S
Sagan
Гостин
(Ризикувам да бидам прогласен за лудак
)
За време на т.н. Студена војна, засолништата од нуклеарно зрачење беа градени во секоја држава. Во 1961 година, амерскиот претседател Кенеди јавно ги повика америте употребата на овие засолништа да ја сфатат сериозно, а при крајот на истата година од неговиот заменик америте беа известени за проектот за градење на мрежа од тунели со заштитни ѕидови, кои би можеле да спасат милиони амери.
Во тој период, Швајцарците имале најразвиен систем за заштита од евентуална нуклеарна војна. Секоја владина зграда, училиште и станбен објект, морал да има засолниште кое може да издржи експлозија од 50 мегатони на близина од 700 метри!
Секое од овие засолништа, морало да има залиха од храна доволна за цела една година, а приватните засолништа најмалку за три недели.
Во Финска, засолниште од нуклеарна експлозија морало да има во секоја зграда поголема од 700 квадрати, додека во Норвешка - поголема од 1000 квадрати.
По завршувањето на Студената војна, конкретно во Швајцарија, овие засолништа биле пренаменети во винарии, теретани и сл., но брзо можат да се преуредат за првобитната намена. Наводно по 2001, повторно на голема врата низ светот се актуелизирала идејата за градење нови засолништа.
Засолништата за заштита од космичко и соларно зрачење, пак, се градат за заштита на луѓето во случај на соларни бури кои кон Земјата би испратиле опасно количество на енергетски честици, или во случај на моментално ослабување на заштитните сфери (наводно, промената на магнетните полови и Џанибековиот ефект на Земјата се такви).
На темава би сакал да подискутираме за тоа како се гради едно вакво засолниште и кои технички помагала мора да ги има. Исто така, дали и каде во Македонија и на Балканот има вакви објекти и дали воопшто се мисли дека некогаш повторно би се користеле (тоа во резерватот Јасен го знам).