Здраво Дечки, сакам да споделам искуство со ОКТА бензиските станици.
Прв случај ми се случи на дизел возило, да ми наточат пун резервоар со бензин гориво, каде што не забележав веднаш, бидејќи имав на резерва околу 10 литри дизел, така извозев околу 200 км, каде што на крај резултатот беше изгорени пиезо-електрични дизни, што никој во мк не ги репарира, штета 4000 еура. Пријавено во ОКТА, фино лепо ми замачкаа очи, со муабет: Аха нема проблем, кажи ни точно време, да видиме снимка ово оно... (претпоставувам да избришат или едитираат снимка), и така недела-две те замајуваат дека работат на случајот, и оп ги снемува (закани, тужби све со ред, џабе, око не им трепнува)...
Друг случај, точам гориво, чекам фискална, фискална нема... Зошто? Не можеме да ја најдеме, не ја испечатил фискалниот апарат, незнаеме зошто бла бла бла, може да ти даеме друга фискална, за скенирање ти е????
Боже мили сачувај...
По скапана фирма не постои.
никогаш повеќе окта, и ќе ги кудам додека сум жив...