Мистичен
Човек
Две години по уривањето на дивоизградените објекти и дивопоставените шанкови, охридските плажи беа празни, без кафулиња, столици и маси за гостите.
Така ќе биде и годинава, кога најголемиот дел од охридските плажи општината нема да ги издава под закуп. Со одлука на Владата неодамна стопан на плажите на охридското крајбрежје стана локалната самоуправа.
Поради краткиот тајминг до почетокот на туристичката сезона, за распишување тендер градските власти решија годинава плажите да не ги даваат под закуп, освен неколку плажи пред хотелите.
Наспротив тоа, за плажите има огромен интерес и над 70 барања од потенцијалните купувачи.
Лани плажите останаа несредени, нечисти, без тоалети и лежалки, без спасители на вода и содржини за забава, само со по некој фрижидер со пијалоци и сладоледи.