Курсеви обуки, семинари, надградување на професијата.

  • Креатор на темата Креатор на темата Maus
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 август 2010
Мислења
110
Поени од реакции
14
Барав неколку страници назад, но неможев да најдам ваква тема и мислам дека местото би и било во Образование.
Дали некој располага со информации за курсеви и обуки кои се одржуваат низ Скопје посебно од областа на економијата. Дали постои некоја веб адреса која ги содржи овие настани?
 
еве 2 нови курсеви:нема потреба создавање на нови теми па тука напишав.
Повик за учество во работилници за форум театар и фотографска работилница


Ако сте средношколец/ка од средно училиште од Град Скопје и сакате да бидете дел од креативни работилници кои што ќе се одржуваат во месеците февруари и март, можете да се пријавите до 24-ти јануари.
Како дел од проектот „Советувалиште и едукација за превенција од употреба на дроги помеѓу средношколска популација во град Скопје“ ќе се одржуваат креативни работилници за фотографија и форум театар. За да се пријавите да учествувате на една од работилниците треба да сте ученик/чка во едно од средните училишта во град Скопје и да можете активно да учествувате во работилниците кои ќе се одржуваат во текот на викендите во февруари и март во Младинскиот центар „Сакам да знам“.
Форум театар

Форум театарот е една форма на театарски базирана едукација означува користење на театарот како алатка со која се пренесуваат информации и знаење, се постигнува промена на став и однесување. Театарски базираната едукација е интересен начин за пренос на знаења, но таа е многу повеќе од само забава на публиката. Театарски базирана едукација е спроведена од млади луѓе и е наменета за нивните врсници. Како таква им овозможува на младите да се стават во улогата и на многу едноставен начин им овозможува да се стекнат со знаење. Покрај размената на информации, споделувањето на мислења и искуствата, се дава можност за отворена дебата во однос на темата која се работи. Како резултат на овие работилници, волонтерите ќе подготват сценарио за кратка театарска изведба, која што ќе биде прикажувана во средните училишта.​
Може да се пријавите за учество на работилниците на следниов линк http://goo.gl/wWLlbW
Фотографска работилница

Преку овие работилници ќе се запознаете со основните информации кои што се однесуваат на историјата на фотографијата, како и вештини и техники за фотографирање. Овие работилници ќе имаат за цел да ги научат младите како да ја користат фотографијата како медиум и алатка за пренесување на информации. Волонтерите кои што ќе учествуваат на овие работилници, своите фотографии кои што ќе бидат производ на овие работилници ќе ги изложат на изложба која што ќе биде организирана како дел на овој проект.​
Може да се пријавите за учество на работилниците на следниов линк http://goo.gl/uFHj4D
 
Последна понуда за обуката „Финансиско моделирање во Excel“

http://educorner.mk/?page_id=227

xd9d.jpg
 
Или бесплатни курсеви на coursera.org, за кои се добива и сертификат, доколу успешно ги поминеш :)
 
Финансиско моделирање во Excel

Практични примери базирани на познати теоретски концепти од областа на финансиите, банкарството и пазарот на капитал
Обуката ќе се одржи на 22 и 23 февруари (сабота и недела) со почеток во 10 часот

Повеќе информации на: http://educorner.mk/?page_id=227

8eed.jpg
 
Финансиско моделирање во Excel

Практични примери базирани на познати теоретски концепти од областа на финансиите, банкарството и пазарот на капитал

Обуката ќе се одржи на 22 и 23 февруари (сабота и недела) со почеток во 10 часот

Повеќе информации на: http://educorner.mk/?page_id=227
vxbb.jpg
 
http://www.FINanceacademy.mk
www.FINanceacademy.mk

Нуди кариерно советување за еконмисти.. обуката би требало да почне од 24 фебруари јас можеби ќе одам.. кошта 6000 денари.

исто така тоефл и гмат
 
Побарај на фб има ''обуки стопанска комора на Македонија'' тие често споделуваат разни обуки.
Имаш помали сметководствени бироа кои нудат обуки(Нова, Контопрофит на пример)
Мотива едукација и Ева тренинг центар имаат обуки често.
 
Некој искуство од курсевите на Семос или Александрија? Размислувам за земање на курсевите за Илустратор и Фотошоп.
Работам како фриленсер на фиверр и други сајтови, и работам 90% на Илустратор..
Илустратор го познавам добро, но не сум сигурен дека ќе се надоградам на Семос или Александрија, додека Фотошоп ми треба обука.
Има некој да сподели искуство? Дали има подобрување после земањето на тие курсеви, дали дипломата може да помогне за наоѓање на работа?
 
Некој да не го има полагано сертификатот на Семос за Проектен менаџмент?
 
Дечки едно прашање.Дали има некој кој завршил некој курс во работнички универзитет КОЧО РАЦИН ми требаат информации за курсевите по Сметковотство и за Масери. Ме интересира и колку и како се плаќа ако има некој кој знае нека пише
 
Мене ме интересира дали некој знае каде можам да полагам за лиценца за управување со градежни машини, глеам по нет има еден куп фирми но никој не одговара ниту на меил ниту на телефон. Сакам да научам практично не само теорија
 
Има ли некој што знае дали курсевите/сертификатите од Работнички универзитет Кочо Рацин се признаени/валидни во странство[DOUBLEPOST=1559397073][/DOUBLEPOST]Може и одговор на претходното прашање
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom