Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.619
20. San Alfonso Del Mar
Најголемиот базен на светот со должина од еден километар се наоѓа во Чиле и е дел од луксузниот комплекс Сан Алфонсо. Димензиите на овој базен се импресивни, но тоа не е неговиот најголем адут. Системот за полнење и одржување е своевидно ремек дело, бидејќи треба водата на длабочина од 35 метри, колку што му е максималната длабочина, да ја одржи кристално проѕирна и чиста. Овој систем е строго чувана тајна.
19 . MareNostrum
Ова е најмоќниот суперкомпјутер во Европа. Да чудото биде поголемо овој компјутер се наоѓа во склоп на црква и капела, а се користи исклучиво за истражување на човековите гени. Овој суперкомпјутер се состои од 2560 JC21 компјутери, а во секој од нив се dual core IBM 64-bit PowerPC 970MP процесори ии што работен такт е 2.3 GHz. Или поедноставно ово суперкомпјутер содржи 10240 процесори.
18. Pan STARRS – 1
Ова неверојатна камера се наоѓа на Монтана институтот во Хонолулу, Хаваи. Најголемата дигитална камера е инсталирана во телескоп и вака вградени ја прават една од најмоќните опсерватории на светот за следење на вселената.
17. Singapore Flye
Најголемиот рингишпил на светот. Вкупната висина му е 165 метри и дава поглед не само на цел Сингапур туку и на дел од Малезија и Индонезија. Се состои од големо тркало со пречник од 150 метри и помошни згради.
16. Kanal tunel
Канал тунел или познат под името Eurotunel е најдолгиот железнички тунел под морето. Ги поврзува Англија и Франција. Правењето на мостови преку морето би била доста скапа и ризична работа. Ако се повозите со овој воз , возењето сигурно ќе ви остане у сеќавање.
15. Hangzhou Bay мост
Најдолгиот мост на светот кој се наоѓа во Кина. Должината на мостот е 36 километри, столбовите се поставени на длабочина од 60 метри а изградбата чинела 840 милиони евра. Живееме во земја каде е тешко да се направи мост со должина од 200 метри па затоа не ни останува ништо друго освен да се восхитуваме.
14. Oasis of the Seas
До денес се направени многу бродови, но само еден може да биде најголем на светот. Тој брод го носи името Oasis of the Seas. Пошо носи славна титула , најголемиот брод носи титула и најлуксузен брод на светот. Тежок е 225.282 тони што го прави секако потежок од Титаник. На него постојат 10 – на базени, паркови, трговски центри, игралишта за голф... Оазата на морето има волумен од 220.000 тона, 16 палуби, 2.706 соби и може да прими 6.360 патника покрај 2000 членови на екипажот.
13. Езерото Mead
Едно од најголемите вештачки езера на светот. Кога е изградено ова езеро станало вистински мал рај. Езерото, заедно со браната на него имат најголема бетонска конструкција и претставува најголемиот производител на електрична енергија. Исто така е и најголемиот резервоар на вода за пиење.
12. Akashi Kaikyo
Akashi Kaikyo е најдолгиот висечки мост на светот . Тој визуелно изгледа неверојатно а изграден е за време од 10 години. За неговата изградба биле потребни 181.000 тони челик, 1.4 милиони кубни метри бетон. Гордоста на Јапонците е долга 4 миљи ( 6.4 km).
11. Rungnado May Day Stadion
Се наоѓа во ПјонгЈанг, Северна Кореја. Стадионот поседува 150.000 места и вкупна површина која зафаќа простор од 207.000 квадратни метри. Внатрешната површина на стадионот е 25.000 квадратни метри вклучувајќи и 14.000 спортски полиња, како и 8.300 метри квадратни покриени со вештачка трева. Вертикалната оска изнесува 450 а хоризонталната 350 метри.
10. Kingda Ka Roller Coaster
Со висина од 456 метри овој ролер костер е највисок на светот. Сместен е во забавен парк во Њу Џерси и достигнува максимална брзина од 128 М/H ( 204.8 km/h).
9.Buruj-Al-Arab-Hotel
Висината на овој хотел е 321 метар и изграден е на вештачки остров.
8. Стадионот Птичјо гнездо
Овој стадион се наоѓа во срцето на Пекинг и стана синоним на олимписките игри. Покрај својата големина и единствениот дизајн, овој стадион се издвојува и по количината на челик која е употребена за неговата изградба.
7. Viaduc de Millau мост
Овој мост е чудо на уметноста и архитектурата. Мостот е долг 2.6 км и се наоѓа на 1.132 m наморска височина, а висок е 343 метри ( со што е највисок во светот). За изградбата на овој мост била задолжена истата фирма која ја изградила и Ајфеловата кула во Париз.
6. Вештачки остров
Овој вештачки остров во вид на палма е украс на Дубаи. Површината на островот изнесува 46.35 милиони квадратни метри и зазема убедливо прво место по големината на вештачките острови.
5. Вселенскиот телескоп Chandra
Овој телескоп се наоѓа во орбитата на нашата земја. Chandra е рендгенски телескоп и ги праќа на земјата најспектакуларните слики од вселената. Овој телескоп работи на принципот на X зраци и моментално неговите слики се најквалитетни и најпрецизно обработени.
4. Кулите Петронас
Со висина од 452 m овие кули не се најголемите градби , но нешто што ги издвојува од останатите е мостот кој ги спојува и софистицираниот изглед.
3. Three Gorges Dam
Ова е најголемата и најмоќна електрана на светот.Се наоѓа во Кина , моќноста и е 22.5 GW и подмирува 4% од целата потрошувачка на електрична енергија во Кина. Поради својата огромна снага оваа хидроелектрана има неверојатен изглед и заедно со браната се најголемата бетонска конструкција.
2. ISS Меѓународната вселенска станица
Оваа станица е едно од најголемите чуда на човечкото инжинерство. Меѓународната вселенска станица е истражувачки проект на Сад, Русија, Јапонија, Канада и Европската Унија.
1.CERN
Ова е ремек дело на човековиот ум, знаење, архитектура и градежништво. Може да ни одговори на многу прашања меѓу кои : Како е создаден универзмот, на кој начин функционира и во кој правец се развива. Пречникот на овој кружен акцелератор е 27.2 km.