Работа во IT

  • Креатор на темата Креатор на темата krsta111
  • Време на започнување Време на започнување
e jas imam fakultet zavrseno i sega ne znam so da praam, ne znam so e korisno da praam
 
Искрено ми е жал за луѓе како тебе, задоени од некое минато време кога факултетот значеше статус во општеството. Денес иако на големо се промовира факултетското образование, ретки се факултетите каде ќе научиш нешто што ќе ти користи во животот. Со чест на исклучоци, факултетите денес се машини за перење пари, каде еден куп млади способни наместо да учат животни вештини, чекаат по шалтери, наместо да напредуваат, се лижат кај професори.

И нормално е после тоа да бидат збунети, затоа што немаат работа од кога ќе дипломираат и кога ќе се пријават во агенција за вработување, чекаат да им најдат работа, но тоа најверојатно нема да се случи.

Да не бидам досаден, еве еден хинт како да успееш:
1. оди на сајтов и разгледај што се бара :
http://it.com.mk/kariera/
2. Оди на Амазон, и купи што ти треба:
http://www.amazon.com и барај според насловот на работата што ти треба.
За ~35 долари (1600 денари) добиваш книга по пошта, обично 400-800 страни, прочитај ги и за 2 месеца повторно провери го чекор 1.

На факултет имаш потрошено минимум 400 евра годишно, и имаш потрошено 3 години (по ново). Уште 1600 денари не се ништо во споредба што ќе добиеш за возврат.
 
Каде можам да те најдам и пиво да те почастам?
 
Да дипломирам (уште дипломската ми остана, веќе втора година откако „креативно“ паузирам) и ќе ти јавам.
 
e jas imam fakultet zavrseno i sega ne znam so da praam, ne znam so e korisno da praam

Тоа што имаш завршено факултет не значи и дека имаш познавања кој некој работодавец ќе ги смета за доволни, затоа за почеток напиши што знаеш, ама што навистина знаеш а не кои испити ги имаш положено. Советот на cYb3rc0re е одличен, со мала дополна ... купената книга не ја читај за да ја научиш, читај ја за да ја разбереш и користи ја како водилка за вежбање и работење. Сурфај по ИТ форумите на Кајгана и учи од одговорите. И пак ќе ти повторам, не ги читај за да ги научиш туку испробај ги одговорите, разбери ги, и секако обиди се и да помагаш со одговори на други кои имаат проблеми а немаат завршено факултет (не е баш менаџерска активност, но мора од нешто да започнеш).
 
Батка за да волонтираш имаш еден куп OpenSource проекти, нема подобро од тоа сам на интернет да си најдиш работа.

И НАЈБИТНОТО
незнаеш да програмираш дури не испрограмираш нешто, верувај...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom