На сајтот на Обама се навредуваат Македонците

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Македонско-грчка битка на интернет, околу спорот со името и идентитетот се води на официјалниот сајт на кандидатот Барак Обама на демократтите за претседател на САД - www.barackopedia.org

A5D92F5830333F4EAD584C629C0E4C26.jpg

Нова македонско-грчка битка, но само на интернет, и тоа околу спорот и идентитетот се одвива на официјалниот сајт на Барак Обама, кандидатот на демократите за претседател на САД. Сето трае и тоа веќе подог период, или точно онолку колку што трае претседателската кампања во Америка, дознава ВЕЧЕР.
Официјалниот сајт www.barackopedia.org на кандидатот Обама, изминативе денови е претворен во вистинско боиште помеѓу Грците и Македонците. На сајтото покрај изборната програма на Обама, има и негова фотогалерија, занимливости, негова биографија па дури и имињата на неговите омилени миленичиња, а веднаш до нив се наоѓа и популарниот Чат-форум. Тоа е ударното место каде е поставен форумот со наслов Македонија версус Грција.
Се води битка каде Македонците и Грците не штедат зборови за да го докажат потеклото на Александар Македонски, потоа поимот Македонија, градот Солун и знамето од Вергина, односно сите спорни точки на конфликтот на двете нации.
На сајтот на Обама стојат испишани без никаква цензура грди зборови, па дури и навреди од типот на идиоти, морони, лажговци и националисти упатени од двете страни меѓусебно.
Колку неговата популарност е голема и колкава е неговата вистинска посетеност ќе илустираме со податоците на реномираната Веб страница www.alexa.com, чија што основна цел е бележењето на популарноста и светската посетеност на интернет адресите.
Според посетеноста страницата на Обама е 602 во светската ранг листа, односно цели 13 отсто од целата светска интернет популација ја посетува страницата дневно.
Во интерент дискусијата Американците, инаку нашите најголеми сојузници, се збунети од термините користени и најчесто бараат објаснување од двете завојувани страни за потеклото на Александар Македонски.
ИЗВАДЕНИ ДЕЛОВИ ОД ИНТЕРНЕТ ПРЕПИСКАТА
Кој ги избрка Егејците, прашуваат Американците
Американските читатели најчесто симпатизери на демократската партија и на Обама распнати се меѓу двете сценарија, и бараат појаснувања од учесниците на форумот. Најчесто поставени прашања се: Чиј град е Солун?, Кој ги избркал Егејците?, Зошто го негирате името Македонија?.
Според она што може да се забележи доколку и сами го посетите сајтот, се добива впечаток дека Македонците ја добиваат интернет битката на форумот на Обама.
Меѓутоа, Грците не се предаваат и упорно пласираат навредувачки линкови, видео клипови со кои се обидуваат да наметнат искривена слика за нашата нација и историја. Грците пишуваат: Скопјани вие сте будали, идиоти, па дури и дека Македонците се националисти и нацисти.
Ако сте револтирани од грчката тортура и пропаганда, посетете го Барак Обама на баракопедиа.
Дејан СРБИНОВСКИ

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D2D87F1EC43DE247A0462A8510C1FE60
 
Не вреди, и да ја добиеш таа дискусија што ќе смени тоа?
Можеби обичните граѓани (Американци, Германци, Французи) ќе го сменат мислењето но политичарите ќе си продолжат по свое :tapp:
 
Три години. Три. Толку е стара оваа вест.

И, ни сега, а ни тогаш тој "сајт" не бил официјален.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom