„Дневникот на Страшо Пинџур“-200 стр.
Култура - Скопје 1976
приредил - Јован Поповски
------------------------------------------------
Дневникот (првиот) е воден хронолошки секој ден во 1933 г.
од 01 јануари до20 ноември,во Крагуевац каде е Страшо како питомец на гимназискиот интернат.
Страшо Пинџур Дневникот почнува да го пишува во почетокот на својата осумнаеста година.На страниците на таа книга ни соопштува дека релативно рано политички многу узреал,иако дотогаш немал можности,во годините на момчештвото,да стекне некое посебно образование.Дневникот е исполнет со многу зрели гледања на проблемите со кој светот живее во триесеттите години,на политичката состојба,на односите што владеат не само во монархо-диктаторската Југославија туку и во капиталистичка Европа воопшто.
Страшо е редок визионер.Тоа го знаат и неговите другари во интернатот.Тоа го потврдува самиот тој и на страниците на Дневникот. Ретко кој,уште во февруари 1933 година,би се осмелил да ја изрече констатацијата:
-„Зборуваме за хаосот во Европа. Од тој хаос Македонија мора да излезе слободна“
Треба да се знае дека е тоа година кога во Германија зачекори на сцена нацизмот на Хитлер.Хаосот во Европа уште беше далеку.Него,по неколку години ќе го донесат на својте бајонети германските фашисти. Но,Страшо Пинџур
него го здогледа порано и претскажа дека од тој хаос ќе излезе Македонија слободна. Тоа и ќе се реализира единаесет години подоцана, но,за жал,тој не ќе доживее да ја види слободна својата толку сакана татковина.Неговиот голем живот згасна на полпат кон слободата.
-----------------
Дневникот(вториот),што го водел во затворот во Ада Циганлија во Београд,Страшо Пинџур го наречува:
„ Белешке - Ада Циганлија,28-01-1941.
Страшо Пинџур, дипл. права, - пол.затвореник“.
-----------------
ќе напишам друг пат некој делови од овој дневник,
а ако ја најдам книгава ќе ти јавам(една имав +, ја дадов)