Македонија пред најголемиот протоколарен проект - доаѓа емирот на Катар еден од најбогатите луѓе на

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Првиот арапски крал што пристигнува во Македонија е Емирот од Катар кој в понеделник и вторник доаѓа во официјална посета по покана на Претседателот Иванов.

getImageThumbnail.axd

лепотанот

Катарскиот суверен во Скопје пристигнува заедно со 14 министри и свита од стотина придружници. Најбогатата земја на Блискиот Исток која во наредниве 3 години само од гас ќе заработи фантастични 157 милијарди долари ја води шеикот Хамад Бин Калифа од семејството Ал Тани.

Според процентите, Катар е на прво место во светот по наоѓалишта на гас, а трета според нафтен потенцијал, но земјата во која нема политички партии и избори не се потпира само на природните ресурси. Катарскиот инвестициски фонд во последниве десетина година стана акционер во најуспешните светски компании со цел по исцрпување на нафтата и гасот земјата да обезбеди приходи за одржување на луксузниот живот.

Како се живее во Катар најдобро може да се види од плановите за Светското првенство во фудбал 2022 година според кои за фудбалерите да имаат добри услови за игра ќе се формираат вештачки облаци, а дел од стадионите ќе бидат под земја.

На средбите на Емирот со претседателот Иванов двете земји треба да ја обезбедат правната рамка која треба подоцна да донесе и сериозни инвестиции. Ќе бидат потпишани десет меѓудржавни договори кои ќе го олеснат влезот на катарските фондови во Македонија. Пред катарската делегација во која се и сите министри од тамошната влада кои имаат врска со економија ќе бидат претставени 20 проекти кои Македонија им ги нуди на своите партнери.

Катарската делегација во Скопје доаѓа со три авиони, еден од нив е ЕРБАС 340, вториот по големина авион, кој е претворен во летачки дворец кој без проблеми треба да слета на реновираниот аеродром „Александар Велики“. Емирот ќе престојува во хотелот “Александар Палас“ во претседателскиот апартман кој според катарскиот протокол ни од далеку не ги задоволува стандардите на кралот, но сепак емирот не правел никакви проблеми и се согласил да биде сместен во апартман од 400 евра. Единствените посебни барања се однесувале на специјалниот мебел кој треба да биде донесен од Доха. За време на престојот катарскиот емир ќе биде превезуван со блиндирано возило од возниот парк на Владата, а на неговите советници им бил понуден и мерцедесот од 1974 во кој своевремено со возел Тито.

Поради големата поворка и седумте полициски мотори кои ќе го придружуваат возилото од аеродромот „Александар Велики“ до претседателската вила во понеделник меѓу 14 и 16 часот некои улици ќе бидат под посебен сообраќаен режим.

За време на посетата емирот и неговата делегација ќе јадат македонска традиционална храна, а целосно забранети се било каков вид алкохол и свинско месо. Емирот на скопскиот аеродром ќе слета во цивилно одело, а на свечената халал вечера во „Александар Палас“ ќе биде облечен во традиционална арапска облека.

Катарската претходница не барала посебни услови за вршење на верски обреди, а емирот за време на дводневната посета ќе ја посети Старата турска чаршија. Од македонските домаќини на поклон ќе добие македонска резба и народна носија. За време на европската турнеја, по Македонија катарскиот емир ќе ги посети и Албанија , Полска и Украина.

извор
 
Овој беше во Албанија пред неколку дена.

Ајде барем овие да инвестираат нешто.
 
Баш вечерва правевме планови како да го искористиме да му лапнеме некое милионче :D
 
Првиот арапски крал што пристигнува во Македонија е Емирот од Катар кој в понеделник и вторник доаѓа во официјална посета по покана на Претседателот Иванов.

getImageThumbnail.axd

лепотанот

Катарскиот суверен во Скопје пристигнува заедно со 14 министри и свита од стотина придружници. Најбогатата земја на Блискиот Исток која во наредниве 3 години само од гас ќе заработи фантастични 157 милијарди долари ја води шеикот Хамад Бин Калифа од семејството Ал Тани.
Според процентите, Катар е на прво место во светот по наоѓалишта на гас, а трета според нафтен потенцијал, но земјата во која нема политички партии и избори не се потпира само на природните ресурси. Катарскиот инвестициски фонд во последниве десетина година стана акционер во најуспешните светски компании со цел по исцрпување на нафтата и гасот земјата да обезбеди приходи за одржување на луксузниот живот.

извор
1 болд :Не знам како се процедурите кај нас за увоз на нафта и гас и дали ОКТА уште некоја година ќе останат со монопол ,ама ова мораме да го искористиме.
2 болд : Многу можиме да научиме од Катарциве.Само некако мислам дека голем дел од нашите ресурси ги поебавме во почетокот на приватизацијата.Тие пари можеа да се вложат на истиов начин како Катарциве.
 
ај нека пуштат 2-3 милијарди евра инвестиции , па кој ги ебе ЕУ после :P
 
За 2 дена бара посебен мебел, води стотици луѓе.... Ах пуста сиромаштијо....
 
Ќе дојде ќе се измоча и ќе си замини, ќе го најадиме ќе го напијаме и тој ќе ни речи фала будала и ќе се начекаме инвестиции.
 
уууууууф какво женче има:vozbud:

45516785_2.jpg

Биди ти крал и имај го тој кеш и ти ќе имаш и тоа не една него 10 одеднаш и дури нема ни да се караат дека те делат :D.

Пс. Морав иако е само (полу)шала :D.
 
што ќе купи кај нас лепотанов ???

Нека не купи нас како земја, ќе му бидеме кралство на Балканот, ем нема да се замараме со политика, ем како кралеви ќе си живееме. Ни ЕУ ќе ни треба ни Грчко признавање, ем ќе види аир од нас :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom