mRnO
И по mRnO,mRnO
Инвеститорите не ја гледаат Македонија, ја нема на нивната инвестициска мапа. Мала земја, со слаб пазар, блиско воено минато и згора на тоа со гломазна бирократија, не може да биде привлечна за странците.
Во вакво светло Македонија ја гледа Давид Банкс, експерт од Ирска, земјата која се смета за светски уникатен пример по начинот на кој успеа да се извлече од дното до успешна економија позната како ирското чудо.
„Јас би рекол дека главната пречка е јавната администрација, која во моментов не е толку доволна и спремна да одговори на тој предизвик, затоа што нејзиниот капацитет не е толку силен и можеби тоа е причината што сите досегашни преговори со странските инвеститори завршувале неуспешно“, вели Давид Банкс, експерт од Ирска.
За тоа како изгледа инвестицискиот тренд во Македонија говорат бројките. Последниве пет години не влеваат оптимизам.
2001-ва важи за најуспешна инвестициска година, кога стасаа парите од продажбата на Телеком. 2002-ра 77,8 милиони долари, 2003-та 95 и пол милиони долари, 2004-та 157 милиони, а лани нецели 100 милиони долари странски инвестиции во Македонија.
Со просечни 100 милиони евра годишни инвестиции, Македонија не може да очекува реално покренување на економијата, коментираат експертите.
И сликата нема да се промени се додека Европа не потсетува на корупцијата, неефикасното судство, лошата инфраструктура, неквалификувана работна сила.
„Македонија може да стане како Ирска, меѓутоа ние можеме да ве научиме како да ловите риба, но вие треба понатаму да ја ловите рибата“, рече Банкс.
За годинава инвестициското конто ќе биде подебело, ама поради продажбата на ЕСМ, за што на државна сметка легнаа 225 милиони евра.
Стручњаците сметаат дека и оваа инвестиција е само дел од моделот на преземање на компании, но не и гринфил инвестиции - изградба на нешто ново.