Вистината за ЕУ која се премолчува

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Им се восхитувам на луѓето што мислат дека ќе го преживееме, како држава, светот во кој ЕУ завршува како Југославија. Уште повеќе, на они кои навиваат за тоа.

Иднината на Македонија е врзана за стабилноста на Балканот како регион. Стабилноста на континентална Европа е предуслов за стабилност на Балканот. Едноставно е.
Ако ЕУ не преживее или пак преживее во несоодветна форма, тоа негативно ќе влијае врз стабилноста во Европа, вклучително и Балканот.

Што е планот? Ќе се телепортираме до Нов Зеланд и ќе гледаме како се одмотува храбриот нов мултиполарен свет?

Кога се распадна СФРЈ, кај се телепортиравме ...

Јас барем кажувам зашто ќе се распадне ЕУ, пардон ќе се реформира како што милуваат некои тука да кажат. Ти излегува како ној да си ...

Што па ние во МКД сме криви за ЕУ :toe: .
Ние и така први покажавме знаци на нестабилност, ама ситни сме, па не се осеќа, а и сме навикнати на "транзиција"
 
Jas pak im se voshituvam na ljugeto koi resenieto go gledaat vo toa sto pobrzo da se dade gazot pod kirija so nadez deka gazdite ke bidat dobri i milozlivi.
 
Jas pak im se voshituvam na ljugeto koi resenieto go gledaat vo toa sto pobrzo da se dade gazot pod kirija so nadez deka gazdite ke bidat dobri i milozlivi.

Добро, ние сме познати сеирџии, на комшијата да му умре козата, не е битно што ние две ќе изгубиме. :D

Франција сега што гори, божем од нас зависи, ко ние да сме виновни, а не социјализмот и бесплатниот мед и млеко.
А пред 2-3 години кога пишувавме ЕУ тоне и поради кои причини се исмејуваа. Дали не сакаа да им се расипе сонот или нивните анализи се поточни :toe:
 
Кога се распадна СФРЈ, кај се телепортиравме ...

Јас барем кажувам зашто ќе се распадне ЕУ, пардон ќе се реформира како што милуваат некои тука да кажат. Ти излегува како ној да си ...

Што па ние во МКД сме криви за ЕУ :toe: .
Ние и така први покажавме знаци на нестабилност, ама ситни сме, па не се осеќа, а и сме навикнати на "транзиција"

Абе ко се распаѓаше СФРЈ го имавме Киро Глигоров, сега што имаме :pos:
 
Абе ко се распаѓаше СФРЈ го имавме Киро Глигоров, сега што имаме :pos:
A deka go imavme nego sto?[DOUBLEPOST=1545170958][/DOUBLEPOST]
Добро, ние сме познати сеирџии, на комшијата да му умре козата, не е битно што ние две ќе изгубиме. :D

Франција сега што гори, божем од нас зависи, ко ние да сме виновни, а не социјализмот и бесплатниот мед и млеко.
А пред 2-3 години кога пишувавме ЕУ тоне и поради кои причини се исмејуваа. Дали не сакаа да им се расипе сонот или нивните анализи се поточни :toe:
Taka ne vispituvale pa skoro od nezavisnosta pa do sega. Trevata vo drugiot dvor e sekogas pozelena.
 
Абе ко се распаѓаше СФРЈ го имавме Киро Глигоров, сега што имаме :pos:

Де па ти ако толку го величиш Кирета и ти фали, ич да не се секираш. Внука му си ја имаме и супер ја тера .... водата на нејзината воденица :pipi:
 
Де па ти ако толку го величиш Кирета и ти фали, ич да не се секираш. Внука му си ја имаме и супер ја тера .... водата на нејзината воденица :pipi:

Со шо е позната внука му :)

Ајде дневна доза информации

https://www.mkd.mk/svet/analizi/politiko-kraj-na-evropa-vakva-kakva-shto-ja-znaeme-no-sje-e-vo-red
Политико: Крај на Европа ваква каква што ја знаеме, но сѐ е во ред
Во анализата се истакнува дека иако Европа имаше „ужасна година“ таа ја преживеа помалку или повеќе нечепната. Имајќи ги предвид неволите во Европа, луѓето се изненадувачки оптимистични, а анкетите укажуваат дека тие ја поддржуваат Унијата најмногу во периодот на оваа генерација, додека еврото е на рекордно високо ниво.

Парадоксално е тоа што, истакнува Политико, на сите им се чини дека Европа е постојано на прагот на катастрофа, но таа никако да се случи.

Низ целиот континент (со одделни исклучоци), возовите пристигнуваат на време, здравството и образовните системи се достапни и во добра состојба, правосудството е фер, а градовите се безбедни.

Економијата, иако „растегната“, и понатаму расте, а невработеноста на ниво на Европската Унија е на најниско ниво од 2000 година, иако е жежок проблем во одделни земји.

Европа успеа да се избори за трговски договори со Канада, иако таквите договори, како што се наведува, се „под опсада“.

