Европарламентот гласаше за прием на Хрватска во Унијата

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин

Пратениците на Европскиот парламент (ЕП) вчера со убедливо мнозинство гласови ја прифатија резолуцијата за договорот за пристапување на Хрватска кон ЕУ

091002_cr_flag.jpg
transparent.gif

За прифаќање на резолуцијата гласаа 564 пратеници на ЕП, 38 беа против, а 32 пратеници се воздржаа од гласање, јави МИА.

- Самото влегување во ЕУ е доволно тешко, но одредбите што и беа наметнати на Хрватска за време на преговорите беа многу построги во однос на која било друга земја. Затоа Хрватска денес е еден од најдобрите кандидати што сме ги имале - изјави Бернт Поселт, европратеник од редовите на германската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), кој својот говор во името на клубот на Европската народна партија го заврши со поздрав на хрватски: „Да живее Хрватска!“.

Откако ЕП го прифати пристапниот договор на Хрватска и на ЕУ, Советот на ЕУ на состанокот на 5 декември треба да го потврди влезот на Хрватска во Унијата. На 9 декември е предвидено потпишување на договорот, а на самитот на Европскиот совет истиот ден, Хрватска ќе добие статус на набљудувач. Според утврдениот редослед, Хрватска треба да стане полноправна членка на ЕУ на 1 јули 2013 година.
 
Подршката за ЕУ во Хрватска е некаде под 50 %.За разлика од нас тие знаат што е ЕУ.Плус ќе се одржи референдум за влез во ЕУ.
 
Подршката за ЕУ во Хрватска е некаде под 50 %.За разлика од нас тие знаат што е ЕУ.Плус ќе се одржи референдум за влез во ЕУ.
Ќе пројде референдумот, ако го има. Во сите хрватски медиуми е строго забрането да има вест против ЕУ. Нека им е со среќа. Deutschland uber alles.
 
Ич нема да им биде подобро во ЕУ, ќе жалат ама нема врска....​
Се надевам нема да им биде како на Романците.Многу интересни размислувања.

Романија стана посиромашна по нејзиниот влез во Европската унија, изјави поранешниот романски министер за финансии и за економија Варужан Восгањан во интервју за весникот „Бизнис 24“.


- Откако влеговме во ЕУ дознавме дека не сме конкурентоспособни. Исто така видовме и дека е потешко да се сиромашен во ЕУ, отколку надвор од неа, вели Восгањан.
Според него, гладната Романија е седната на полна трпеза со останатите земји од ЕУ, но не смее да посегнува по храната.
- Не гледам крај на кризата во Романија и во ЕУ за брзо време, истакнува Восгањан во интервјуто, додавајќи дека очекува влошување на инвестициската привлечност на Романија.
Романската Влада минатата година презеде серија мерки за спас на националната економија, која, како што оцени премиерот Емил Бок, се наоѓа во најтешка криза во последните 60 години.
Во рамките на мерките за справување со кризата беше и намалување на платите на државните службеници за 25 отсто, кратење на пензиите за 15 проценти, откажување на серија социјални програми и укинување на стотици илјади работни места во државната администрација.
 
Пред некое време прочитав во еден дневен весник една иронична реченица .Кога поранешните Ју републики ќе влезат во Еу тоа ќе значи дефинитивен крај и распад на унијата.Каде стапнеме трева не расте :pos: Во многуууу погрешно време Хрватите ќе влегуваат таму каде што сите сакаат да излезат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom