Кардинална грешка во 1992 !

Одамна дискутиравме за ова, кога се пењавеа комуњарчињата во одбрана на Киро:

Истовремено, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 29 јули 1992 година донесе Одлука за стапување на Република Македонија во членство на Организацијата на Обединетите Нации (“Службен весник на РМ“ број 46/1992).

За жал, барањето до Обединетите Нации за прием на Република Македонија како самостојна и суверена држава во нејзино членство, претседателот на Републиката го достави дури на 7 јануари 1993 година, откако на прес конференција на портпаролот на генералниот секретар на ОН во Њујорк на 3 јануари 1993 година беше објавено дека Република Македонија “се уште нема поднеснено барање за членство во Обединетите Нации“.

Врз основа на барањето, Советот за безбедност на ООН на 3196. седница одржана на 7 април 1993 година донесе Резолуција со препорака до Генералното Собрание на ООН за прием на “државата со пријава Ѕ/25147 во членство на Обединетите Нации, под времената референца за сите потреби во Обединетите Нации, (со согласност на тогашниот претседател на Владата на Република Македонија), како “поранешна Југословенска Република Македонија поради разликата во врска со нејзиното име“, која треба да се реши во интерес на поддршката на мирољубивите и добрососедски односи во регионот.

Врз основа на препораката од Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, Генералното собрание на ОН на 98. пленарна седница од 47 сесија, на 8 април 1993 година со Резолуција 47/225 донесе одлука за прием на државата со пријава Ѕ/25147 во членство на ОН, под времената референца за сите потреби на Обединетите Нации како “поранешна Југословенска Република Македонија“ поради разликата во врска со нејзиното име.

http://forum.kajgana.com/threads/СДСМ-во-одбрана-на-Грција-по-однос-на-тужбата-во-Хаг.24420/page-7
 
Некои имаат специјален талент за лепење етикети,затоа ниту Киро е вреден да го бранам по форуми,ниту некој тука е вреден да му објаснувам...Кирчо е еден од ретките кои ги почитувам од таа политичка генерација....
 
Гледам продолжуваме да копаме по минатото и да бараме виновници. Така никогаш нема да одиме напред, ќе тапкаме во место. Дали бил Миро или Миле веќе не е важно. Поминале скоро 20 години и ние сега ја отвараме таа тема!... 20 години правиме грешки и продолжуваме и понатаму.
 
Гледам продолжуваме да копаме по минатото и да бараме виновници.
што еден ..... ќе укашка, 100 паметни не можат да го оправат.
И не е точно дека не треба постојано да се открива вистината...ние не знаевме што Колишевски "сторил" за Македонија затоа што не смееше јавно да се кажува. Дознавме дури откако ослабна системот...дека посадил зимзелени дрвца накај Свети Николе негде на едно брдо.
 
Не е до лепење етикети туку до намерата на одредени водачи во тоа време.

Киро Глигоров и групата околу него го забошоти меѓународното признавање на Македонија, а глумеа дека се за независност.

На лице место бев и видов со свои очи, дури и ги прашав Киро за ова во 1991 година.
 
Во Македонија сеуште има политичари кои мислат дека подобро ни е со Сербија. Прашај ги Денко и Киро за мислење и нема да бидеш толку изненаден.
А ако го прашаме пензионерот Милошоски, што ќе рече, со кого ни е подобро?!
http://www.picvalley.net/u/2916/1208470520146778056812619469446sKBm5bf8id25wK6Z47G.JPG
http://www.picvalley.net/u/2843/166275379812711885191261946938gQpSCIK80re13tiYPqaR.JPG
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=56923

Македонската подалечна и поблиска историја е толку заплеткана што ни Господ Бог не може да ја отплетка. Само едно е јасно во целата шарада. Алтани. Златници. Азното е важни, пари и моќ...
Затоа другар и `92 се десило шо се десило. Пошто некој бил убеден дека „така ќе ни биде боље“
 
Нема филозофија тука.
Тоа време бев регрут во ЈНА, долго време неможев да си дадам одговор, зошто моите врсници Словенци и Хрвати договорно ја напуштија ЈНА а јас морав да ги дослужам 12 месеци + 2. Неможев да сфатам зошто нови регрути од Македонија доаѓаа а веќе во Словенија пукна, на 27 мај, плебисцитот. Неможев да сфатам, кога јас како копиљ од лице место видов дека државата Југославија се растура, зошто големите мудреци и државници тоа не го видоа.
Они сите знаеа, но нашите играа со Милошевич. Ние бевме пратени да му служиме на Миле, нашите така решиле. Се исмејуваа на идејата за денарот, ни влегоа безвредните динари, ни излегоа девизните заштеди, се исмеваа на идејата за АРМ. КПМ и нејзиниот наследник беше и остана збируштина на анационални елементи, луѓе кои за ситни пари ќе ги купиш да работат против сопствената држава. Се додека ние како Македонци не се соочиме со таа сила и тој систем ќе преговараме и за име, ќе смениме и знаме и држава нема да имаме.
 
Тешка е оваа грешка и жешка е оваа тема тешка, ама малку луѓе разбираат дека грешката не е грешка туку е намерно планирано нешто. Затоа оваа тема е жешка и оваа грешка тешка.

“Случајностите“ и “грешките“ се секогаш присутни.
Едните случајно пропуштиле зачленување под име РМ а “другите“ случајно ја дадоа Окта со гратис монопол на 20 години и на тој начин “испарија“ милијарди од тука.
Се се тоа случајни и меѓусебно неповрзани работи.
Секако оние од “југ“ се поголеми играчи на сцената од третата постава на Удба (на власт во РМ since 1991 and counting) и имаа поголем leverage.

Си замислувам како им се смеат на патријотите од двете страни на границата кои за ситни пари (или дури и бесплатно,ради емоции) ги одработуваат агендите и ги полнат џебовите на “избраните“.
Но не е важно сето тоа....случајности...:)
Важна е љубовта.
--- надополнето: Sep 5, 2011 3:32 PM ---
Нема филозофија тука.
Тоа време бев регрут во ЈНА, долго време неможев да си дадам одговор, зошто моите врсници Словенци и Хрвати договорно ја напуштија ЈНА а јас морав да ги дослужам 12 месеци + 2. Неможев да сфатам зошто нови регрути од Македонија доаѓаа а веќе во Словенија пукна, на 27 мај, плебисцитот. Неможев да сфатам, кога јас како копиљ од лице место видов дека државата Југославија се растура, зошто големите мудреци и државници тоа не го видоа.
Они сите знаеа, но нашите играа со Милошевич. Ние бевме пратени да му служиме на Миле, нашите така решиле. Се исмејуваа на идејата за денарот, ни влегоа безвредните динари, ни излегоа девизните заштеди, се исмеваа на идејата за АРМ. КПМ и нејзиниот наследник беше и остана збируштина на анационални елементи, луѓе кои за ситни пари ќе ги купиш да работат против сопствената држава. Се додека ние како Македонци не се соочиме со таа сила и тој систем ќе преговараме и за име, ќе смениме и знаме и држава нема да имаме.

Се напи скопско и стави троа бензин да промафташ со знамето наоколу ради победата над Грција ?
Гаи си ти нацијонални чуства....на такви како тебе сметаат од двете страни на границата,и не само на овие граници туку низ цел свет...немај мака, шемата е стара...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom