Кои се најдобрите македонски актер(к)и?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Темава ја отварам затоа што лично сметам дека има навистина многу талентирани актери и актерки во Македонија, за некои од нив воопшто и не знаеме, затоа што не им се отстапува премногу медиумски простор. Па затоа темава може да служи и за промоција на нови млади талентирани актери и актерки.

Според вас, кој е најдобар актер во Македонија? Која е најдобра актерка?
И која улога (без разлика дали е театарска, филмска улога или улога во тв-серија) ви оставила добар впечаток по кој сте го/ја запамтиле актерот/ката?
 
Никола Ристановски!

nikola-ristanovski-4_.jpg


Во...па во скоро секој филм, каде што бил актер.

Актеркиве? Освен лепотици што има, друго не ми е нешто талентирано добро...
 
Џумерко во нарација ваква :icon_lol:.

 
Мој избор на актери и актерки
Никола Ристановски,Ѓорѓи Јолевски ,Дејан Лилиќ

Сашка Димитровска и мислам дека се викаше Синоличка ама не и паметам презиме
 
Еден и единствен газда во Македонија и пошироко, како му лежеа улогите на газда, дали е Господ, дали е царот на ѓаолите, или царот на земјата
images.jpg
 
Петре Прличко отсекогаш бил урнек за тоа како треба.

Од живите... Милчо Манчевски во едно негово интервју многу го имаше испофалено Борче Нацев (Сенки).
 
Ненад Стојановски е еден од најдобрите македонски актери.
Одлични се и Мето Јовановски, Владо Јовановски, Кирил Поп Христов, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Синоличка Трпковска
 
Ванчо Петрушевски-РАМЧЕ,Гоце Тодоровски,Ѓорѓи Колозов и се разбира најзакон Петре Прличко и тој како се викаше што играше улогата како чорбаџијата Теодос
 
Марко Ковачевиќ, страшен талент. Мислам дека има уште еден филм со него, незнам дали е македонски актер (по презимето) но детево е многу надежно(y)
 
Ванчо Петрушевски-РАМЧЕ,Гоце Тодоровски,Ѓорѓи Колозов и се разбира најзакон Петре Прличко и тој како се викаше што играше улогата како чорбаџијата Теодос

Мислам дека е Тодорче Николовски
 
Васил Зафирчев. Човекот на сцена е брилијантен.
Исто и за Мето Јовановски, да ти е мило да гледаш како се претопува во карактерот.
Од женскиве не можам да одвојам некоја посебно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom