнето: 23 декември 2011 во 01:12 ---
Инаку еве според мене воопшто не ни треба тие серии да се емитуваат а не пак да се преместуваат но сепак мене никој неме прашува и се емитуваат но има ете некои кои дефинитивно сакаат изгледа да глумат како Полат и да пријавуаат бомби и да пукаат а некои пат како од сериите во кои само плачење се гледа :place: и почнаат тенејџерите да се самоубиваат поради девојка/дечко ... Вие што мислите?
 
Не сум фан на серииве, напротив, ама не е во нив коренот на проблемот. Родителите се виновни, никој друг.

Токму така но сепак повеќето родители се соживуваат со турскиве серии.... еве чист пример Мајками зборува со мојата Тетка за серијата како беше хмм... лубов и казна мислам дека се викаше и вика леле виде што направи онаа мајкаму ја издаде таа ... мислам малце е глупо човек да се соживува со серии воопшто.
 
само во турските?
демек во американските филмови нема масакри и убиства....демек во училиштата во Америка не се пука по се што мрда....
коренот на се е од воспитувањето
 
Што мислите дали треба да се преместат турските серии после 00 h ? бидејќи има доста случаеви кои се поврзуваат со сериите турски ?


Море пу пу пу,помести се од место....толку да немаш чуство за сите невини луѓе што везден во мислите ги носат Саваш,Јасмин и Полат.
 
Немојте така, ќе останиме без телевизии...

Како што се крена гледаноста на А1 кога почнаа Долина на волците и Шеќерка -та :pos: како и сега на Канал5 и Сител добро е што останатите телевизии не даваат Турски серии или од оние сапуницине...
 
многу е глупо да се размислува дека се виновни турските серии. Ако е така тогаш нетреба да има филмска индустрија, зошто реално гледано секој втор американски филм што го гледаме има пукање или некој друг вид на насилство. Затоа ако веќе немате попаметна работа и гледате серии барем гледајте синхронизирани на наш македонски јазик. Барем тоа треба да не прави задоволни.
 
ќе ги преместат кога ќе дојдат некои од друго подрачје..пример од Северна Кореа..
Све почна со шпански,па мексикански,па аргентински,бразилски,венецуелски,индиски, сега на ред се да тераат турски.. ќе им дојде и нив крајот.
 
ќе ги преместат кога ќе дојдат некои од друго подрачје..пример од Северна Кореа..
Све почна со шпански,па мексикански,па аргентински,бразилски,венецуелски,индиски, сега на ред се да тераат турски.. ќе им дојде и нив крајот.

Баш ме интересира какви се Севернокореиските серии, тематиката не е тешко да се погоди што е.
 
Значи воа стариве колку се соживуваат со турскиве серии тоа е чудо, али ако гледаме реално ние младите се соживуваме со американскиве серии, коа ќе видиш а америчка а турска исто ти е, само срамота е за нашиве ТВ што турските и индиските го зафаќаат периодот од 20 до 23 часот со емитување на Љубов и казна, Малечката невеста и Долина на волците, и сум за да се емитуваат или од сабајле или во доцните часеви али телевизиите гледат што повеќе да има гледаност и ги ставаат во ова време во кое што се и старите и младите на телевизорите :sneaky:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom