Ohridnews.com

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.215
Поени од реакции
18.327
Локација
с. Издеглавје
bann.jpg


Не е ни телевизија, не е ни емисија, ама е сепак еден квалитетен медиум.Прв весник од таков склоп во Македонија, значи чисто електронско издание.Мислам дека се едни од најобјективните и покриени се поголемиот број настани не само локални, туку и од Македонија и светот, а се често и доста побрзи и поажурни од големите национални телевизии.Истотака е и прва опција на сабајле на луѓето од Охридско - Струшкиот регион и иселениците од тие делови, поради нивната непристрасност и работење во најдобра можна смисла на нивната работа - пренесување на вестите.Последните неколку месеци почнаа и со видео комуникација (Ohridnews TV) со различни теми.

Вчера прославија 5 годишнина од своето постоење.Основачи на ohridnews.com се Горан Момироски (инаку бивш новинар на локалната ТВМ и сегашен известувач од Охрид за Телма) и Мирко Постоловски (поранешен спортски новинар во локалните ТВ и сегашен известувач за Македонски Спорт од Охрид како дополнителна работа).

Интересно, овде Аце Петрески некако ептен присебен :D

Честито годишнина, Ohridnews и продолжете како досега!
 
И јас одамна ги читам за сите новости и стварно се за пофалба!!!
 
се согласувам.. солидни се
честито годишнината :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom