Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
за мене ова досега беше непознато, сега ми е неверојатно! зошто и КОЈ во клучните моменти на независноста Македонија ја прави кардиналаната грешка за која ден денес плакаме.
Имено станува збор за пакетот признавања од ОН кое треба да се случи од големите сили а со цел решавање на југословенското прашање и ставање крај на федерацијата по мирен пат. На мое неверување Македонија не учествува и не поднесува барање за признавање заедно со другите екс ју републики. Тогашното раководство СО ЦЕЛ ПАМЕТ се врти кон Егвропската унија (тогаш заедница) каде позициите на грција се екстремно јаки а членките солидарни. Зошто зошто зошот???
Грците да се соочат со реалноста дека Македонија и Македонците се вечни
Проблемот што го има Атина со нашето историско име официјално трае 2 декади. Но, коренот на проблемот се наоѓа во подалечното минато. Со оглед на тоа што, од првиот ден, Атина освен името, го проблематизира и македoнскиот идентитет, останува отворено прашање – дали по 20 години независност, јужниот сосед конечно ќе се соочи со реалноста – дека македонци имало, има и ќе има.
Неправдите врз Македонија и Македонците со децении се тема за која се расправа како за ниедна друга европска нација. Македонија два пати стигна до целта, но остана без трофеи. Ќе ги добиела тогаш кога ќе го реши прашањето со името, што според официјална Атина подразбира не само промена на уставното име, туку и откажување од македонскиот идентитет. Дека Атина има проблем со македонскиот идентитет беше јасно, гласно и официјално кажано уште одамна.
Наскоро по прогласувањето на независноста во 91 ва, тогашниот заменик шеф на грчката дипломатија Викторија Цудерос, за МТВ изјави:
- Инсистирате на фактот да се идентификувате со име кое е карактеристично за една географска област и кое културно и припаѓа на Грција. Навистина не можеме да продолжиме во настојувањата да признаеме таков идентиет – изјави Цудерос.
Во 92 ра е пропуштена златна шанса Македонија да стане членка на Обединетите Нации под уставното име, тврдат денес некои политичари. Велат – тогашната власт намерно го пропуштила рокот од неколку месеци и не поднела апликација за членство заедно со земјите од регионот – Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Наместо тоа, велат, нејасно е зошто македонската власт се сврте кон тогашната Европска Заедница а сега Унија. Како последица на тоа, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска станаа членки на ОН само еден месец пред донесувањето на фамозната Лисабонска декларација, со која Грција и стави крај на шансата Македонија да биде членка на меѓународна организација под уставаното име.
Јуни, 1992, Лисабон – Самит на лидери на Европската Заедница
Во оваа зграда грчкиот премеир Мицотакис на лидерите не Европската Заедница им наметнува најцврст став против признавањето на уставното име, за во завршната декларација од Самитот да стои – се отфрла секаква можност земјата да биде признаена под името Македонија.
Македонското раководство се врти кон ОН и прифаќа нацрт-резолуција на Франција, Англија и Шпанија во која се предлага прием во ОН под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Во април, 93 та, ОН со резолуцијата 817 и одобруваат влез на Македонија под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Претседателот Глигоров со став – времената референца ќе се употребува само во ОН и ќе важи само 2 месеца. Времената референца ќе се користи се додека не се надминат разликите – поразителен податок соопштен при приемот на Македонија во ОН. Иднината запечатена – или ново име или останува Поранешна Југословенска Република Македонија засекогаш.
Во меѓувреме паѓа Владата на Мицотакис. Неговото место го презема Андреас Папандреу, татко на актуелниот грчки премиер Јоргос. Новиот премиер ги прекинува преговрите во ОН и прогласува трговско ембарго кон Македонија.
Ембаргото ја втурна Македонија во Времената Спогодба од 95 та со која се нормализираа односите со Грција. Македонија се обрза на промена на знамето и дел од Уставот а обврска на Грција беше да не го блокира членството на Македонија во меѓународните институции, доколку тоа се случи под времената референца.
Деценија и пол откако ја потпиша, Грција грубо ја прекрши Времената Спогодба. По ветото за членство во НАТО, јужниот сосед го блокираше и стартот на преговорите за членство во ЕУ. Сменете го името и идентитетот во замена за членство.
- Јас му го кажав тоа и на Папандреу. Јас му реков дека тој во следните 100 години нема да најде Влада што ќе му ги прифати таквите барања и услови – изјави македонскиот премиер Никола Груевски непосредно по грчката блокада за старт на преговорите со ЕУ.
Денес, додека во Македонија се гради, во Грција се руши и пали. Македонија - уникатен модел за мултиетничко општество. Грција – земја со најголем пораст на внатрешниот тероризам во светот, зад Ирак и Авганистан. Македонија одлично се справи со економската криза. Јужниот сосед пак, посегајќи по туѓ, речиси го загуби својот национален суверенитет.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/2493..._deka_makedonija_i_makedoncite_se_vechni.aspx