Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.312
- Поени од реакции
- 34.715
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
На 04.12.2011 од 13:00 до 16:00 часот во ТЦ Рамстор се организира Foursquare Super Swarm Фестивал за отклучување на Super Swarm беџот.
Дојдете во Рамстор, чекирајте се, искористете ги специјалните попусти и добијте награда. За да го отклучиме Super Swarm беџот ќе ни требаат 250+ чекирања.
Најмалку 250 корисници на социјалната мрежа Foursquare ќе биде потребно да се чекираат во ТЦ Рамстор на 04 декември 2011 во периодот од 13:00 до 16:00 часот за да се отклучи Super Swarm значката и да се обележи првиот Foursquare Super Swarm фестивал во Македонија и на Балканот. Секој кој ќе се чекира ја отвора можноста за добивање бесплатна веб камера, маица со Super Swarm значката, бесплатен паркинг, вредносни ваучери, и многу други попусти во кафулињата и рестораните во ТЦ Рамстор.
“Foursquare е сервис за социјано вмрежување кој и овозможува на онлјан заедницата, преку користење на ГПС на својот телефон, со своите пријатели на фејсбук или твитер да сподели каде се наоѓаат во моментот. За разлика од другите социјални мрежи, овој сервис е интересен поради игривоста што ја нуди и поврзувањето со физичка локација. Неговите корисници кога се чекираат во некој локал, собираат поени, може да станат градоначалник на локалот, да отворат голем број различни значки или да добијат одредени поволности, како попуст или подарок од локалите“- вели Мите Кузевски од NewMediaMK, еден од организаторите на Foursquare Super Swarm фестивал.
“Идејата пред се ни е да се раздвижи интернет заедница во Македонија и да се отвори простор за дружење на луѓето, кои можеби се знаат само онлај“ - вели Андреј Шевченко од 365.com.mk, организатор на фестивалот. “Очекуваме дека бројката од 250 чекирање ќе биде брзо постигната, имајќи го предвид првиот настан од ваков тип организиран пред десетина месеци, кога за отклучување на Swarm значката беа потребни само 50 луѓе, а во Рамстор се чекираа 230“, додава тој.
Организатори на фестивалот се Интернет агенцијата NewMediaMK, веб-страницата 365.com.mk и ТЦ Рамстор. Foursquare Super Swarm фестивалот ќе трае 3 часа и за да се биде учесник на истиот потребно е во тој временски период да се чекирате во Рамстор и при тоа да не се чекирате на ниту една друга локација. Листа со сите понуди и детали околу настанот има на www.swarm.mk
Па Кајганџии-форскверџии, ќе се чекирате ли во недела во Рамстор?