Контактни леќи за читање мејл

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.312
Поени од реакции
34.715
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Група научници веруваат дека контактните леќи во иднина ќе можат да се поврзуваат со интернет и да се користат за читање на и-мејл пораки. Футуристичката технологија се доближи на чекор до развојот на прототип леќа што би му овозможила на корисникот пристап до информации.
kontaktni-lekji-za-chitanje-mejl-64001.jpg

Весникот Телеграф пишува дека веќе е направена компјутеризирана контактна леќа што е безбедно тестирана на вистински очи без никакви негативни ефекти. Сепак, тестираната леќа содржи само еден пиксел, но научниците инсистираат дека тоа е доказ дека таков тип на леќи може да функционира во иднина. Тие се надеваат дека од леќите со стотици пиксели би можеле да се читаат кратки текстуални пораки или кратки и-мејлови.

Досега таквата технологија беше дел од научно-фантастичните филмови, но луѓето вклучени во проектот, се надеваат дека во иднина ќе може да се користи за проектирање на информации преку леќите врз реалниот свет и дека ќе најде примена во компјутерските системи и во навигацијата.

Исто така тие веруваат дека леќата ќе може да биде поврзана за да дава информации за состојбата на телото на корисникот што би можело да биде од голема корист во медицината.
kontaktni-lekji-za-chitanje-mejl-64002.jpg

Леќата е проект на кој работат истражувачи од Универзитетот во Вашингтон и Алто универзитетот во Финска. Составена е од антена преку која доаѓа напојувањето, кондензатор што ја складира енергијата, и ја пренесува до транспарентниот чип од сафир, составен од една сина LED диода.

Проблемот со кои се соочиле е фактот дека човековото око не може да фокусира поблиску од неколку сантиметри, па сликите што би се појавувале на таква леќа би биле заматени односно надвор од фокус.

За да го надминат тоа, тие вградиле Fresnel леќа која е многу потенка од конвенционалната леќа и која овозможува фокусирање на проектираната слика на ретината. Засега нема претпоставки дали и кога технологијата би почнала да се користи, но можностите што ги нуди се вистински неверојатни.

Виа Кајгана
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom