Прво малку надвор од темата,
што е моментоФ со модераториве у сектор општи муабети? Зошто овој подфорум е тотално у аут, каде се модераториве? На секоја тема се дозволуваат оф топик муабети и вреѓања, скоро секоја тема се уништува и никој не реагира. Другиве подфоруми се држат под контрола и има ред, а овде кога ќе отворам некоја тема ко да сум улетала на друг форум.
А, за девојчево што праша, мислам дека нема потреба да иде на курс за да го научи јазикот, како што сфатив се разбира, но проблем е говорењето Македонски. Ако е за тоа дали некој ќе се смее или не, ич да не му ја мисли, барем за тоа не треба да и е гајле, може и она на зезање да сврти, наместо да се плаши кој како ќе реагира на нејзиниот говор. Еве, доволно е да чита македонски по форумиве, да гледа некој македонски тв канал, да го слуша изговорот и нормално дека на почеток ќе и е потешко, но со самата комуникација со луѓево тука брзо ќе почне и да зборува Македонски.