Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Според составов очекувам да има многу голови :)
Глеав нешто за Клоп вчера и како од 2017 Април не изгубиле Ливерпул на Енфилд, вика домашен терен мора да биде како тврдина, лесни поени да се освојуваат. Фали кај нас тоа долго време ...
 
Според составов очекувам да има многу голови :)
Глеав нешто за Клоп вчера и како од 2017 Април не изгубиле Ливерпул на Енфилд, вика домашен терен мора да биде како тврдина, лесни поени да се освојуваат. Фали кај нас тоа долго време ...
Ќе има голови ама во која мрежа? :D
 
Прво пол перфекција. Нека си го запамти составов у букмаркс за сите наредни дома кога ќе играме, пошто од крила се врши дупли притисок, и средина со Хамес АТМ, глава не кренаа гостиве. Не знаат од каде да се бранат попрво. Кога идеме само преку крила сме прочитани и бутаат сите тима по двајца на одбрана од крила. А тоа 4-4-2 со два шпица па да не праам муабет, се гуши цел напад, со по 6/7 души се бранат околу шеснаестерец и оди изиграј нешто, нека пројде топка таму .
Вака е најбоље ко денес со Хамес АТМ
 
Овој Вини се испозаеба...сега нека израмнат во продолжение..

Напишав пред некое време за него. Лани почна одлично, и стварно верував дека оваа година ќе е негова.
За играч од нападот, толку да е лимитиран во самата завршница, никако неможам да поверувам.
Мислам дури и Варан да го оставеа на оние 4-5 шанси зицери што ги имаше сезонава, ќе ги конвертираше.
Од друга страна добива огромна подршка од Зидан и цела управа. Се се надевам дека ќе "експлодира" , ама се некако ми изгледа дека го добиваме новиот Робињо.
 
Ако продужат до крај на сезона со ваква форма Себаљос, Одегард и Кубо, за догодина ќе немора да се пазари у средина (едино ако се дог Ериксен за гага). И алл ин на Мбапе или некој екстра играч у одбрана
 
За во ЛЕ добри ќе се?
Кубо? Кај игра тој?

Па средина со Крос/Себаљос, Кашемиро, Кубо/Хамес/Одегард (Ериксен) незнам шо нечини тука...
Глеам Пул освои ЛШ, преклани финале ЛШ а и годинава ќе издоминира ПЛ со Хендерсон, Вајналдум, Чембрлен, Фабињо (кај нас бек што го пробавме) Милнер (незнам дали уште им игра последниов, али пали гаси им беше неколку години :)
 
3697BC76-B1AA-4F53-B224-FA23BB940907.jpeg

13та повреда Марсело 10тина дена аут, оваа можеби во одлично време да го видиме Менди со потешки противници.

Следува можеби и најтешкиот период во сезоната со оглед на противниците, па да видиме до каде е тимот. Позајмените играчи ко и секоја сезона растураат, Одегард алфа и омега во сосиедад, еден од подобрите играчи првите 4 кола во лигата
 
70393122_2741217982575649_3973656613583060992_n.png


Ми се свиѓа поставава, се надевам ќе се покажат во право светло..
 
До кога бе со Васкез и Винисиус? Дај му шанса на Родриго, може знае нешто повеќе од овие преварите.
 
Брејј јаки овие ПСЖ, или Реал до толку слаби :)
Него вториот гол не требаше да го поништи, а боље ќе беше и уопште да не иде Васкез накај топката Бенз ја стигаше, али тоа е...
Сеа со Севиља у гости ќе видиме дал го бива тимов за нешто посериозно или не
 
Не го бива.

На крај и Зидан ќе лета, иако не е тој крив за ова. Исто ко што не беше ни Лопетеги крив. Туку клубот, кој 19 пати ја смени насоката у која сака да се движи и за овие 2-3 лета го уништи сето добро сработено претходно.

Талентите ги расшитка. Двајца шампиони си заминаа а нивни директни замени се двјаца супер преценети играчи од Челзи. Не успеаа да ги продадат незадоволните играчи од клубот и оние кои веќе ретко може да придонесат како порано.

Од грешка во грешка до тотално фијаско.

Сега ќе треба уште подолго време да се врати тимот кај што беше, оти сега веќе другите клубови не се зад нас, туку не претицаа во поглед на атрактивност на привлекување играчи.
 
Не го бива.

На крај и Зидан ќе лета, иако не е тој крив за ова. Исто ко што не беше ни Лопетеги крив. Туку клубот, кој 19 пати ја смени насоката у која сака да се движи и за овие 2-3 лета го уништи сето добро сработено претходно.

Талентите ги расшитка. Двајца шампиони си заминаа а нивни директни замени се двјаца супер преценети играчи од Челзи. Не успеаа да ги продадат незадоволните играчи од клубот и оние кои веќе ретко може да придонесат како порано.

Од грешка во грешка до тотално фијаско.

Сега ќе треба уште подолго време да се врати тимот кај што беше, оти сега веќе другите клубови не се зад нас, туку не претицаа во поглед на атрактивност на привлекување играчи.
Ако испадне катастрофална сезонава, а по до сега прикажано изгледа дека ќе испадне, не знам дали нема да може да се каже дека Зидан е крив.
Прашањето е колку кредит има во Реал и дали ќе му судат одма после првата сезона. Зашто реално од страна на клубот има комплетно отворени раце за што сака да прави.
Единствената и најголема грешка на него според мене му е што премногу доверба имаше во играчите што му го донесоа претходниот успех (што е и оправдано) и што мислеше дека има уште фудбал во нив и дека ќе може да им ја врати старата форма.
И иронијата е што освен на Бензема, сите други играчи се пропаднати. Трансфер рокот помина, во јануари не ми се верува дека ќе има слободни играчи за да ја исправи работата и ќе треба да се чека до следно лето.
За Хазард грешка си дека е преценет, едноставно Хазард дојде во Реал во погрешно време. Овој тим на Реал е веќе истрошен, костурот на тимот е истрошен, главните играчи ја немаат повеќе онаа желба за победа и за освојување титули како што ја имаа, без разлика што изјавуваат на прес конференции и сето ова лошо ќе се одрази на Хазард. Многу поразличен Хазард ќе гледавме да дојдеше пред 2-3 сезони, кога тимов беше во својот прајм.
А за тоа дека не привлекуваме играчи, не ме јеби. Колку и да сме дно, самото име Реал Мадрид е доволно за било кој играч да дојде.. + големите плати. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom