- Член од
- 22 декември 2007
- Мислења
- 1.457
- Поени од реакции
- 376
Спејс шатлот отиде во пензија, програмата Костелешн е откажана. Но сепак астронаутичките компании се изборија за финансирање на проектот на ткн. SLS (Space Launch System). Се работи за супер тежок носач, кој 2017 година треба ткн. Multi-Purpose Crew Vehicle да го прати околу Месечината, потоа би следеле други мисии со човечки екипаж.
Ракетата треба да ги користи постојните технологии од Спејс Шатлот, централниот степен е модифициран централен резервар на Шатлот, моторите барем во првите верзии на SLS се моторите од шатлот, петстепените ракетни бустери се развивани за откажаната Ares 1 ракета, добиени се од 4- степените бустери на шатлот. На почеток ќе има носивост од 70 тони во орбитата, за да потоа носивоста постепено расте се до 130 тони.
Ќе видиме што од сето ова ќе произлезе, сепак секогаш се интересни вакви проекти на супер носачи затоа што со нив се реализираат големи проекти.
Таков беше случајот со Сатурн 5 кој ги однесе Американците на Месечината и советските проекти N1 и Енергија, првиот требаше Советите да ги однесе на Месечината, вториот Енергија заврши несреќно со распадот на СССР иако многу ветуваше.
N1
Енергија и Буран
Енергија и Пољус, необичен модул во кој било сместено ласерско оружје за борба против сателити, одговор на тогашната американска програма војна на ѕвездите. Модулот е тежок 80 тони. Сепак ова лансирање ќе биде неуспешно за разлика од второто и последно лансирање со Буран кое е успешно.