Репрезентацијата на Македонија во ендуро го освои второто, вицешампионско место на првиот Куп на нациите, што се одржа викендов во Битола. На дводневниот натпревар во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) во рамките на Источноевропскиот шампионат во ендуро за 2011 година, нашите мотоциклисти за првпат имаа можност да учествуваат на едно вакво престижно репрезентативно натпреварување. Шампионската титула заслужено ја освои Бугарија, додека третото место оди кај претставниците од Турција.
Во класата Е1, љубителите на мото-спортот од битолскиот крај беа сведоци на комплетна доминација на бугарските натпреварувачи. Најдобар беше Михаил Митов, пред своите колеги Ради Попминчев и Митко Митков. Одлично возење прикажа и единствената девојка во оваа конкуренција, Сорина Санду, од Романија, која и покрај неколкуте пехови на брзинските испити, на крајот заврши како четврта во оваа класа. На петтото место се пласираше Глен Скот од Јужноафриканската Република, пред нашиот најдобар учесник Филип Кондратенко.
Во втората класа Е2 убедливо најдобар беше Николај Мартинов (Бугарија), пред Фират Шахин (Турција) и нашиот Борче Костов. Мартинов ги постигна и најдобрите времиња на брзински испити Братиндол и Смолево во севкупна конкуренција. Во најсилната класа Е3 триумфираше Веселин Стојанов (Бугарија). Неговиот сонародник Диан Стојанов беше втор додека Миодраг Станковиќ на Македонија ѝ донесе уште еден поединечен пехар.
Првиот Куп на нациите во ендуро се бодуваше и за домашниот шампионат на Македонија. Споменатиот Филип Кондратенко (МК Александар) одлично се снајде во својот прв настап и ја искористи лошата среќа на Гулевски (МК Мотостарс) за победа во класата Е1. Со него место на подиумот обезбедија и Јован Стојков (МК Мотостарс) и Александар Петровски (МК Мотори). По неизвесна борба до последните метри на брзинските испити најдобар во класата Е2 беше Борче Костов (МК Мотостарс) пред Слободан Ивчески (МК Сакамото) и Ивица Милошевиќ (МК Мотори). Уште еден член на МК Мотостарс, Миодраг Станковиќ, победи во класата Е3. Во класата Т1 победи уште еден дебитант Дашмир Зекировски (МК Мотостарс), пред постојаните учесници во оваа конкуренција - Виктор Ефремов (МК Мото Велес) и Николчо Николов (МК Вардар).
По четири извозени натпревари, водечки во генералниот поред во поединечните класи се следниве мотоциклисти:
Е1 - Александар Петровски
Е2 - Зоран Трајковски (МК Мотори)
Е3 - Јетон Заими (МК Гост рајдерс)
Т1 - Виктор Ефремов
Браво браво, мене така ми се чини или во последно време само спортски успеси редиме