H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Падот на Константинопол (1453) настан што го промени текот на историјата
Денот на паѓањето на Константинопол е еден од најважните датуми во историјата на човештвото. Тој ден се смени речиси целата историја и влијаеше на многу настани со векови подоцна, а повторното освојување на градот од христијаните преставувало фасцинација за многумина во Европа многу години по падот на градот во рацете на Османлиите. Од друга страна пак падот на градот од страна на муслимате се сметало за остварување на пророштвото на Мухамед,а сето тоа претставувало дополнителен обединувачки фактор за исламскиот свет.
повеќе од WIKIPEDIA на Македонски јазик:
Во ноќта на 28 мај и 29 мај 1453 година Мехмед II дал заповед за последен напад на градот. Првите две негови единици биле одбиени од страна на одбраната на градот па затоа султанот решил во напад да ги пушти јаничарите. Тие успеале да ја пробијат одбраната. Во освоениот Константинопол започнале масовни пљачки и убиства. Повеќе од 60.000 жители биле заробени. Според отомански обичај султанот ја оставил војската да ограбува низ градот два дена, а на третиот ден наредил да се престане со тоа. Потоа тој влегол во идната престолнина и наредил да ја претворат црквата Света Софија во џамија, а себеси се прогласил за римски цар.
Утрото во тој несреќен вторник на 29 мај 1453 година, кога Константинопол паднал во рацете на Турците, откако се расчистило небото од чадот од турските топови, станало јасно дека не е ставен крај само на Источното Римско царство. Светот се променил - средновековието станало минато. Во Западна Европа ренесансата веќе била во својот ек. Ова повторно раѓање, заедно со изумувањето на Гутемберговата печатница со подвижни букви, ќе значат многу за полесно пренесување и зачувување на античките знаења (улога која претходно ѝ припаѓала на Византија) и со тоа ќе се обележи започнувањето на модерното доба.

Состојба во која се наоѓала империјата
Во текот на околу 1.100 години од постоењето на Византија, Константинопол под опсада се нашол повеќе пати и само еднаш бил освоен - во 1204 година во текот наЧетвртата крстоносна војна.[13] По првото освојување на градот Византија се распаднала на повеќе помали земји наследнички (односно на: Царството Никеја, Деспотатот Епир и Царството Требизон). Овие држави се бореле како сојузници против латините, но истовремено си претставувале ривали кои претендирале на тронот на Византија.
Царството Никеја на многу лесен начин успеало повторно да го освои Константинопол во 1261 година. Во вековите кои следеле, во голема мерка ослабената Византија се соочувала со напади од латините, од србите, од бугарите и најважно од турците османлии. Во 1453 Царството се состоело од Константинопол и неговата околина и од само уште еден дел од полуостровот Пелопонез (кој во тоа време се нарекувал Мистра). Царството Требизон формирано по Четвртата крстоносна војна, како потполно незавизна држава, успеало да опстои до 1461 година на бреговите на Црното море.
За поголемиот дел на жителите на Царството сѐ уште биле свежи сеќавањата на погубните резултати од Четвртата крстоносна војна и за пљачкосувањата кои во тој период биле направени. За нив католичкиот свет не можело повеќе да се смета за христијански. Потребната воена помош од Западот секогаш била нудена по цена на унијатење на црквите. Тоа за мнозинството во Византија се сметало за прескапа помош.
Разединет и слаб, градот кој пред неколку векови изобилувал со златни статуи и украси по црквите сега претставувал само бледа копија на убавината и раскошот кои пред неколку векови ги поседувал. Зградите кои биле уништени од последниот земјотрес не биле обновени, а трговијата во царското пристаниште со текот на времето значително се намалила.
Подготовки
Унгарски топ, наречен според инженерот Orban од Унгарија кој успеал да им го турците непосредно пред започнувањето на опсадата на Константинопол. Прикажаниот примерок му припаѓа на Британскиот воен музеј.
Портрет на султанот Мехмед II
Кога султанот Мехмед II го наследил својот татко Мурат II на престолот на Отоманската империја се верувало дека тој нема да биде способен владетел и дека нема да претставува голема закана за христијаните на Балканот и на Егејското море.[18] Ваквото мислење било поткрепено од пријателскиот прием кој тој им го укажувал на пратениците кои ги примал во својот двор. Во текот на летото во 1452 година Мехмед II (чиј прапрадедо Бајазит I изградил тврдина на азиската страна на Босфор) решава да изгради нова тврдина на европската страна на Босфор со што се зајакнува турското влијание во теснецот. Посебно важен аспект на градењето на оваа тврдина е тоа што на Константинопол му се скратува можноста да добива помош од колиниите на Џенова кои во тоа време постоеле на брегот на Црното море. Новата твдрина била наречена Римска тврдина (турски: Rumeli Hisarı).
Византискиот император Константин XI апелирал до Западна Европа за помош, но неговите барања не наишле на очекуваното внимание. Уште од времето на Големата шизма од 1054, римокатоличкиот Запад се обидувал да стекне доминација на Истокот. Затоа унијатството било отворена тема со која се условувала помошта уште од XIII век. Императорот Јован VIII Палеолог во 1439 година во Фиренца успеал да договори унијатење на источната со западната црква, но како резултат на големи негодувања во Константинопол предизвикани од настаните од периодот на падот на Константинопол во 1204 година овој договор не бил прифатен...... За повеќе на WIKIPEDIA http://mk.wikipedia.org/wiki/Падот_на_Константинопол_(1453)
Како вие гледате на падот на Константинопол, како влиеше врз текот на историјата и текот на историјата дали ќе беше подруг доколку не се случеше тој настан?

Константинопол во Византиско време.

[уреди]