Вашите искуства со пракса во компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Возраст
36
Праксата е многу важен дел од студирањето, бидејќи една работа е да се учи нешто теориски од кнога, а сосема друга работа е да се види како во практиката функционираат работите. Со новиот закон, праксата ќе биде и задолжителна, па сакале неќеле сите ќе мора да одат (секако ако ги занемариме оние кои само ќе си земат потпис од роднини, пријатели).

Какви се вашите искуства? Дали научивте нешто, добивте ли работа или пак варевте кафе и купувавте бурек? Би било добро и кога би навеле каде точно сте биле, за да знаат другите што да очекуваат и каде навистина нешто може да научат.

Исто така би било добро и постарите да се вклучат и да направиме паралела како се третирала праксата пред 2, 5 , 10 години, а како сега.
 
Јас имав задолжителна пракса во осигурителна компанија Кјуби. Бев еден месец на пракса и научив кој со кого се мрази, кој на кого му ги краде клиентите, која компанија не плаќа за работниците по 50 денари за несреќа при работа. Плус научив дека го мразат директорот, дека треба да трчаш кога иде клиент од канцеларија и да не го мрднуваш газот од стол кога имаш загарантирана фиксна плата. Освен од каде се купуваат кифли и какво кафе пијат вработените научив да потполнам зелен картон на компјутер. WOW и тоа немаше да го знам ако главниот за пракса не го мрзеше да ги потполнува. Ова е пракса во 2003 година.
 
Па добра ти била праксата, ти ја покажале луѓето суштината на работењето во секторот осигурување! Да беше во сектор ` допиши лево крило десно подкрило и шофершајбна ` неемаше лесно да поминиш, таму кифли не јадат и дигитрон не користат!

Јас ја имав таа чест праксата да ми биде во нашата славна Царинска управа, многу ми помогна и ми се најде во животот, фала Царинска управо !!!
 
Нели е обичај оној кој ќе ја отвори темата да си каже прво за него? :)
 
ФТУ рулс! :icon_lol:
 
Мене ме имаат носено во Жито Вардар, таму пакувавме леб, сецкавме, носевме вреќи, правење блага и јадевме :pos:тоа беше 2 год, во 3та не носеа на пракса кај што се прави ајварот, слаткото од смокви, цреши, портокали, јагоди и др.Иначе требаше да одиме во некоја си пивара за да видиме како се прави пивото но не не носеа, не дозволувале:( Сега 4та год вајда ќе одиме Агриа за да видиме како се добива месото, да ги видиме сите постапки , чување, транспорт, колење, правење на голем број месни производи.Од праксата може да се научи многу повеќе отколку да учите од книгата, сепак тоа што сте го виделе во праксата ќе ви остане секогаш во глава и ќе памтите повеќе процеси отколку да бубате во книгата :) Иначе праксата беше одлична, работниците ни покажаа се како се прави и ни дадоа одма работа со цел да научиме, тоа е пракса а не да одиш на пракса и да ги глеаш работниците како теле и да се прашуваш што прават па вие па ? :pos:
 
Нели е обичај оној кој ќе ја отвори темата да си каже прво за него? :)
Така, така, прав си. Прееска во брзање ја отворив темата, и оставив за покасно да напишам, зашто има за пишување :)

Првата пракса ми беше во Тутунска банка, каде речиси никој од практикантите не добива некоја посебно мисловна работа, односно се скенира, реди документи, а ако имаш среќа ќе добиеш некој налог или слично да искуцаш. Од оваа пракса не сум задоволен, затоа што и мајка ми што нема врска со економија може за 1 ден да научи како да скенира документи и да ги реди по папки.

Втората во Царинска управа, ако може воопшто да се нарече пракса, бидејќи беше 5 дена по 4 саати исто така беше живи комедии. Таму научив нешто конкретно, бидеќји тоа и го студирам, но повеќето работи ги дознав самоиницијативно со чепкање низ документи и прашување. Сепак целата пракса може да се опише со зборовите на тој што беше главен во делот кај што бев: "Шефе еве ти компјутер, имаш интернет, седи и уживај".

И за крај ја оставив праксата во Империјал Тобако - Тутунски комбинат Скопје, каде навистина работев конкретна работа, на проект 5 недели со полно работно време, со комуникација со менаџерите, вработените, состаноци и се што треба да опфати една права пракса во која би можел студентот да се запознае со секојдневната работа во својата идна струка.
 
Јас имав задолжителна пракса во осигурителна компанија Кјуби. Бев еден месец на пракса и научив кој со кого се мрази, кој на кого му ги краде клиентите, која компанија не плаќа за работниците по 50 денари за несреќа при работа. Плус научив дека го мразат директорот, дека треба да трчаш кога иде клиент од канцеларија и да не го мрднуваш газот од стол кога имаш загарантирана фиксна плата. Освен од каде се купуваат кифли и какво кафе пијат вработените научив да потполнам зелен картон на компјутер. WOW и тоа немаше да го знам ако главниот за пракса не го мрзеше да ги потполнува. Ова е пракса во 2003 година.

Да од прилика така изгледа праксата во Македонија, ама реално што очекувате од пракса во Македонија, како прво компаниите немаат некој систем на работа, второ во Македонија каде и да одиш на пракса те гледаат како вишок, ако има некоја рутинска работа што ги мрзи да ја прават ке ја направиш и ќе им помогнеш ако не, само ќе седиш по цел ден и ќе ги гледаш како работат нешто што ако подобро забележиш и не сакаат да работат, зборувам тука генерално за осигурителните куќи и за банките. Искрено никогаш не сум бил на пракса надвор од Македонија и не можам да знам како изгледа само сум едно сигурен, СИГУРНО НЕ ИЗГЛЕДА КАКО ВО МАКЕДОНИЈА.
А јас сум бил во Стопанска Банка и само седев и научив работи кои немаат врска со тоа што сум го студирал едноставно се работи кои ако не работиш таму нема ни потреба да ги запаметиш.
А најинтересно е тоа што секога праксата е на лето кога пола од работените се по одмори и не знат како да престигнат вработените и ти им си огромен вишок
 
Зависи за каков вид на пракса одиш, може таму не ги сакале децата од праксата за утре да не им ја украдат работата, има секакви.Ама кај нас сум презадоволен стварно цело време беа над нас и ни објаснуваа се и сешто со работата, беа многу фини :)Сепак канцелариска работа и воа моево не е исто таму има повеќе курчење:pos:
 
А најинтересно е тоа што секога праксата е на лето кога пола од работените се по одмори и не знат како да престигнат вработените и ти им си огромен вишок
Во повеќето случаеви да, но не секогаш.
Јас бев во една од нашиве банки на пракса, и бевме двајца практиканти во просторија со 7 вработени. Кога отидоа двајца вработени(од тројца) на одмор од еден сектор да кажам, ние двајца бевме активно вклучени во работата. Ја работевме буквално истата работа што и вработените кои заминаа на одмор бидејќи не беше премногу комплицирано за да се разбере и секогаш се правеше проверка од друг колега(не само поради тоа што бевме практикатни, туку беше општ принцип). Во другите сектори реално беше потешко да ни се даде истата работа бидејќи е далеку покомплицирана и без простор за грешка и затоа имав разбирање кога ќе ни даде некои едноставни задачи од типот редење документи(од што уствари научив доста работи и доста интересни ситуации и проблеми кои можеби некогаш ќе ми бидат корисни).

Сепак, општ заклучок е дека во Македонија праксата е лошо изведувана.
 
Во винарска визба, лабараторија за анализа на вино, по 8 сата на нозе, анализи нон-стоп. Винарската визба е на мој роднина, али не забушавав во никој случај и ден денеска ме бараат преку лето, или кога има многу работа. Научив еден куп работи, како од хемијата на виното, така и за виното. Имав потполна слобода да ги правам сите анализи сам, затоа што имаа доверба во моето знаење.
Секако имавме и одмор, нон-стоп доаѓаа странки, дегустација на вино, разговори, прекрасно поминато време.
За кафе варење, варев од кеиф не дека ме заповедаше некој.

Слушам наоколу, демек отидовме на пракса, земавме потпис и завршивме работа, или идам на пракса и ме тераат да варам кафе јас дома не варам тука ќе варам. Тоа е, намали его, стисни заби и прашај какво пијат. :)
 
Две придобивки имам од праксата ..

1. Знам се', ама буквално СЕ' што се случуваше изминативе месец дена во полињата на нашата внатрешна политика, надворешна политика, економија, земјоделство, судство, култура, спорт ....... Така е кога на ден си тепаш по еден Утрински, Вест, Нова Мкд, Мкд Спорт и т.н.

2. Се научив да решавам судоку !
 
Кај нас практикантот се третира како вишок, и сопственикот нема никаков план во врска со искористување на знаењето и трудот на практикантот. Онака само површно те прима во фирма колку да не те одбие, најверојатно пошто си мисли дека си му дал комплимент со тоа што си ја одбрал неговата фирма за реализација на праксата. Обично практикантот бира фирма која ја смета за добра, стабилна и интересна за работа, па оддтаму произлегува и тој комплимент. И нормално практикантот бидејки гледа во каква околина работи, гледа дека никој не е заинтересиран од неговиот придонес, не се ни труди да направи нешто, а уствари не ни знае дали би требало да се меша во работите на фирмата, бидејки можно е на газдата да не му се допаѓа таа идеја, и така практикантот само си оди во фирмата, го исполнува потребното време на присутност таму и на крај ништо не научил.Нормално оценката која ке ја добие на фак, не е реална пошто по тој предмет студентот не се стекнал со доволно знаење за да го помине предметот а сепак го поминал.
Во еден збор, катастрофа.
 
Јас имав задолжителна пракса во осигурителна компанија Кјуби. Бев еден месец на пракса и научив кој со кого се мрази, кој на кого му ги краде клиентите, која компанија не плаќа за работниците по 50 денари за несреќа при работа. Плус научив дека го мразат директорот, дека треба да трчаш кога иде клиент од канцеларија и да не го мрднуваш газот од стол кога имаш загарантирана фиксна плата. Освен од каде се купуваат кифли и какво кафе пијат вработените научив да потполнам зелен картон на компјутер. WOW и тоа немаше да го знам ако главниот за пракса не го мрзеше да ги потполнува. Ова е пракса во 2003 година.
И јас имав скоро исто искуство само не во истата осигурителна компанија. Искрено мотивацијата за работа ми се намали на 0, сега кога ке видам оглас за пракса за некаде ми се превртуваат црева.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom