VIP Супер машка лига

  • Креатор на темата Креатор на темата StarScr3am
  • Време на започнување Време на започнување
Се освен титула на Пелистер до пролетниот дел би ме изненадилоо...
 
Реално гледано Пелистер има најјак тим од овие во лигава...би рекол дека има моментално појак тим и од Вардар...Овче Поле е големото изненадување барем до сега...ќе видиме како ќе изиграат понатака....
--- надополнето: Oct 18, 2011 10:29 PM ---
Комплетирано е и 5-то коло од VIP Супер лигата а постигнати се следниве резултати:

РК Куманово 26-21 РК Металург Јуниор
РК Драчево 35-29 ГРК Кавадарци
РК Борец 21-21 РК Пелистер 08
РК Битола 23-29 РК Овче Поле
РК Тинекс Пролет 36-24 РК Преспа 2010

Табелата после 5-то коло изгледа вака :

1.РК Пелистер 13
2.РК Борец 11
3.РК Овче П. 11
4.РК Тинекс П. 10
5.РК Куманово 9
6.РК Драчево 6
7.РК Металург Ј. 6
8.РК Битола 3
9.ГРК Кавадарци 3
10.РК Преспа 2010 -1
 
Победа на РК Битола против очајниот тим на Кавадарци...
На крај 14,15 разлика.....можеби и повеќе...
Муабетот ми е друг..
Судиите:eek:
Добро бе оние од РФМ имаат малку ум кого поставуваат да биди судија во Супер Лига?
Ало Марјане Начевски и остала ракометна мафија..:tapp:
Дали сте вие нормални бе?
Судат некои пилиштари по 16,17 години....патиките се потешки од нив....:eek:
Па уште и на дресовите им пишува ЕХФ ТВ....:pos:
Тешко нас,да дознаат ЕХФ кога ставиле под своја капа ќе не исклучат.....
Кај го има ова бе?
И тоа пази едниот од дечурланата е некојси Виктор НАЧЕВСКИ...нормално од кланот Начевци...
И нормално ќе си го туркаат убав тој....:eek:
Ако знаеја овие двајца тинејџери денес дека судат ракометен меч и шо треба да судат јас ќе се прекрстам.....
Какви само грешки,некоординираност,едниот покажува пробивање,другиот удар од 9 метри....:tapp:
Чекори не гледаат...се убија од грешење и двете екипи,кечерски стартови воопшто не ги санкционираат,а даваат две минути за обично туркање на противнички бек...........
Абер немаа дечињата шо треба да досудат....
Изгубени во просторот и времето беа....
И после сакаме ракомет во Македонија...
Абе каков ракомет,кога истите луѓе 20 години матер му ебаваат на ракометот.....
До кога бе со форсирање на свои деца?:mad:
И утре овие ќе ги пуштат да судат во Европа?:tapp:
 
Битола-Драчево 23-23.....
Возбудлив меч на две израмнети екипи...
Драчево ми остави подобар впечаток,има технички по-потковани ракометари,за разлика од Битола која даваше голови при индивидуални акции,или од пенали....
Драчево го имаше последниот напад,на 30 секунди до крајот,имаа и играч плус на терен,ама не успеаа ниту да создадат позиција за шут....
На крај по бодче е најреален исход....
Кај Битола убедливо најдобар Фарук Мемиќ....:pipi:
Без него не знаеја шо со топката.....
И пикерот Трајковски не беше лош,другото се слабо.....(да не речам очај)...:tapp:
Кај Драчево голманчето...(не знам дали е прв голман,зошто се менуваше со Дејан Кутаноски)....
Фати еден куп зицери,неколку пенали......
Ја спушти ролетната...:)
 
РК Овче Поле - РК Пелистер 21-30

Уште од стартот Пелистер си направи одлична предност од 3-4 голови, одбрана играа феноменално, во нападот исто така... Овче Поле неможеше да ги пробие двометрашите на Пелистер :D, голманите слабо денеска и резултатот е и можеби најреален...

Имаше и мал прекин, наш играч направи фаул врз еден на Пелистер, налета друг и настана бркотница... Од никаде влета едно младо дете со наочари и Пелистер тренерки, па си го кркна ќотечето и од полицијата и малку од навивачи тука што стоеја до оградата, ама заслужено :D
 
РК Овче Поле - ГРК Кавадарци 47-28
РК Битола - РК Борец 27-27
РК Металург Јуниори - РК Тинекс Пролет 21-24
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom