| тра | ла | ла |
Viva la vida
Што се јаде за време на божиќните пости ?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Што се јаде за време на божиќните пости ?
Затоа ги сакам викендите толку многу, поради рибата ... и виното.Сабота и недела се јаде храна „на масло„ и риба и се пие вино, умерено.
Што се јаде за време на божиќните пости ?
Затоа ги сакам викендите толку многу, поради рибата ... и виното.![]()
Што се јаде за време на божиќните пости ?
Ако не ми веруваш еве замоли ги MIKI1 или nicole_l да ти цитираат каде во Библијата е спомнато селектирање на храна (посно/непосно) за време на пост?
Луѓето низ вековите своеволно измислиле еден куп регулативи за тоа кога треба да почне постот, кога да заврши, која храна смее да се јаде, која не смее т.е. која е посна, а која не е посна храна,
Интересно е тоа што во Божјиот Збор (Светото Писмо) НЕ ПОСТОИ нешто такво како „посна“ и „непосна“ хранаАко не ми веруваш еве замоли ги MIKI1 или nicole_l да ти цитираат каде во Библијата е спомнато селектирање на храна (посно/непосно) за време на пост?
Напротив, библискиот (Богоугодниот) пост првенствено значи привремено апстинирање од храна, а потоа и од други телесни страсти (на пример секс).
Никој никаде во Библијата кога постел не ја делел храната на посно/непосно или на мрсно/немрсно. Кога постеле Божјите луѓе во Библијата, па дури и Исус, тие воопшто не јаделе ништо, а не само риба, гравче, житарки и сл.
На што личат поповине наши со стомаци во обем од два метри? Тоа се должи на православниот пост. Додека сиромавиот гладува, попот си јаде посна пастрмка, посно гравче, посно пиперче, посна погача, посни колачиња, посни сокчиња итн со еден збор посна гозбаза на крај да се појави едно скромно посно попско стомаче
Пак ке повторам, ниту пророците, ниту Апостолите, ниту Исус не постел така како што постат православните - со селектирање на храна.
Како доказ за горенаведените аргументи, ќе ги наведам следниве цитати од библијата каде што можеме да видиме како постеле Божјите луѓе во неа.
" И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне"
(Матеј 4:2, Библијата)
Значи тука изричито е кажано дека Исус постел. А како постел т.е. дали постел со јадење на посни торти, посни погачи, посни колачи, посни салати итн. или пак постел со нејадење можеме да видиме од извештајот на евангелистот Лука...
"А во тие денови не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне."
(Лука 4:2, Библијата)
Друг пример е и познатиот цар Давид, кој додека постел, исто така не јадел.
"А неговите дворјанци го прешаа: „Што правиш тоа? Додека детето беше живо, постеше и плачеше; а сега, кога детето е умрено, стануваш и јадеш!"
(2 Самоилова 12:21, Библијата)
Исто така постела и познатата Естира заедно со нејзините пријалтелки...
"Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки"
(Естри 4:16, Библијата)
А ево, ја би Те замолил да ми посочиш барем еден библиски стих, во кој е даден рецепт за сарма од свинско мелено месо, завиткано во лозов лист...
Ја имаш вечноста пред Тебе па навали, барај и јави ми....
Ха Ха ха......при недостиг на аргументи, секогаш се даваат вакви „лигави“ одговори и коментари......Ха Ха Ха
...чудо ти било ова „православиево“......![]()