Мачорка
Shining Star of Paektu Mountain
- Член од
- 25 февруари 2011
- Мислења
- 1.955
- Поени од реакции
- 12.544
Ги читав и другите теми. Сепак друго е прашањето овде. На што го заснивате вашиот атеизам. Ако е неверување (во бог) како што рече, тоа значи верување во науката. Зарем тоа не е верување??
Лицемерно малку. Колку можев да прочитам сите атеисти се повикуваат на недокажани или сомнителни теории кои науката не ги докажала.
Како тоа во едно недокажано не верувате а во друго, исто така недокажано верувате?
Без навреда, ама и темата и постовите ти се екстремно глупави. Прво, атеизам ( по милионити пат) е неверување во богови, наука и верување во наука не се споменува во ниту една дефиниција за атеизам.
Второ, ако атеизмот значи верување во науката, значи религијата значи неверување во истата. Зошто тогаш ти ги користиш сите придобивки на науката ? Зошто користиш компјутер, измислен од научници, интернет измислен од научници, зошто одиш на лекар кога имаш здравствен проблем ?