Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Македонскиот каратист Дејан Недев го освои првото место во дисциплината борби на Европското првенство во Израел и со тоа се закити со титулата европски шампион.
Одличната недела за македонското карате, по златните медали за Наташа Илиевска и Мартин Несторовски, ја надополни Дејан Недев. Тој на Европското првенство во карате, кое се одржа во Ерусалим, Израел, го освои првото место во дисциплината борби. Со тоа нашиот каратист стана европски шампион во таа категорија.
Овој голем успех на Недев само го надополни одличниот настап на македонските каратисти на ЕП во Ерусалим, каде вицешампиони на Европа во екипна конкуренција во „кумите“ станаа Дејан Недев, Аљоша Недев, Матеј Ангеловски и Кристијан Кајчевски, а до бронзените медали во дисциплината „енбу“ стигнаа Аљоша Недев и Даниел Димитровски.
Македонските јуниори исто така беа успешни во Израел, од каде со сребрени медали се враќаат Матеј Ангеловски и Ернест Никочевиќ, кои се натпреваруваа во дисциплината „енбу“. Ангелковски се закити со уште еден медал, бронзениот во поединечна категорија (фукуго).
Инаку, Македонија на ова ЕП беше една од најуспешните селекции во конкуренција на 236 каратисти од 22 европски земји.
Курир
БРАВО! Секоја чест! Уште еден успех!
Само нека се редат успеси! ЕВРОПСКИ ШАМПИОН!