Старо Скопје

Првата разгледница неможам со сигурност да кажам, но е 1912 до 1937 според други разгледници што ги прекопав, а последната слика е кај Дом на градежници карши гимназија „Јосип Броз Тито„ порано тоа било кружен тек, (можеш да го видиш доле на сликата) и после земјотресот е сменето значи околу 63' година

Фала иначе супер се посебно првата :D
 
Фала иначе супер се посебно првата :D

Еве поубава слика од Дом на градежници спроти „Јосип Броз Тито„

do-sl-8.jpg
 
Ај ќе постирам и јас некои слики може и видеа од старо скопје..само да го најдам цд то xD
 
Леле ме напаливте со темава, чепкам низ стари албуми сеа барам слики од љубената ми Топана :D Ќе скенирам и постирам подоцна :)
 
Златно Скопје, сега си само Копје...на војник - споменик...полно со гомна, нечисто и гнасно, навидум полно, но сепак празно. :icon_mrgr:
 
Ги постирав, но некои од нив не знам каде се сликани (далеку се од мое време :)) Некој да не е информиран црквата која е на 4 слика и дали последната слика е една од портите на крајот од градот (т.н. тетовска или кумановска трошарина)?

За 4 слика се гледа малце од лево Офицерски дом, Католичка црква е тоа на местото на Дом на АРМ, улица Македонија поранешна Маршал Тито :)
А за портата можам само да те излажам ако ти кажам, ќе прочепкам и ако најдам ќе ти кажам
--- надополнето: Oct 8, 2011 7:43 PM ---
Еве слика од зградата на аеродромот „Скопје„

12_14.jpg

Слика од хидроцентрала „Матка„

006134795.jpg

Првиот железнички мост во Скопје

stmostvoz.jpg

Првата бензиска пумпа од Shell

prvbenzshell.jpg

Следуваат уште да се разврзе некој муабет првин :)
--- надополнето: Oct 8, 2011 7:50 PM ---
Стариот театар што ни подизгоре :)

do-sl-4.jpg
 
се прашувам како ли Скопје ќе изгледаше денес да не се случеше земјотресот во 1963?? дали ќе се градеа нови булевари, нови населби и во која насока ќе се ширеше градот..
 
Еве поубава слика од Дом на градежници спроти „Јосип Броз Тито„

do-sl-8.jpg

Смиљан, во која година отприлика е направена фотографијава? :)

Прекрасни слики, си ги зачував сите, не може да не ми е убаво старово Скопје.
 
се прашувам како ли Скопје ќе изгледаше денес да не се случеше земјотресот во 1963?? дали ќе се градеа нови булевари, нови населби и во која насока ќе се ширеше градот..

А како ли ќе изгледаше да не беше запалено 1689 година..хмм.. ја мислам поубаво и од Прага (n)
 
А како ли ќе изгледаше да не беше запалено 1689 година..хмм.. ја мислам поубаво и од Прага (n)
незнам како изгледало во 1689, немам видено слики освен една каде што се гледа само Калето, ако имаш повеќе постави ги тука :)
 
незнам како изгледало во 1689, немам видено слики освен една каде што се гледа само Калето, ако имаш повеќе постави ги тука :)

Па од тоа време и неможеш да очекуваш слики ..нели..тешко дека имало фотоапарат :D единствено според кажувањата и записите..еве што кажал главниот виновник ,пироманот Пиколомини:
Скопје е простран град, не многу помал од Прага или колку неа. Го најдов напуштен, без скапоцености, богато снабден со продукти. Малкуте луѓе што останале, исплашено врват по улиците. Жал ми е што зградите, какви што досега не сум видел, џамиите од најубав мермер и украси од злато на кои и во Рим би им посветил внимание, убавите старини и градини, морам да му ги предадам на пламенот. 

И Турскиот писател Дулгар напишал:
Пропатував низ цела Румелија сиве овие години, видов многу прекрасни градови благословени од Бога, но ниту еден од нив не ме импресионираше со својата убавина како рајскиот град Усќуп низ кој тече реката Вардар.
 
Најдов некои информации за сликата. Се работи за порта изградена на ул. Македонија

хотел Бристол на ул. Македонија
30cvpti.jpg

Денешна Градска Болница, 1936
2vmivib.jpg

Плоштад на Крал Петар, 1929 г. Лево Офицерскиот, право Камен Мост, десно...местото каде денес е Скопјанка
14aeyid.jpg

Ристиќева Палата, зграда на аптекарот Владислав Ристиќ каде е поставен првиот лифт (инаку од германско потекло, марка Стиглер) во Скопје во 1929 г. Денеска е се наоѓа во Музејот на град Скопје благодарение на станарите на Ристиќева. Лево (според информациите кои постојат) треба да се наоѓа хотел
66ckt1.jpg

Народна Банка изградена 1933 и Камен Мост
25uhel4.jpg

Од левата страна на Вардар (како што сфатив негде помеѓу Св. Димитрија и МНТ), Отоманска Банка од 19 век
rk2b8o.jpg
 
Смиљан, во која година отприлика е направена фотографијава? :)

Прекрасни слики, си ги зачував сите, не може да не ми е убаво старово Скопје.

Незнам точно но 50' па нагоре до 63' затоа што тука се е останато исто. Зградата лево од Дом на градежници до ден денес стои, таму е кафичот „Пиаца„. Исто и Дом на градежници си стои, а ако видиш во позадина се гледа Офицерски Дом спроти него денешната Банка што се гради на плоштад.
 
Знам, учев средно во ЈБТ. Зградата е тотално иста :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom