М-Теорија

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mad Doc
  • Време на започнување Време на започнување

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Возраст
31
М-Теорија е збир од петте теории на струните и се смета за теорија на се. Според неа постојат повеќе универзуми, сите со различни големини, закони а со тоа и текови на развој. Според оваа теорија кога вибрирањето на два универзуми ќе се спои во една точка во двата универзума настанува феноменот "Голема експозија".

Јас сум многу заинтригиран од оваа теорија. Сигурно на форумов има луѓе кои имаат повеќе познавање за оваа теорија. Затоа сакам да го видам вашето мислење на М-Теоријата која е општо најприфатена.

http://en.wikipedia.org/wiki/String_theory
http://en.wikipedia.org/wiki/Introduction_to_M-theory
http://en.wikipedia.org/wiki/M-theory
 
Премногу ми е комплицирано, многу нејасни работи, многу теории. Во секој случај е интересно.
Па ако немаше комплицирани и нејасни работи светот ке беше здодевен.
Он Топик. И мене ме заинтересира поради фактот кој е напишан дека се смета за теорија на све.
Би сакал да слушнам мислења од оние пискусните
 
Просто и едноставно...во просторот во кој сте сега вие и вашиот компјутер зад чиј монитор сега седите .... ОСЦИЛИРААТ стотици , ако не и илјадници "стрингови" на разноразни радио емисии со своја сложена приказна. Го слушате.., т.е. свесни сте дека постои само оној "стринг"на чија фрекфренција и вие осцилирате заедно со вашиот приемник.....за другите може да се случи и да не сте ни свесни дека исто постојат и се присутни во истиот простор кој го зафаќа вашата соба.....;)
 
Точно конкрете но има еден проблем стринг теоријата често го менуваше бројот на пресметки за димензии па се вклопи на 11-сетта димензија значи Стринг теоријата е само математички докажана иако се прават обиди за детектирање на гравитон,поточно гравитонот преминува во друга димензија и ние имаме послабо гравитационо поле кое го регистрираме,за жал гравитонот мислам дека не е откриен.
 
Јака тема во секој случај.
Во врска со фреквенциите, сета физичка материја околу нас е резултат на фреквенциите.Ако се појача таа фреквенција тогаш се менува и материјата околу нас, поточно нејзината структура.Овој систем претставува еден супер холограм и една најмала слика од тој холограм претставува одраз на целиот холограм.И ако во оваа холограм-шема промениме и еден најмал дел тогаш се менува целата структура.

Целата вселена е составена од субатомски честички, кои со огромна брзина се вртат околу големите празни простори.Според некои квантни физички закони овие честички не се материјални објекти него флуктуирачка енергија и информации.
Според некои исто квантни акони пак докажано е дека ако го промениме полето во кое се наоѓа атом , можеме да го промениме и самиот атом.А уствари и ние сме составени од тие атоми и се околу нас.
И најинтересната работа според мене е тоа што целиот свет е мал распон фреквенција во еден бесконечен распон на фреквенции т.е. бесконечно енергетско поле.

М-Теорија е збир од петте теории на струните и се смета за теорија на се. Според неа постојат повеќе универзуми, сите со различни големини, закони а со тоа и текови на развој

Не повеќе универзуми туку димензии(11).

.
Според оваа теорија кога вибрирањето на два универзуми ќе се спои во една точка во двата универзума настанува феноменот "Голема експозија"

Биг Бен не е резултат на судирање на два универзума јасно е зошто а за подолго време и нашата галаксија ќе се судри со андромеда па ќе има експлозија и формирање на нова галаксија.
.
Теоријата која е општо најприфатена.

Не е општо прифатена туку делумно бидејќи суперсиметријата не постои во пракса,стринговите се еднодимензионални а хигсовите бозоните како носители на енергија не се детектирани.

Теоријава "држи вода" само на хартија и се базира на многу претпоставки.
 
Постојат 11 димензии (десет просторни и една временска) но безброј паралелни универзуми кои во своето движење (не го знам научниот термин) се допираат и настанува големата експлозија.

Како прво галаксија и унивезум не е иста работа, тоа е основно. Како второ при судар на галаксии не доаѓа до експлозија туку до таканаречен вселенски танц при кој двете црни дупки во центарот на галаксиите се спојуваат притоа без судир на сончеви системи.

Теоријата е прифатена од најголемите научници на денешницата, затоа ја нареков општо најприфатена.
 
Да не гледаше документарец на дискавери.

Како прво галаксија и унивезум не е иста работа, тоа е основно. Како второ при судар на галаксии не доаѓа до експлозија туку до таканаречен вселенски танц при кој двете црни дупки во центарот на галаксиите се спојуваат притоа без судир на сончеви системи.

Валцер ќе танцуваат-погледни

Потоа ќе се оформи нова галаксија-ова е процес на кој сме сведоци и ги имаме опсервирано астрономски секако.

The AndromedaMilky Way collision is a predicted galaxy collision that could possibly take place in approximately 3 to 5 billion years' time between the two

Линк.

Како прво галаксија и унивезум не е иста работа, тоа е основно.

Добро утро а ај кажи ми што сочинуваат 10 милиони галаксии??

Теоријата е прифатена од најголемите научници на денешницата, затоа ја нареков општо најприфатена.

Повеќе ја сакаат математичарите.

но безброј паралелни универзуми кои во своето движење (не го знам научниот термин) се допираат и настанува големата експлозија.

Универзум не се движи туку се шири имаш и мал проблем со логиката-ако универзумите се паралелни тогаш не е можно да се судрат.
 
Точно конкрете но има еден проблем стринг теоријата често го менуваше бројот на пресметки за димензии па се вклопи на 11-сетта димензија значи Стринг теоријата е само математички докажана иако се прават обиди за детектирање на гравитон,поточно гравитонот преминува во друга димензија и ние имаме послабо гравитационо поле кое го регистрираме,за жал гравитонот мислам дека не е откриен.
на тоа се работи во моментов во ЦЕРН (Швајцарија), мислам дека се близу до откривање на фамозниот гравитон :)
 
Тука е големата тајна!!

Гравитонот-факт е дека вселената е во експанзија и дека константно гравитационата сила слабее,проблемот за детекција на гравитонот е решен,имено после колизијата на честичките таму каде што ќе се регистрира намалено Г-поле ќе биде всушност "бегтсвото" на гравитонот во друга димензија а со тоа и практичен доказ за теоријата.
 
Биг Бен не е резултат на судирање на два универзума јасно е зошто а за подолго време и нашата галаксија ќе се судри со андромеда па ќе има експлозија и формирање на нова галаксија.

Big Ben е резултат на многу цемент, малтер и хорологија.
 
Најголемата слабост на теоријава е што неможе да се докаже ( the strings are too small ) но во секој случај интересна теорија, единствена што ги спојува сите четири сили.
 
Најголемата слабост на теоријава е што неможе да се докаже ( the strings are too small ) но во секој случај интересна теорија, единствена што ги спојува сите четири сили.

Не е тоа проблемот,туку најголем проблем на теоријава е Гравитонот-тоа би ја објаснило експанзијата на универзумот.
 
Не повеќе универзуми туку димензии(11).

.

Биг Бен не е резултат на судирање на два универзума јасно е зошто а за подолго време и нашата галаксија ќе се судри со андромеда па ќе има експлозија и формирање на нова галаксија.
.

Не е општо прифатена туку делумно бидејќи суперсиметријата не постои во пракса,стринговите се еднодимензионални а хигсовите бозоните како носители на енергија не се детектирани.

Теоријава "држи вода" само на хартија и се базира на многу претпоставки.

Не е докажана суперсиметријата затоа што според таа теорија ќе постојат по пет честички од секој мислам така нешто беше, струните можат да постојат само во 11 димензии а хигсовиот бозон е веќе откриен во LHC :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom