Технологија која ги поместува границите

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Водечките светски технолошки компании, оваа година ги претставија некои од своите изуми кои како да дошле од некој научно фантастичен филм, али се реалност јбг.

Touchscreen реалност

Компанијата " Corning " е специјализирана за производство на стакло за големите Samsung, Dell, Sony и LG. У нивната визија за иднината, човековата секојдневица (секојдневие) ќе биде потполно дигитализирана, а многу од рутинските утрински операции ( како правењето доручек или оставањето на пораки на фрижидерот) ќе бидат обавувани преку " touchscreen" технологија.

Лаптопич на свиткување

Они бејб можат да бидат многу оптеретени ако идете на патување, али технолозите најдоа решение - лаптопи на свиткување.

Телефони на свиткување

Развојот на смартфоните секоја година ги поместува границите. Лудата и единствена NOKIA, благодарение на нанотехнологијата рзви концепт на свитлив телефон кој ги менува функциите со вртењето на уредот.

Холограмите на Мајкрософт

Ѕвездени патеки ин риалити. Мајкрософт го претстави својот " HoloDesk " прототип, кој може да служи и за жонглирање, али и за озбилни ствари како шо е запознавање на законите на физиката ( поздрав до мојата несакана професорка по физика) и човековото тело.

Игрите како стварност

Компанијата " Janimation " ќе ја претстави ( ми се чини у мај) најнапредната графика за една видео игра. Тешко е да поверувате дека ликот кој се појавува на почетокот на играта не е право вистинско биче :D човек де, туку компјутерска анимација

П.с Изгледајте ги видеата оти се неверојатни. Ајт
 
Јако. Само којзнае Македонија кога ќе ги види овие чуда.
 
Ова беше за очекување, во последниве години значително се разви науката за материјали, што е директно поврзано со развојот на технологијата. Речиси 80% од докторските и магистерските трудови во природните и техничките науки се поврзани со изнаоѓање на нови материјали, структури, односно молекули кои можат да се користат во технологијата, како и нивно оптимизирање. Интересно е тоа што останува уште мноогу простор за истражување и подобрување на својствата, така да технологијата несомнено ќе се развива со уште поголем интензитет во иднина.
 
тешко да се оствари во догледно време поради светска финасиска криза така да во западните земји нема да се оствари за едно 10-30 години а камоли во македонија за 50 години,можеби ќе има само во јапонија во догледно време,како и да е многу се интересни клиповиве само ќе ни биде досадни животот;)
 
Дури имаше и неколку научници што добијаа Нобелови награди за откривање на такви материјали, како што е графенот.
Овој материјал сега е екстремно скап, но кога за неколку години ќе пронајдат начин за негово ефтино производство ќе следи вистинска технолошка револуција.
Материјалите слични на графенот по својства комплетно ќе го сменат светот во кој живееме.
Тие се многу лесно, цврсти, отпорни на големи температури и во разни комбинации можат да бидат изолатори полупроводници и сл.
Замислете ги авионите и вселенските бродови изработени од вакви материјали. Далеку полесни од денешните летала што значи огромна заштеда на гориво, отпорни на топлина, што ќе им овозможи да постигнат огромни брзини, а сето по многу ниска цена...
Монитори кои би биле скоро дводимензионални... само ширина и должина.... длабочината воопшто не би се забележувала со голо око - потенки од лист хартија и како примерот погоре, ќе може да се виткаат ако е потребно, издржливи на удари и сл.
Со помош на ова и ова... денешните најмоќни компјутери би изгледале како дигитрони во споредба на тоа што ќе следи.
Огромната заштеда на енергија е една од најдобрите карактеристики на материјалите на иднината (многу блиска иднина).
Но и сето тоа би било непотребно кога за брзо време ќе бидат направени и првите реактори на фузија за производство на ел. енергија.
Со употребата на моќни батерии нафтата ќе стане бескорисна.

Али добро... забегав.... овде се зборува за технологија што ги поместува границите, а не за технологија што ги преминува истите. :)
--- надополнето: 19 ноември 2011 во 15:14 ---
тешко да се оствари во догледно време поради светска финасиска криза така да во западните земји нема да се оствари за едно 10-30 години а камоли во македонија за 50 години,можеби ќе има само во јапонија во догледно време,како и да е многу се интересни клиповиве само ќе ни биде досадни животот;)
Во време на голема криза, едни од најпрофитабилните компании (кои дури и рушеа рекорди) беа токму тие од информатичката технологија.
 
Ова беше за очекување, во последниве години значително се разви науката за материјали, што е директно поврзано со развојот на технологијата. Речиси 80% од докторските и магистерските трудови во природните и техничките науки се поврзани со изнаоѓање на нови материјали, структури, односно молекули кои можат да се користат во технологијата, како и нивно оптимизирање. Интересно е тоа што останува уште мноогу простор за истражување и подобрување на својствата, така да технологијата несомнено ќе се развива со уште поголем интензитет во иднина.
80% од овие нови пронајдоци се заклучени во фиоките на креаторите и манипулаторите со светската економија,технологија и развој,се додека не направат истите пронајдоци да функционираат на начин на којшто дебело ќе ни го наплатуваат нивното користење,се дотогаш ќе останат заклучени во нивните фиоки,поздрав!
 
Touchscreen реалност

Компанијата " Corning " е специјализирана за производство на стакло за големите Samsung, Dell, Sony и LG. У нивната визија за иднината, човековата секојдневица (секојдневие) ќе биде потполно дигитализирана, а многу од рутинските утрински операции ( како правењето доручек или оставањето на пораки на фрижидерот) ќе бидат обавувани преку " touchscreen" технологија.

О Господе,душата би си ја продал да живеам на вакво место,само знам дека ни тоа нема да биде доволно. хах
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom