E мора и ова да го чек аут

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Веб-сајт
www.kajgana.com
Нервозен пациент нападнал хирург оти не сакал да чека ред на Хирушкото одделение завчера вечерта во битолската болница. Пациентот Петри Михајловски од битолското село Трново и хирургот Борис Топаловски си размениле по неколку тупаници по што интервенирало болничкото обезбедување и ја спречило тепачката.

Михајловски на хируршкото одделение дошол со својата ќерка, која се жалела на стомачни болки. Откако почнал да претура по канцелариите барајќи лекар, тој упаднал во работната соба, каде што дежурната екипа изведувала мал хируршки зафат.

Според изјавите на очевидците, д-р Топаловски побарал од пациентот да излеле од просторијата и да причека да го завршат зафатот. Но, овој одбил да ја напушти просторијата и го фатил лекарот за гуша. Тогаш се замешала и медицинската сестра Винка Валшка, која застанала пред пациентот за да го одбрани хирургот. Но, Михајловски влечејќи ја за коса ја истуркал и почнал да го удира докторот.

Почитувајќи ја лекарската етика, Топаловски го соблекол мантилот и возвратил на ударите. Пресметката ја спречило обезбедувањето, кое го отстранило напаѓачот од хируршкото одделение, а девојчето било прегледано од друг лекар. При прегледот било утврдено дека девојчето требало да оди на гинекологија, а не на хирургија.

Директорот на битолската клиничка болница, д-р Дејан Ристевски, го потврди инцидентот. Тој рече дека лекарите не седат со скрстени раце и дека е во ред пациентот да причека ако случајот не е итен, а во моментот му се помага на друго лице.
 
хехе,еве што се прават и родителите кога се во прашање неивите деца....
 
тоа ти е македонец......
 
makedonstina so ke ti naprai makedonce,pa dobro i coekov ne e kriv mu zodsadilo da ceka i so pravo go natepal:)
 
Од Гинекологија до Хирургија има ехеее.. убаво си вика
..од битолското село Трново..

Него, Дејан уште е директор.. бре (=
 
И крив е и не е крив човекот што го затепал хирургот.
Нормално дека е загрижен за своето дете, а во болницата (нормално) никогаш нема слободен лекар. Лекарот (нормално) не бил крив, криви се тие што ја прават организацијата таму... Лекар треба да има секогаш слободен.
 
тоа се должи на недоволната грижа на здравствените работници за нашите пациенти. Низ години наназад се случуваа случаи низ кои наши пациенти страдаа заради несоодветната грижа на овие здравствени работници. Единствена солуција би била да имаш врски па да влезеш преку ред и така единствено полесно да поминеш. Имам среќа што мајка ми е здравствен работник во брза помош па насекаде кадешто се познава во румунска или градска, државна или брза помош све одиме преку ред. Ова е и позитивно од една страна, но и негативно пошто секој втори ден и се јавуваат комшии, роднини, пријатели да им закаже преглед или слично преку ред.
Да, и ова беше една од главните причини поради која токму не се одлучив да станам медицинско лице :)
плус нема да се плашам дека некој лудак како овој ќе ме отепа :)
 
Абе и колку да се грижел таткото, видел дека докторот не си пие кафе у канцеларија туку работи... Сељачана...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom