Средно уметничко - "Лазар Личеноски"

  • Креатор на темата Креатор на темата AngelOfArh
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе може ли да ми кажете дали следниве смерови се исти : уметност, вајарство, дизајн на облека и дизајн на ентериер и мебел ? Ако да ќе може ли некој отприлика да ми каже кои предмети се за смерот: дизајн на ентериер и мебел ? Каде се наоѓа школово ? И ако може некој да ми даде линк од странава на школово, пошто јас неможам да најдам ;):)

Училиштето се наоѓа некаде кај центарот на Скопје...можам само на тоа да ти одговорам...
 
сликите се стари пред 1-2 год, училиштето е реновирано и сеа е прекрасно. Јас сум могу задоволна од она што може да се научи од професорите и се понатаму па ако сакате да се запишете воопшто не треба да се двоумите. ЗА ПОВЕЌЕ ДА СЕ ИНФОРМИРАТЕ http://www.facebook.com/DsupuLazarLicenoski
оставете порака и се надевам дека ќе ви биде одговорено.
 
Страницата на училиштето е супер,само да има повеќе фотографии...а ќе морам да поминам од тамо и да го видам од блиску:)
 
Училиштето се наоѓа во центар на ул.Кире Крстевски Платник :)
смеровите ги има објавено на facebook page.
 
Ќе може ли да ми кажете дали следниве смерови се исти : уметност, вајарство, дизајн на облека и дизајн на ентериер и мебел ? Ако да ќе може ли некој отприлика да ми каже кои предмети се за смерот: дизајн на ентериер и мебел ? Каде се наоѓа школово ? И ако може некој да ми даде линк од странава на школово, пошто јас неможам да најдам ;):)

Како мислиш дали се исти смеровите, као прво уметност си е уметност нема таков смер нигде у светот, второ има шест смерови у школото и секој си е посебен немаат врска едно со друго, за ентериер незнам шшо да ти кажам јас бев на вајарство, то е то :)
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 16:46 ---
Deckii :D jas sum 8mo i sredno sakam da se zapisam vo ovaa uciliste ama posle slikte sto gi vidov i ovaa sto go procitav neznam...Spored vas da se zapisuvam? :)

Ако се мислиш не оди ако си сигурен и го сакаш тоа оди нема да згрешиш, а иначе сликиве кои се ставени тука се постари такво беше школото кога јас учев таму, сега има еден нов дел изграден, а другите два се потсредени, језда мене ич не ми се свиѓаат некако ми го нема оној дух кој го имаше порано школото, али условите за учење се боље сега, ваљда. :)
 
иако не сум многу запознаена детално за смерот дизајн на ентериер и мебел можам да кажам дека потребно е многу прецизност, се работи се со лењир и такви работи. На дизајн на текстил и облека и дизајн на ентериер професорките даваат многу домашни т.е повеќе од останатите смерови.
 
иако не сум многу запознаена детално за смерот дизајн на ентериер и мебел можам да кажам дека потребно е многу прецизност, се работи се со лењир и такви работи.
 
Ќе ми недостига школово :(...многу. Едно,единствено и незаменливо.Блазе им на тие ученици што се сеуште таму. Случувањата што ги доживеав во ова школце,живот значат. Завршив пред два дена и веќе ми е мака.Се разделив од најубавите денови,другарства,години...
 
Дечки, јас креирав една анкета, се однесува на образованието кое сте го имале во основно, а и сега во средно. Работиме на проект за подобрување на вашето образование, па потребна е ваква анализа, која ќе се трае неколку месеци, за да има подобар увид. Ова не е поврзано со Влада, Министерство и сл., туку е проект на неколку ентузијасти :)
Ќе ве замолам да одговорите на прашањата што поискрено, ние работиме за вас.
Поздравче :)
https://www.surveymonkey.com/s.aspx?sm=C95AiW62NXXUvGQ1NT6Qcw%3d%3d
 
Здраво, незнам дали сеуште има некој активен ама дојдов до странава и ги прочитав разговорите и сакав да дадам мал update за уметничко :)))... Професорката Лидија Вујисиќ по графички техники си замина во пензија, искрено некои од темите по применета графика се крш се збори дека на графичарите ќе им се обезбеди опрема за да можат и тие да изучуваат software програми и да прават дигитални графики но проблем е тоа што нема човек што би предавал на таа тема. Во врска со новите генерации што се запишуваат мислам дека стануваат само полоши и полоши зашто бројот на деца што сакаат да се запишат во училиштето за да учат уметност се намалува и повеќе се запишуваат зашто е "cool" и се умислуваат ко демек кој знае што се ако идат во уметничко. Повторно се воведе предметот спорт и активностите се одвиваат во импровизираната сала што е во едно и галеријата. Сепак во училиштето има необична аура, во кратки црти прекрасно е и луѓето во него се прекрасни често пати си викаме со друштвото дека и да падеме година не би ни било мака зашто е најдоброто нешто што ни се случило до сега...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom