Ivica^
Confident Liar
- Член од
- 14 август 2007
- Мислења
- 11.431
- Поени од реакции
- 16.748
Знам дека има фан клуб за Ѓорче, ама сметам дека заслужува посебна тема овој немил настан
за Македонскиот женски ракомет
за Македонскиот женски ракомет
Ѓорчепетровки згаснаа
Пред девет години, цела Македонија ги славеше, а потоа преку ноќ сите ги заборавија
Поранешниот европски шампион Ѓорче Петров престана да постои! Одлуката на Управниот одбор да го згасне клубот е, можеби, логичен тек на настаните по две години агонија, во кои не успеа да му се најде некој солиден спонзор, кој би ја продолжил неговата славна традиција. Заминувањето на последните големи таленти од екипата летово и хроничната беспарица го ставија клубот во безнадежна ситуација и ваквата тажна судбина беше неминовна.
- Немаше веќе поента да се продолжи. Го гледавме клубот како се мачи во последните две години и како никој не сака да му помогне и одлучивме дека е најдобро да го згаснеме, да го ставиме во мирување до некои евентуални подобри времиња. Си заминаа сите подобри играчи и, едноставно, веќе не би имале со кого да играме во новата сезона. Вака е подобро за сите - вели долгогодишниот директор на клубот Димитар Тодоровски.
Крајот на ѓорчепетровки, всушност, почна многу порано, кога пред три години ги напушти Трифун Костовски, кој неуморно вложуваше во клубот и во ракометот цели деценија и пол. Трагедијата за македонскиот спорт да биде поголема, преку ноќ се случи сите да кренат раце од клубот и да заборават на него. Најдобрите играчи си заминаа, обидите за консолидирање траеја кратко и пред една година тој дури беше исселен од својата легендарна база, СРЦ "Кале".
Формиран во 1979 година, Ѓорче Петров обезбеди пласман во Првата сојузна лига непосредно пред нејзиниот распад. Безрезервната финансиска поддршка на Трифун Костовски беше нешто невидено за овие простори и тоа му се врати со освојувањето на европската титула во 2002 година.
Сите титули на клубот
Лига на шампиони: 2002.
Европски вицепрвак: 2000 и 2005.
Европски Суперкуп: 2002.
Првак на Македонија: 1993-2009.
Куп на Македонија: 1993, 1995-2009.
Интерконтинентален куп во Јужна Африка: 1994.

Жално е ова што се случи со Ѓорче, искрено се надевам дека некогаш ќе се издигнат пак таму каде што им е местото!