S
Shellshock nam67
Гостин
Министерството за здравство подготвува измени на Законот за здравствено осигурување, кои ќе предвидат казна затвор од 6 месци до 3 години за матичниот лекар што дал лажно боледување
Здравствените власти најавија строги контроли за издадените боледувања, за да ги спречат злоупотребите. Министерството за здравство подготвува и измени на Законот за здравствено осигурување, кои ќе предвидат казна затвор од 6 месци до 3 години за матичниот лекар што дал лажно боледување, а во законот веќе е предвидена една година затвор за пациентот што симулирал болест. И работодавците ќе имаат обврска да имаат комисија која ќе ги проверува боледувањата, како и обврска да го известат Министерството ако вработениот остане на боледување подолго од 21 ден.
"Пациентите што континуирано користат боледување шест месеци, веднаш ќе бидат пратени пред Комисијата за инвалидски пензии", рече министерот за здравство Никола Тодоров.
Анализите на Фондот за здравствено осигурување покажале дека бројот на боледувања за четири години е двојно зголемен, односно во 2007 година имало 10.000 боледувања, а во 2010 година 22.000.
Јавната администрација користи многу повеќе боледувања од вработените во приватниот сектор, односно на 1.000 вработени, од јавната администрација користат боледување 14 лица, а во приватниот сектор на боледување одат 11 луѓе.
"Вработените во јавната администрација во одредени региони боледувањата ги користат за да работат на нива. Злоупотреби има на сите нивоа. Затоа правиме нов правилник за бројот на денови за боледување според дијагнозата", рече Маја Парнарџиева - Змјекова, директор на Фондот за здравствено осигурување.
Споредено со другите земји каде што најголем број боледувања отпаѓа на популација постара од 60 години, во Македонија најмногу боледувања, дури 30 отсто, користат млади луѓе на возраст од 25 до 35 години. Во 2007 година за боледувања се исплатени милијарда и 100 милиони денари, а во 2010 две милијарди и 400 милиони денари.
(Е.А.)
red e da se stavi kraj na zloupotrebite,