„Иако е лесно да се окарактеризира Европа како место каде што ништо вистински не функционира (Грција, брегзитот, емиграциите, Жан Клод Јункер), некако повеќето нешта сепак функционираат“, наведува Политико, додавајќи дека дури и повеќето популисти се откажаа од идејата да ја напуштат ЕУ.

Лесно е да се обвинат медиумите за лошата репутација на Европа, но вистинските виновници се нејзините политички лидери, се истакнува во текстот. Почнувајќи со кризата на еврото, политичарите ја искористија заканата од европската пропаст како „вербален пендрек“.

„Ако пропадне еврото ќе пропадне и Европа“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во 2010 година кога се обидуваше да добие поддршка за својата спасувачка стратегија.

Европскиот комесар за економски и финансиски прашања Пјер Московиси изјави во 2016 година дека Европа мора да се промени или „ризикува да умре“.

Германскиот комесар Гинтер Етингер во септември кажа дека Европа е во „смртна опасност“, додека се обидуваше да обезбеди поддршка за својот нацрт буџет.

Постои опасност овие нивни предвидувања сепак да се остварат. Не минува ни една недела без некој голем предизвик за иднината на Европа. Неодамнешната одлука на Меркел да се повлече од челото на нејзината партија доведе до нови драматични претскажувања.

Медиумите предупредија дека нејзиното скоро заминување не претставува само значаен предизвик за ЕУ, туку дека тоа би можело да има „кобни последици“. Гардијан напиша дека можеби станува збор за најголемиот предизвик за Европа од 1930-тите години.

Последната во низата драми за ЕУ се протестите на француските „Жолти елеци“. Постои загриженост дека револуцијата би можела да ја запали Европа, наведува Политико.

Германците се вознемирени поради одговорот на францускиот претседател Емануел Макрон, особено поради неговата одлука со трошење повеќе државни пари да ги смири демонстрантите – како целиот континент да ќе се урне ако Франција (и Италија) го пречекорат целениот буџетски дефицит на ЕУ од три отсто.

Во меѓувреме, европските либерали се собираат да го спасат францускиот претседател. За некои, тој е „новото евро“.

„Ако падне Макрон ќе падне и Европа“, кажа Хенрик Ендерлајн, истакнатиот германски академик во колумна за Шпигл.

Доколку изминатата деценија на постојани кризи нѐ научи нешто, тоа е дека што и да се случи следно, европската пропаст е најмалку можна.

Меѓутоа, јасно е дека Европа ќе биде поинаква. Со сѐ постара популација и кабеста бирократија, ЕУ можеби нема да стане следниот светски економски мотор. На глобалната сцена Европа нема да биде таа што ќе ги поставува трендовите. Но нејзините граѓани ќе продолжат да ја поддржуваат, од страв што може да се случи доколку повеќе ја нема, заклучува Политико.
 
Македонија нема да се зачлени во ЕУ или Нато. Следните изборни циклуси во Македонија ќе бидат неуспешни и ќе биде последен обид да се легализираат сите незаконитости, корупции , .... , но и неуспешниот реферндум од политичари, кои во партиска програма ЕУ и Нато не го вадат од уста. Со бојкот, нема да може да се спроведе уцена, ниеден криминал, корупија или нелегален договор. Сигурно ќе го надминеме рекордот од Белгија ( држава која ќе нема влада долг период). Вака , без испукан куршум, никогаш нема да се спроведат наметнатите решенија од ЕУ, Нато, предлози за додавки на уставното име, ... итн. Ни предстои времески период од луѓе со амбиции, кои ќе го воспостават ново државно уредување со нови програми (според мене, во програмската определба би треба да сме за: воена неутралност и отвореност кон мултиполарниот свет). Сигурно ни предстои промената на генерации политичари за кои ЕУ или Нато беа единствен избор.Тој " единствен избор" не помина на реферемдум, зајде со својот максимум и не стана колективна вредност.
Според мое мислење на ЕУ, ќе гледаме реприза реприза на распад на Југославија од самите внатре , но и од интересите на западно од ЕУ ( со колонизаторски ген)+ влијанието од мултиполарниот свет. Најспособните со пари ќе ги земат, конкуренцијата од ЕУ ќе ја уништат, профитабилното ќе го купат , а народот ќе си пати и уништува.

:confused::confused::confused:

Се помачив, ама некоја кохерентна мисла не успеав да најдам во овој текст.
 
Да беше друг на негово место, сигурен сум дека подобро ќе поминевме.
Имало нападна касарната во Велес со подметнат експлозив и припрема на други акции против ЈНА, за кои откако беа уапсени од полицијата, ВМРо на Љубчо отворено засана да ди брани уапсените.

Е сега да не беше Киро него некој од на Љубчо партијата сигурно така без војна со ЈНА ќе се осамостоевме?

После произлегува аферата Сина Птица во која Љубчо тврди дека власта ја организирала паравојската со цел да го компромитира ВМРО.

Афера „Сина птица“
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom