Македонска библиотека

  • Креатор на темата Креатор на темата D_NazGUL
  • Време на започнување Време на започнување
D

D_NazGUL

Гостин
Се зачитав во последно време на форумот за историја овд ена Кајгана и се запрепастив колку малку знам за нашата историја. Малку во смисла за пошироката историја на Македонија од давнешни времиња па до сега. Искрено ме фати јад, бидејки сум љубител на историјата, особено на периодот од Втората Светска Војна и имам собрано низ годиниве доста книги, што наши, а повеќето нарачани. Би сакал да почнам да собирам и читам нормално книги за Македонија, да створам една библиотека која би останала понатаму и на моето дете да ги чита. Значи ме интересира да ми предложите книги за Македонската историја, но ако може да се со тврд повез (значи ги имате дома или сте ги виделе некаде) од озбилни автори, наши и странски. На жалост ја сум од таа генерација која ја затекна во средно распадот на СФРЈ и многу малку имавме пристап до наша историја.

Ви благодарам однапред на Вашите сугестии.
 
Јас би ти препорачал да отидеш во библиотека „Браќа Миладиновци„ во секторот за стручна литература. Таму имаш од пиле млеко. Информација од прва рака затоа што ми требаше материјал што се сомневав дека некаде го има и тоа ми беше земено како последна опција, но испадна најдобра.
Муабетот ми е ... ако си почнал да се бавиш со собирање на книги тогаш од таму ќе те упатат кај би можел да најдеш и што.
Ти ја поздравувам идејава многу и со среќа собирањето ;)
 
Благодарам за информацијава. Баш ќе поминам, блиску ми е до дуќанот. :)
 
Убаво е што се интересираш за историјата на Македонија.
Овде на форумот имаме собрано доста материјали, но сепак е фрагментарно и во лимитиран формат што го дозволува еден интернет форум.

Има доста книги кои третираат одредени настани, личности и периоди и се пред се наменети за специјалисти и подобри познавачи на тематиката, ама има и такви кои се обопштени и ги опфаќаат сите периоди до ден денешен.

Мислам дека на тебе, а и на многу други ќе им одговара "Историја на Македонскиот Народ", издание на Институтот за Национална Историја (ИНИ) од 2008 год.

Се работи за скратена-сублимирана верзија на повеќетомната историја (која е за специјалисти, со сите нишани, фус ноти, итн.) наменета за пошироката јавност.

Еве линк до неа, споени се изданијата на македонски и англиски јазик (следува после македонската верзија) иако англиското издание има некои грешки во преводот во јазична смисла.

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
 
Доколку се стварно се интересираш, тогаш Историја на македонскиот народ е букварот од којшто треба да почнеш.
Одличен сумлимат на целата историја. Па откако ќе ја прочиташ ќе видиш кои периоди ти се најинтересни и ќе си почнеш да копаш подлабоко.
 
Убаво е што се интересираш за историјата на Македонија.
Овде на форумот имаме собрано доста материјали, но сепак е фрагментарно и во лимитиран формат што го дозволува еден интернет форум.

Има доста книги кои третираат одредени настани, личности и периоди и се пред се наменети за специјалисти и подобри познавачи на тематиката, ама има и такви кои се обопштени и ги опфаќаат сите периоди до ден денешен.

Мислам дека на тебе, а и на многу други ќе им одговара "Историја на Македонскиот Народ", издание на Институтот за Национална Историја (ИНИ) од 2008 год.

Се работи за скратена-сублимирана верзија на повеќетомната историја (која е за специјалисти, со сите нишани, фус ноти, итн.) наменета за пошироката јавност.

Еве линк до неа, споени се изданијата на македонски и англиски јазик (следува после македонската верзија) иако англиското издание има некои грешки во преводот во јазична смисла.

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Ти благодарам за линков. Вака на прв поглед и после едно брзо скенирање изгледа дека е токму она што секој почетник вљубеник во Македонската историја би требал да прочита. Имам само забелешка една: како може ваква книга ниту една мапа, ниту една слика да нема или интернет изданието нема?

Воедно и на сите што ми посочија литература сакам да им се заблагодарам, незнам од каде да почнам се ми изгледа интересно.
Сепак главната цел ми беше да ми препорачате што би можел да КУПАМ како книжевно благо кое би останало во мојата библиотека. Да се разбереме, немам ништо против читање на е-книги (имам Киндле па многу полесно ми е) но сепак книга си е книга.
Муабетот ми беше дека шетајки по книжариве видов разни изданија и автори, но бидејки слабо ги знам нашиве историчари, а денеска скоро секој може да си напише (препише и измисли како и да е) книга, сакав некој да ми препорача книги кои се навистина македонска ризница.
 
Другар, не забегувај сега со мапиве и сликиве, ова е сепак сериозна, научна книга и е како што реков сублимат на повеќетомното издание.
Не дека не можело тоа да се уфрли тука, ама не е нужно.

D_NazGUL напиша:
Воедно и на сите што ми посочија литература сакам да им се заблагодарам, незнам од каде да почнам се ми изгледа интересно.
Сепак главната цел ми беше да ми препорачате што би можел да КУПАМ како книжевно благо кое би останало во мојата библиотека. Да се разбереме, немам ништо против читање на е-книги (имам Киндле па многу полесно ми е) но сепак книга си е книга.
Муабетот ми беше дека шетајки по книжариве видов разни изданија и автори, но бидејки слабо ги знам нашиве историчари, а денеска скоро секој може да си напише (препише и измисли како и да е) книга, сакав некој да ми препорача книги кои се навистина македонска ризница.
За пофалба е тоа што сакаш да купиш и да ги имаш некои од книгите дома, секоја чест!
Така и ќе им се помогне и на авторите, и на издавачите утре да имаат пари за нови публикации или ре-изданија на книгите што стварно вредат а веќе не може да се најдат.

Книгата што ти ја пуштив на линкот е издание на ИНИ - Институт за Национална Историја (се наоѓа позади судската палата, во правец на МРТ). Ако имаш време појди таму и кажи им кој период те интересира и ќе ти посочат нивни изданија, па купи си директно од нив.

Исто така можеш да ја побараш и купиш "Воена Историја на Македонија" од сега веќе починатиот Ванче Стојчев. Таа во оригиналното издание имаше и додаток од посебно книже само со мапи на сите битки и позначајни воени настани од целата историја на Македонија, ми се чини дека е преиздадена и сега додатокот се наоѓа во самата книга на крајот (ама не сум сигурен).

Многу добри критики сум слушнал за една книга (иако не сум ја прочитал до сега) што се вика "Македонија во 14 век" од проф. д-р Александар Атанасовски, издание на Напредок од Тетово, 2009. Самиот наслов ти кажува што третира.

Од поновата историја ми се чини не е лоша книгата на д-р Александар Литовски со наслов "Македонската национално-ослободителна платформа во втората светска војна (1941-1944)" во издание на Сојуз на здруженија на македонците од егејскиот дел на Македонија, 2008.

итн. итн.

Има доста саглам литература.
 
Се зачитав во последно време на форумот за историја овд ена Кајгана и се запрепастив колку малку знам за нашата историја. Малку во смисла за пошироката историја на Македонија од давнешни времиња па до сега. Искрено ме фати јад, бидејки сум љубител на историјата, особено на периодот од Втората Светска Војна и имам собрано низ годиниве доста книги, што наши, а повеќето нарачани. Би сакал да почнам да собирам и читам нормално книги за Македонија, да створам една библиотека која би останала понатаму и на моето дете да ги чита. Значи ме интересира да ми предложите книги за Македонската историја, но ако може да се со тврд повез (значи ги имате дома или сте ги виделе некаде) од озбилни автори, наши и странски. На жалост ја сум од таа генерација која ја затекна во средно распадот на СФРЈ и многу малку имавме пристап до наша историја.

Ви благодарам однапред на Вашите сугестии.
----------------------------------------------------------------------------------
- И јас како тебе сум болен по книгиве за Македонија.
-Посебно од Н.О.В.
-Денес ја купив “Политичките убиства во Бугарија“ од Ангел Динев.
издадена 1951 год. 1год. пред неговата смрт.
-Интересен податок: тираж 5000 примероци. А повеќето други што
ги имам се со најповеќе до 2000 примероци дури и онаа што секој
македонец треба да ја има “Народни Херои од Македонија“
-Би ти ги препорачал и сите книги од Кантарџиев.
 
Каде во можат да се купат „Воената историја на Македонија“ од Ванче Стојчев и „Букурешкиот договор“ од неговиот син Александар Стојчев.
 
На почеток на улица Македонија спроти бившо кино Вардар.
 
Ти благодарам за линков. Вака на прв поглед и после едно брзо скенирање изгледа дека е токму она што секој почетник вљубеник во Македонската историја би требал да прочита. Имам само забелешка една: како може ваква книга ниту една мапа, ниту една слика да нема или интернет изданието нема?

Воедно и на сите што ми посочија литература сакам да им се заблагодарам, незнам од каде да почнам се ми изгледа интересно.
Сепак главната цел ми беше да ми препорачате што би можел да КУПАМ како книжевно благо кое би останало во мојата библиотека. Да се разбереме, немам ништо против читање на е-книги (имам Киндле па многу полесно ми е) но сепак книга си е книга.
Муабетот ми беше дека шетајки по книжариве видов разни изданија и автори, но бидејки слабо ги знам нашиве историчари, а денеска скоро секој може да си напише (препише и измисли како и да е) книга, сакав некој да ми препорача книги кои се навистина македонска ризница.

Јас не би ти ја препорачал Историја на македонскиот народ од ИНИ - 2008, посебно не делот за Илинденското востание и ТМОРО! Тешки срања ќе прочиташ во тој дел, затоа не ти ја препорачувам, барем не сега кога почнуваш од почеток, а за понатаму нема да е лошо да ја прочиташ и да ја увидиш погрешната методологија на историографијата!

За повеќе инфо, гледај од 05:55

Еве ти мој предлог на историска литература.

Античка Македонија:

- Historia Antiqua Macedonica - сите 10 дела.
- „Под сенката на Олимп - појавата на Македон“ - Јуџин Борза

Средновековна Македонија:

- „Средновековна Македонија“ - Бранко Панов и Стјепан Антолјак Том I, II и III.
- „Македонија во XIV век“ - А. Атанасовски.

Македонија под Османлиска власт:

- „Отпорот во Македонија“ - А. Матковски.

МРО и Македонија:

- „Слобода или смрт“ - В. Ѓорѓиев.
- „Подземната Република“ - В. Ѓорѓиев
- „Гоце Делчев“ - Димитар Димевски
- „Гоце Делчев“ - Христо А. Полјански

Македонија меѓу двете светски војни:

- „Предавствата и атентатите меѓу двете светски војни“ - В. Ачкоска и Н. Жежов.

Исто така ти ги препорачувам Александар и Ванче Стојчеви, а ти го препорачувам капиталното дело „ДОКУМЕНТИ за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, УКИМ, 1981.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom