Плавуши!:)

  • Креатор на темата Креатор на темата Free
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто на плавушата и е мокра косата секоја вечер?
- Затоа што ја бакнува рибата за добра ноќ.
 
Sto e razlikata pomegju kokoshka i plavusha?
Kokoshkata nad jajca sedi mirna!! :icon_lol:
 
Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да, и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
 
Утрово го шетам кучето. Од соседната зграда излегува млад пар татко и мајка плавуша со детска количка.
При разминувањето, кучето лае.
Веројатно се исплаши од количката. Мајката плавуша:
– Не можеш ли да си го скротиш животното! Што се разлаја толку! Ќе го разбуди бебето!
Мажот:
– Потивко! Ти креваш посилна врева од кучето! Ќе го разбудиш!
– Да, бе, јас сум виновна! Тоа сигурно веќе е будно! – И ѕиркаа во количката
– Идиот! Си го заборавил детето дома! – И трча назад кон зградата.
Стоиме и ја гледаме како трча кон влезот – јас, кучето и мажот со бебето во раце.
 
8000 плавуши организирале конвенција под наслов "Плавушите не се глупави". На конвенцијата присуствувале делегати од различни области со цел да се уверат дека Плавушите не се глупави...
Лидерката: Се собравме овде да докажеме дека Ние не сме глупави, и убедена сум дека ќе ви го докажеме тоа. Повикува една плавуша да се качи на бината и ја прашува:
-Колку се 15 плус 15?
После 30 секунди плавушата одговара:
-18 - одговара плавушата.
Разочарување во салата, сите 8000 плавуши станале и почнале да викаат:
- Дадете и уште една шанса, дадете и уште една шанса.
По мала пауза делегатите одлучиле да и дадат уште една шанса.
Лидерката го поставува второто прашање:
- Колку се 5 плус 5?
После 20 секунди:
- 76 - одговара плавушата.
Повторно цела сала во еден глас.
- Дадете и уште една шанса, дадете и уште една шанса.
Делегатите побараа пауза од еден саат за да се договорат. По долго натегање делегатите одлучиле да и дадат последна шанса.
Лидерката го поставува последното прашање:
- Колку се 2 + 2 ?
По 10 секунди:
- 4 - одговара плавушата.
Делириум во салата, сите 8 000 плавуши станаа од столчињата ги кренаа рацете горе и извикаа во еден глас:
- Дадете и уште една шанса, дадете и уште една шанса!
 
Razgovaraat dve plavusi i ednata i vika na drugata koja e bremena
-Ajde dojde vreme i ti majka da stanes a ovaa i vika

Dosta ma ne sum sigurna deka e moe
 
Инструктор прашува плавуша која учи да вози:
– Што ќе се случи ако ја кренеш десната нога од педалата?
– Снемува гас.
– А Левата?
– Го пуштам куплунгот.
– А што ќе се случи ако ги кренеш двете нозе?
– Ќе положам!?!?!?
 
Одат две плавуши по улица и едната од нив наоѓа огледало. Го кренала таа огледалото гледа во него и вика:
- Еј, ја знам женскава од негде. Сум ја видела и порано.
Другата плавуша и го зема огледалото, гледа во него, па одговара:
- Е, што си глупа, нормално ти е позната, па јас сум.
 
Оди плавуша во зоолошка, гледа паун и вели:
-Лелеее, види како расвцетала кокошката!
 
-Зошто плавуша не грее млеко?
-Ја боли цицката на рингла да ја стаи.
 
Оделе две плавуши по улица и едната и вика на другата:
- Леле, види умрена птица!
А оваа другата гледа нагоре и вика:
- Каде бе?!
 
Си биле две плавуши и едната на друга и вика:
– Овој месец изгубив 15 кила.
А другата плавуша и вика:
– Ајде да ги побараме.
 
Две плавуши отишле во шумата да бараат елка. Седум часа барале и се умориле.
Едната рекла:
– Готово, јас капнав. Ајде да земеме една без лампиони!
 
Зошто плавуша во маркет го допира лебот со очите?

Бидејќи пишува БИРАЈ СО ОЧИ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom