Најгрдиот објект во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најгрдиот објект во Скопје ?


  • Вкупно гласачи
    138
  • Гласањето е завршено на .
Сан Марко до плоштад Македонија
31982986.jpg


48DD473A4FB99A49AB6D21CE1B86B7E2.jpg

Сан Марко супер изгледа ама кога ќе ја кренат тука катната гаража и градската куќа во барок стил тоа ќе биде после трагедија од стилови.
Според мене:
УКИМ
Студентскиот
Зградата на НИП
 
Ми текна и нешто друго вака сега со железничкава.
Ѓорче Петров - Скопје Север - Железарница - Централна ЖС = 16 минути со воз.До Лисиче/К.Вода 22, до Драчево 27.
Со оглед на слабата искористеност на железничката мрежа од страна на МЖ и пократкото време на патување, не е лошо да размислат за алтернатива на ЈСП во смисла (при)градска лесна железница.

Сега се зафатени со трамвајот,упорно сакаат да го прогураат,мада и ја мислам како тебе дела лесна железница ЛРТ е подобра варијанта..
--- надополнето: 20 ноември 2011 во 02:26 ---
Според мене:
УКИМ
Студентскиот
Зградата на НИП

НИП за мене сега е бонбона, ја зафарбаа малку ,ја средија и доби малку сјај
 
Од постарите - католичката црква.... сај фај стил....

Од поновиве(2014), ќе чекам да се доизградат .
 
Да ја средија точно ама самиот објект ми боде очи барем мене

getImageThumbnail.axd


Инаку сека ми текна и на Топлификација во Тафталиџе тоа чудо плаче за дислокација
 
Е јебига комунистички објекти, секој период си носи свои карактеристики, а за комунизмот било карактеристично бетонски сивила без никаква естетика. Не е до нас :)

Кога би се чувале овие објекти не верувам дека ваков би бил изгледот. Па македонска телевизија била најголема и најсовремена зграда во бивша Југославија, али негрижата и времето ја гази како и сите други објекти за жал.
 
Само два објекта: УКИМ и МОБ.
УКИМ е како најлош кошмар од лего-коцки, без идеја, расфрлани низ простор.
МОБ како што сум чул, била дизајнирана за во некоја пустина, па на крај ја бапнале во Скопје. Страшно...

За другите немам забелешки, земајќи го обзир временскиот период кога биле градени.

Не знам зашто но мене нова македонија ми е една од најубавите објекти во Скопје.
Исто.
 
Само два објекта: УКИМ и МОБ.
УКИМ е како најлош кошмар од лего-коцки, без идеја, расфрлани низ простор.
МОБ како што сум чул, била дизајнирана за во некоја пустина, па на крај ја бапнале во Скопје. Страшно...

За другите немам забелешки, земајќи го обзир временскиот период кога биле градени.

Исто.

Навистина не можам да ги сфатам скалестите делови околу МОБ, која им е смислата на постоењето, освен потрошениот материјал и просор? Ако немале што попаметно да стават, супер би дошло зеленило.... ама ние имаме бетонско недефинирано нешто.
 
Од ова коњов на плоштад има ли нешто погадно????Има,фонтанава поднего

Ти брат сдсм си ?
Иначе од овие набројаниве сите се ок според мене, не сум бил многу во Ск па не знам што не чини:)
 
Ауууууу летово бев работно ангажиран во правниот факултет, па тоа е грдотија невидена,на ништо не личи освен на напуштен објект во чернобил
 
Од постарите објекти:
- УКИМ (доволно бетон вишок за да се изгради уште еден факултет)
- Пошта (афион човече...)
- МОБ (4тата изгубена скокалница од новогодишниот зимски турнир "3 скокалници")

Од поновиве/неодизградени:
- Домот на Мајка Тереза (седнале 3ца архитекти, од 3 земји, заврзале очите и почнале да шкрабаат по листот и ете оваа градба излезе...)
- Капијата (погломазно нешто нема низ градов, тотално непотребно)
 
И Никола Карев го ставија пред собранието, ама џабе.
Уште не им текна да сменат фасада на собранието, и да ги сменат оние глупи распаднати решетки кои одвај стојат на прозорите и од нив тече црнила и катран. :eek:
Макстил, цементарница Усје, стаклара, Алкалоид, Тутунски комбинат, Охис и топлификација Скопје се едни од најгрдите објекти што ги имаме покрај сите овие набројани горе....
 
Оф топик: Да пукне војна сите во коплексот на УКИМ ќе се криете ама битно естетиката е на прво место(y)
 
Ништо не е толку грдо, се си претставува некој период од животот на градот, не може стаклена фасада во 60тите 70тите да има. Ко сега на пример во барок живееме и ќе си остане барокни градби за век и векови :D да се знае во кој период поминал градот.

Иначе за грдоќа куќата на Мајка Тереза па сто места празни
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom