Bratot
Стоик и Машкртник!
За лобистот Петар Хохегар (Peter Hochegger) се води истрага во неколку случаи под сомневање за корупција во Австрија.
Во едно од неговите сослушувања од страна на јавниот обвинител, запрашан за сумата од 75 000 евра која била цел на ситрагата, тој изјавил дека тоа се пари од проектот за Македонија, поточно на менување на името на државата Македонија, кои што ги добил од грчките бизнисмени за да лобира против Македонија.
Започнало од некој голем комуникациски проект помеѓу некоја агенција во Брисел и Хохегар Бугарија. Но, било откриено дека немало официјални средства и дека целиот проект бил финансиран преку грчки фондови.
„Грчките бизнисмени соработувале и уплаќале средства во фондот, бидејќи грчката Влада не била во можност да води дијалог на политичка основа“.
Најмалку 100.000 евра требале да бидат инвестирани во кампањата „за да се оствари притисок и да се постигне компромис по прашањето за името“.
Грчката влада била информирана и првично дала согласност, меѓутоа подоцна го прекинала проектот, поради, како што се наведува „расправија околу подмирување на долгот“ од износот за овој проект, бидејќи немало писмено фактурирање во овој проект.
http://makedonskaiskra.com/vesti/mediainternet/636-2011-09-26-14-37-43?lang=mk
.