Што ако “падне“ теоријата на Ајнштајн?

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа не е возможно, види работата со хемиските елементи не е така едноставна, ние не можеме да ги оптимизираме елементите да бидат во агрегатна состојба како што ние сакаме, агрегатната состојба директно зависи од температурата на топење на елементот, новиот елемент што ајде да речеме би се добил би имал својства кои се слични на елементите во групата од периодниот систем. Последниот лабораториски синтетизиран, пронајден, како сакаш речи е елементот Ununoctium кој е добиен после 30,000,000,000,000,000,000 судири на атоми од калиформиум 249 и калциум 48. Се добиле само 3 атоми од овој елемент, замисли периодот на полуживот е ептен краток, местото во периодниот систем би било во групата на инертните гасови, па затоа и претпоставуваат дека ќе биде во гасовита агрегатна состојба па го викаат ека-радон. :) Работата е во тоа што сите нови елементи што би се добиле би биле нестабилни, затоа што се многу тешки, до сега тоа е така и така ќе биде.
За својствата на елеметите си постојат трендови во периодниот систем, така се и подредени, така да не може да има големи остапки.
 
Ти веќе навлегуваш во статистичка физика, Ферми-дираковиот статистички пристап уште не ми е многу познат, но не верувам дека би имале повторно голема корист.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom