Грчката митологија

  • Креатор на темата Креатор на темата kLiNkA
  • Време на започнување Време на започнување

kLiNkA

Ponosna Hrvatica
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.116
Поени од реакции
5
Возраст
34
Ај ако има некој нешто за митологијата, нека го испостира на темава (ќе ми треба за проект)... а можете и да кажете колку знаете за митологијата во античка Грција!
 
Митови за грчките херои ХЕРКУЛЕС
многуте приказни за старите Грци се зборува за митови за полубогови, кои грците ги викале херои. На нив им е препишувана натприродан физичка сила, или особена интелехенција и снаодливост. тие убивале чудовишта, диви зверови и разбојници кои сметале на обичните грагани. Грците највеке зборувале за Херкул кој бил вистинсни народен херој
За време на лутањето до кавказ до шпанија ја срушил прегардата што го довојувало Средоземното море од Атланскиот океан, дел од камењата ги фрлил на Шпанската страна а другиот на афричка страна. Така настанал денешниот Гибралтарски пролаз, кои грците ги викале Херкулови столбови.
Во Либија Херкул се сретанал со позантиот Антеј, според легендите син на Посејдон, бог на Морето и Гиа богиња на земјата и така ја добивал својата снага и станал непобедлив. Ама и Антеј имал слаба страна- тоа било опасно да биде отргнат од мајка му земја. Баш тоа и го искорситил и Херкул во борбата со антеј, го отргнал од Земја и го задавил. После многу подвизи Зевс го однел Херакле на небото и го направил Бог.​
 
по грчката митологија и сто по викинската(германската) сум голем манијак иам доста книги и ги иам доста пати прочитано


бтв астерикс геа е божица на земјата или можеби на различни места различно ја викале

поради големата популарност на херкулес и затоа имало многу млади луге кој сакале да бидат како него на пример Тезеј син на кралот на атина егеј бил исто така голем херој тој пораснал само со мајка му и дедо му кој исто така бил крал (не ми текнува каде) и кога доволно пораснал мајкаму го донесла пред храмот на посејдон таму имало голем камен под кој се наоггал мечот со позлатена рачка и така мајака му раскажала за тоа кој бил татко му и тој тргнал во атина по патот убил многу разбојници итн. кога стигнал во атина таму се запознал со татко му (малку скратив) и дознал за данокот во крв каде требало 7 момци и 7 девојки да бидат испратени во крит и дадени на минотаурот тезеј отишол со 7 момци и девојки таму со помош од керката на минос (кралот на крит) го убил минотаурот и ги спасил младите атињани
 
Грчка митологија

Старите Грци биле пагани, т.е многубошци, верувале во 12 богови.
Икор - течност наместо крв што тече низ вените на боговите.
амброзија - вид печурка со која се хранеле боговите
нектар - напивка на боговите која дава безсмртност
нимфи - млади, убави девојки кои живеат во шумите
сирена - натприродно суштество, горниот дел од телото е во вид на жена, а долниот во вид на птица
сатири - натприродни суштества, што живеат во шумите, имаат лице на човек, тело прекриено со влакна, четири нозе и на главата две рокчиња
кентаври - натприродни суштества со лице и гради на човек и со четири коњски копита
Полубогови:
Прометеј, Ахил, Херкул, Пандора...
 
Еве неколку од боговите (што може моментално да ми текне)

зевс - бог на грмотевицата и врховен бог
посејдон - бог на морето и брат на зевс
Хадес - бог на подземјето и брат на зевс
Хера - божица на земјата и небото жена на зевс
Атина палада - божица на мудроста керка на зевс и метис
Афродита - божица на убавината
Арес -бог на војната син на зевс и хера
Хермес - гласникот бог
Хефест - бог на ковањето син на зевс и хера
Аполон - син на зевс и лета бог на сонцето и поезијата
Артемида - божица на ловот керка на зевс и лета
Деметра - божица на земјата
Дионис - бог на виното син на зевс и семела
Хелиос - бог на сонцето т.е. самото сонце
Геа - божица на земјата т.е. самата земја
Персепона - керка на деметра и зевс кралица на подземјето (жена на хадес)

и не ми текнува понатака
 
Во почетокот, за време на родовските односи, грчката религија се состоела во обожавањето на природните појави (животните, земјата, дрвата...). По распаѓањето, во Хомеровото време оваа религија била заменета со верувањето во боговите. Грчката митологија се состои од легенди (митови) за боговите и хероите (од тука е и називот - митологија), а коренот и е нормално во верувањето на старите Грци. Грчките богови изгледале како луѓе, имале доблести и мани како луѓе, се разликувале по тоа што биле бесмртни, помалку – повеќе неранливи и способни да станат невидливи и да патуваат со брзина на светлината, а живееле на Олимп. Грчката митологија сигурно имала влијание на сите останати митологии.

Настанувањето на светот:
По грчкиот мит, во почетокот небото и земјата биле измешани и владеел хаос. Потоа од хаосот се издвоиле богињата Геја- земјата и Уран- небото. Тие двајца ги изродиле останатите богови – титаните. Меѓутоа, Уран плашејќи се некој од децата да не му ја преземе власта ги затворил титаните под земја. Меѓутоа еден бог- Хронос (време) успеал да излезе од провалијата и да ги ослободи останатите браќа и сестри. Тогаш, како што се и плашел уран, Хронос ја одземал власта на татко си и станал господар на светот. Меѓутоа Хронос го стекнала истата судбина како и неговиот татко, бидејќи бил симнат од страна на неговиот помлад син- Зевс.
Настанувањето на луѓето:
Во почетокот Грците мислеле дека луѓето никнале од земјата како билки, меѓутоа со времето тоа верување е отфрлено и се мислело дека титанот Прометеј од глина направил човек, а Атина му вдахнала душа. Прометеј ги штител луѓето, им помагал и ги учел. Од Аполон го украл огнот и им го дал на луѓето, потоа фатил див бик и им го дал на луѓето да го впрегнат, ги научил како да вадат руда. Поради сето ова Зевс се налутил и било наредено Прометеј да биде окован со железни синџири и на Кавказ тој бил прикован за една карпа каде што секој ден слетувал орел кој му го клукал црниот дроб. Прометел долго висел вака додека не бил ослободен од Херкулес.
Херои:
Во грчката митологија се споменуваат и полубогови, кои се нарекуваат херои. Тие имаат надчовечна сила, памет и снаодливост. Обично биле заштитници на луѓето, убивале чудовишта и разбојници. Најпознати грчки херои биле Херкулес, Тезеј, Јазон.
Во грчката митологија постоеле грчки божества, музи, нимфи, херои, титани...

Грчки богови:
-Зевс, Хера, Посејдон, Афродита, Дионис, Аполон, Хермес, Деметра, Атина, Арес, Хастија, Артемида, Аполо, Аластор, Калипсо, Еол, Хад, Херкулес, Ирис, Мојра, Морфеус, Немесис, Нике, Пан, Тетис, Тритон, Хеба, Хефајс, Хестија...

 
Грчки Музи:
Музите се ќерки на врховниот бог Зевс и Мнемосина, богиња на поезијата, уметноста и науката. Ги има девет, а нивните имиња и атрибути се:
-Талија (Θάλεια ) –муза на комедијата
- Уранија (Ούρανια )- муза на астрономијата
-Мелпомена (Μελπομένη )- муза на трагедијата
-Полихимнија (Πολύμνια )- муза на религиските и озбилните поезии
-Ерато (Έρατώ )- муза на љубовната лирика
-Калиопа (Καλλιόπη )- муза на епските песни и елегии
-Клио (Κλειώ )- муза на музичките уметности
-Еутерпа (Ευτέρπη )- муза на музичките вредности
-Терпсихора ( Τερψιχόρη )- муза на играчките вештини и хорското пеење
Постои верување дека кој ќе ги повтори имињата на музите по овој ред не може да погреши, затоа што почетните букви на имињата на музите на латински (по овој ред) го даваат изразот:
Tum Peccet, што значи: “нека греши”, или “тогаш нека греши”.
Нимфи:
Нимфа во грчката митологија е припадничка на многу големиот круг пониски женски божества- духовна природа. Нимфите често се поврзуваат со плодноста, растот (на дрвата) и водата. Не се бесмртни но прилично долго живеат и во принцип се љубезни спрема луѓето. Тие се често придружнички на богињите (Артемида), љубовници на боговите (Зевс, Аполон, Посејдон) но и на смртните луѓе (Миној, Сизиф, Одисеј).
Во Италија постоеле потомци на домаќните божества, брзината и водата (нарекувани Пимфе) кои се многу слични со грчките нимфи.
Исто така се забележителни паралелите со словенските вили.
--Класификација на нимфите:
Врстите на нимфите се разликуваат спрема различните подрачја на природа за која се поврзани, и тоа:
---Земјени нимфи:
*Алсеиде
*Аулониаде
*Дриаде
*Хамадриаде
*Мелијаде
*Јемакиде
*Ореаде
*Напеје
*Епемелијаде
*Хеспериде
---Водени нимфи:
*Океаниде
*Нереиде
*Најаде
*Кринеје
*Лимнаде или Лимнатиде
*Пегеје
*Потамеиде
*Елиономе
*Плејаде
---Останати нимфи:
*Корикијске нимфе
*Музе
*Лампаде
*Сирене
*Хелиаде
*Хијаде
*Ламусидијске нимфи
*Јонске нимфи
*Менаде или Мајнаде
***За поедини нимфи:
-Калисто (најубава”) која била една од придружничките на богињата Артемида во која се заљубил дури и врховниот бог Зевс. Знаејќи дека таа ја чува својата невиност Зевс се претворил во Артемида и ја завел. За да го реши гневот на својата жена Хера, Зевс ја претворил во мечка, но Хера ја открила преварата и ја навела Артемида да случајно ја застрела Калисто. По другата верзија, самата Артемида дознала дека Калисто затруднела, па ја претворила во мечка и ја убила. По третата верзија, Хера ја убила многу покасно, заедно со синот Аркас, кои се родил од врската со Зевс. Калисто и нејзиниот син се поставени на небото, како соѕвездијата Големата и Малата мечка.

-Дафне- нимфа придружничка на богињата Артемида. По две верзии на овој мит таа била ќерка на тесалијанскиот речен бог Пенеј или на јелисејскиот речен бог Ладон. Дафне била љубовница на богот Аполон. Лисап бил син на јелисејскиот крал Оеномај. Младиот принц се заљубил во Дафне, која често со придружничките ловела покрај реката Ладон, но, Дафне не ја интересирале машките. Затоа Лисап извршил превара за да и се приближи. Бидејќи имал долга коса, се преправил во млада л. Облекол женски фустан и се нарекол Оена. Оена всушност било името на неговата сестра. Оена и Дафне станале добри пријателки во честите ловови. Еден ден Дафне со другарките одлучиле да се избањаат. Се зборува дека во Дафне бил заљубен Аполон и дека љубоморниот бог ја навел нимфата да се избања. Лисап се двоумел да се соблече пред нив, затоа што би се открила неговата измама, но Дафне и останатите нимфи сами го соблекле. Кога ја откриле измамата, разбеснетите нимфи го потекнале копјето и го убиле Лисип. Друга верзија на митот ја раскажал римскиот пеач Овидиј во својата Метамотфозама, која приказна ја сместил во Тесалија. Аполон го закачал Ерос (Купидон) говорејќи му дека неговиот лак и стрела е подобро да му ги даде на него (Аполон). Изнервиран поради овие зборови, Ерос го погодил со стрела богот на сонцето и Аполон веднаш се заљубил во Дафне- придружничката на Артемида. Дафне била позната во цела Тесалија по својата убавина, но упорно одбивала многубројни удварачи. Нејзиниот татко Пенеј и дал несакајќи благослов за да не се омажи. Дафне сакала да остане невина, бидејќи била придружничка на Артемида. Аполон ја прогонувал Дафне, а она постојано бегала од него. Овидиј кажува како Дафне била првата девица во која се заљубил Аполон, но таа упорно ги одбивала неговите љубезни зборови и понуди. Знаела дека ако не му ја исполнила доброволно желбата на Аполон, тој ќе ја остварел на сила. Иако таа била одлична тркачка знаела дека брзо ќе се замори, а и Аполон бил побрз од секој смртник. Затоа Дафне го замолила татко си да ја спаси од прогонувањето. Татко и ги слушнал нејзините молби и ја претворил ќерка си во ловор. Аполон стигнал прекасно и му било многу жал, што таа нема да му биде невеста. Затоа одлучил ловоровото дрво да го посвети на себе.

-Сиринкс била нимфа и ловџикаод Аркадија. Како и другите нимфи што сакале лов, таа била придружничка на Артемида;а како и богињата сакала да остане девица. Но нејзината желба била тешка за остварување, посебно кога богот на стадата- Пан се заљубил во неа. Сиринкс пробала да побегне, но кога стигнала на обалата на реката Ладон, не можела да ја премина и паднала во замка. Сиранкс го замолила речниот бог да ја спаси од Пан. Ладон ги услишил нејзините молби и ја претворил во трска. Пан стигнал касно и направил дувачки инструмент од трска, наречена сиринкс, така што земал трски со различни должини и ги споил со смола. Пан со своето свирало го предизвикал Аполон на музички натпревар. Двајцата судии наградата ја доделиле на Аполон, но Мид сметал дека Пан бил подобар. Аполон го казнил Мида така што му поклонил магаречки (или козји) уши.

 
Херои:
Познати херои биле:
Персеј, Феатон, Тезеј, Орфеј, Херкулес, Ахил, Парис, Одисеј...
Херкулес уште како дете ја искажал својата огромна сила задавувајќи змија која му ја пратила Хера.
Хера не го сакала, бидејќи тој бил син на Зевс и смртна жена по име Алкмена. Уште како мал сакал да ја испроба својата сила раширувајќи го Гибралтарскиот пролаз широк 40km. Кога пораснал се оженил со ќерката на Тебанскиот крал и добил три сина. Меѓутоа неговата постојана непријателка Хера му го поматила паметот и тој ја убил жената и децата. Очаен отишол во Делфи каде гледачката Питија му рекла дека мора да исполни 12 задачи за да му биде извинето сето тоа.
Еден од тие задачи бил да убие лав со непробојна кожа како би придобил Амазонка која требало да му даде свој појас, да до доведе чуварот на подземниот свет, триглавото куче Кербера, патувал и со Аргонаути во Колинд, под Кавказ по познатото златно руно.
Сите 12 задачи Херкулес успешно ги завршил и е примен назад на Олимп помеѓу останатите богови.

Ахил. Главниот јунак на Илијада, и воедно најголемиот грчки јунак. Борејќи се со Тројанците изгледал “како пожар во сува борова шума”. Кога судбината му дала да бира наместо долг и неславен, тој се одлучил за краток, но славен живот. Во двобој го убил Хектор, принцот на Троја, затоа што тој, пред тоа, му го убил најдобриот пријател, Патрокле. Гневен, го влечел непријателскиот леш околу ѕидовите на градот низ прашината и се симнал дури тогаш кога пред него не дошол стариот крал Пријам, таткото на Хектор, да го моли за телото на синот.
Пред крајот на војната умрел од отровна стрела која го погодила во петата (неговото единствено ранливо место), а која ја исфрлил Парис, братот на Хектор. Петата била неговото ранливо место затоа што неговата мајка, Тетида спуштајќи го во реката Стикс, за да стане непобедлив, го држела за петата.
Дури и денеска се користи изразот “Ахилова пета” за нечие ранливо место.

Грчки митови

Мит е збор од грчко потекло кое означува легенда, приказна за која не се верува дека е сосем вистинита, а претставува културна градина на некој народ. Грчкит митови се најпознати во светот по тоа што се најразвиени и најбогати меѓу сите митови. Некои од попзнатите грчки митови се:

Прометеј, Персеј, Дедал и Икар, Арахна, Мида, Хијакинт, Тантал, Ниоба, Сизиф и Белорофонт, Орфеј и Еуридика, Митови за Херкулес, Како се родила Атина, Пандора, За потопот и други.

***Грчки богови***

Во Античка Грција берата била многубожечка. Грците верувале дека седиштето на боговите била високата планина Олимп во Тесалија. Нивниот врховен бог бил Зевс. Тој и неговите двајца браќа владееле со светот. Посејдон владеел со морето, Хад со подземјето, а Зевс со небото и Земјата. Зевс се оженил со Хера и со неа имал неколку синови и ќерки. Некои од нив биле богови: Хефајс (бог на ковачкиот занает), Арес (бог на војната) и др. Зевс имал уште жени освен љубоморната Хера. Со Лето имал син Аполон (бог на стерањето, уметноста и прооците) и ќерка Артемида (богиња на природата и заштитница на девиците). Специфично е раѓањето на неговара ќерка Атина (богинка на мудроста), која се родила од неговата глава! Не биле само богињите негови жени, тој сакал и смртници. Кажавме дека една смртна жена му родила син Херкулес кој бил најјакиот и најголемиот човек на светот. Уште едно божество е многу важно. Тоа е Афродита (богињата на љубовта) која се родила од морската пена. Исто така е битен и неговиот син Хермес (бог на измамниците, преварантите, гласниците и патниците). Тој е син на Зевс и Плејаде Маје.

Имало уште многу богови во кои верувале античките Грци, но тие повеќето биле домашни богови. Ваква била Грчката религија, се додека не го примила Христијанството.
 
Emma напиша:
Abe OK biblioteka, jas sakam da si ja KUPAM

мене една (најдобрата)ми е од англија една ја земав од матица и уште една од англија имам и така огромни се книгите

а можам да ти кажам да си купиш од рамстор на 2 кат во книжарата таму има митологии
 
Инаку грчката митологија е многу интересна од секаков аспект ако ја најдам тетратката од ликовно ќе пишам тука некои нивни достигнувања и скулптури, правци во уметноста во тоа време.
 
Emma напиша:
Lele temava...Kolku samo ja sakam grckata mitologija, toa e cudo!!! I mnogu mi e krivo sto znam mnogu malku vo vrska so nea, ako nekoj znae kade mozam da najdam nekoja, ama stvarno dobra kniga so grcka mitologija, ve molam pisete...:pipi:
Абе Тројанската војна односно (Илијадата) многу убава книга ти ја препорачувам:helou: :helou:
 
Eminem напиша:
Абе Тројанската војна односно (Илијадата) многу убава книга ти ја препорачувам:helou: :helou:

Аман бе па и ти, Илијада не да ми е читана... :smir:

Него има ли некој што добро ја познава грчката митологија, и компетентен да ми препрача од кој автор можеби е... Најдобро интерпретирана? :raz: Фала. :smir:
 
Artemida i Akteon

Dlaboko vo sumata se naogala svetata pestera na bozicata na lovot Artemida.Blizu do pesterata mnogu bistra voda vo koja bozicata posle umorniot lov obozavala da se banja.Taka eden den zaedno so svoite samovili koj se grizele za nea zaminala na rekata da se izbinja.Soblekuvajki se od nea poleka vlegla gola da se banja.Nedaleku od rekata lovel mladiot kral Akteon so svojata vojska.Zamoren od lovot se odalecil od svojata vojska i se priblizil do rekata kade sto ja zdogledal preubavata bozica.Ne mozel da go trgne pogledot od nea.Vo toj moment Artemida zabelezala deka ja posmatra i se zgrozila,nejzinata bozeska gordost ne dozvoluvala eden obicen srmtnik da ja zdogleda gola.Go isprskala so voda i mu rekla"Odi sega i kazi mu na cel svet deka si ja zdogledal Artemida gola".Vo toj moment Akteon osetil deka na glavata mu niknuvaat izrastoci a na teloto vlakna.Svaka deka bozicata vo lutina go pretvorila vo elen.Iplasen kako elen pocnal da bega niz sumata kade go fatile negovata vojska.Go ulovile a toj sakal da im kaze deka e nivniot gospodar ali nemozel.I taka go ubile.Akteon e inaku prviot i posleden smrtnik koj ja videl Artemida gola...
 
на општа и компаративна книжевност во прва година ќе се збогатите најмногу со секакви четива во врска со грчката митологија...запишете се, јас сум задоволна;)имате колоквиум за Илијада и Одисеја...Одлично!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom