Кардинална грешка во 1992 !

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
за мене ова досега беше непознато, сега ми е неверојатно! зошто и КОЈ во клучните моменти на независноста Македонија ја прави кардиналаната грешка за која ден денес плакаме.

Имено станува збор за пакетот признавања од ОН кое треба да се случи од големите сили а со цел решавање на југословенското прашање и ставање крај на федерацијата по мирен пат. На мое неверување Македонија не учествува и не поднесува барање за признавање заедно со другите екс ју републики. Тогашното раководство СО ЦЕЛ ПАМЕТ се врти кон Егвропската унија (тогаш заедница) каде позициите на грција се екстремно јаки а членките солидарни. Зошто зошто зошот???

Грците да се соочат со реалноста дека Македонија и Македонците се вечни

getImageThumbnail.axd

Проблемот што го има Атина со нашето историско име официјално трае 2 декади. Но, коренот на проблемот се наоѓа во подалечното минато. Со оглед на тоа што, од првиот ден, Атина освен името, го проблематизира и македoнскиот идентитет, останува отворено прашање – дали по 20 години независност, јужниот сосед конечно ќе се соочи со реалноста – дека македонци имало, има и ќе има.

Неправдите врз Македонија и Македонците со децении се тема за која се расправа како за ниедна друга европска нација. Македонија два пати стигна до целта, но остана без трофеи. Ќе ги добиела тогаш кога ќе го реши прашањето со името, што според официјална Атина подразбира не само промена на уставното име, туку и откажување од македонскиот идентитет. Дека Атина има проблем со македонскиот идентитет беше јасно, гласно и официјално кажано уште одамна.

Наскоро по прогласувањето на независноста во 91 ва, тогашниот заменик шеф на грчката дипломатија Викторија Цудерос, за МТВ изјави:

- Инсистирате на фактот да се идентификувате со име кое е карактеристично за една географска област и кое културно и припаѓа на Грција. Навистина не можеме да продолжиме во настојувањата да признаеме таков идентиет – изјави Цудерос.

Во 92 ра е пропуштена златна шанса Македонија да стане членка на Обединетите Нации под уставното име, тврдат денес некои политичари. Велат – тогашната власт намерно го пропуштила рокот од неколку месеци и не поднела апликација за членство заедно со земјите од регионот – Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Наместо тоа, велат, нејасно е зошто македонската власт се сврте кон тогашната Европска Заедница а сега Унија. Како последица на тоа, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска станаа членки на ОН само еден месец пред донесувањето на фамозната Лисабонска декларација, со која Грција и стави крај на шансата Македонија да биде членка на меѓународна организација под уставаното име.

Јуни, 1992, Лисабон – Самит на лидери на Европската Заедница

Во оваа зграда грчкиот премеир Мицотакис на лидерите не Европската Заедница им наметнува најцврст став против признавањето на уставното име, за во завршната декларација од Самитот да стои – се отфрла секаква можност земјата да биде признаена под името Македонија.

Македонското раководство се врти кон ОН и прифаќа нацрт-резолуција на Франција, Англија и Шпанија во која се предлага прием во ОН под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Во април, 93 та, ОН со резолуцијата 817 и одобруваат влез на Македонија под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Претседателот Глигоров со став – времената референца ќе се употребува само во ОН и ќе важи само 2 месеца. Времената референца ќе се користи се додека не се надминат разликите – поразителен податок соопштен при приемот на Македонија во ОН. Иднината запечатена – или ново име или останува Поранешна Југословенска Република Македонија засекогаш.

Во меѓувреме паѓа Владата на Мицотакис. Неговото место го презема Андреас Папандреу, татко на актуелниот грчки премиер Јоргос. Новиот премиер ги прекинува преговрите во ОН и прогласува трговско ембарго кон Македонија.

Ембаргото ја втурна Македонија во Времената Спогодба од 95 та со која се нормализираа односите со Грција. Македонија се обрза на промена на знамето и дел од Уставот а обврска на Грција беше да не го блокира членството на Македонија во меѓународните институции, доколку тоа се случи под времената референца.

Деценија и пол откако ја потпиша, Грција грубо ја прекрши Времената Спогодба. По ветото за членство во НАТО, јужниот сосед го блокираше и стартот на преговорите за членство во ЕУ. Сменете го името и идентитетот во замена за членство.

- Јас му го кажав тоа и на Папандреу. Јас му реков дека тој во следните 100 години нема да најде Влада што ќе му ги прифати таквите барања и услови – изјави македонскиот премиер Никола Груевски непосредно по грчката блокада за старт на преговорите со ЕУ.

Денес, додека во Македонија се гради, во Грција се руши и пали. Македонија - уникатен модел за мултиетничко општество. Грција – земја со најголем пораст на внатрешниот тероризам во светот, зад Ирак и Авганистан. Македонија одлично се справи со економската криза. Јужниот сосед пак, посегајќи по туѓ, речиси го загуби својот национален суверенитет.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/2493..._deka_makedonija_i_makedoncite_se_vechni.aspx
 
За пари бе другар. Ја продадоа државата за пари и нас сосе неа.
 
Грција нема никогаш да пропадне. Таа земја е од голема важност за оние на север и секогаш ќе биде помагана од нив. Тоа е јасно како што е јасно дека и името ќе го сменат.. ама и тоа не го гледаме.. Само ние сме испрани со долен веш па се мислиме дека ќе рикне..
Треба на работите да гледаме реално не како што ние сакаме да испадне.

Не ме тепајте не навивиам за Грците :)
 
Во Македонија сеуште има политичари кои мислат дека подобро ни е со Сербија. Прашај ги Денко и Киро за мислење и нема да бидеш толку изненаден.
 
За наша најголема несреќа, истите тие сеуште од петни жили се трудат да ја повторат историјата

Тоа никогаш и не престанало. Нема историја кај нас. Историја е нешто што поминало, веќе е завршено, а кај нас сеуште трае.
 
Се това ви е рефлексиja от влиjaнието на некои соузни служби след разделjaнето на предишната држава и оставането им след осамостоуването во РМ. Операциjaта "Опера" не е случаjна.
 
Тешка е оваа грешка и жешка е оваа тема тешка, ама малку луѓе разбираат дека грешката не е грешка туку е намерно планирано нешто. Затоа оваа тема е жешка и оваа грешка тешка.
 
Зошто го прочитав ова... сега се нервирам за нешто што не може да се промени...Киро Глигоров не има осакатено во старт со таа негова фамозна изјава „Ние не сме деца на Александар Велики и немаме ништо со неговата Македонија..“. Ден-денес јужниве соседи тоа ни го фрлаат во нос
 
Na 8 Septemvri rascistuvame so taa istorija , se zboguvame so onie koi nikogas ne ni sakale da ja vidat Makedonija samostojna i nezavisna i odime napred.
 
Во Македонија сеуште има политичари кои мислат дека подобро ни е со Сербија. Прашај ги Денко и Киро за мислење и нема да бидеш толку изненаден.

Хмм за Денко не сум сигурен,ама за Кирчо....разгледај ги малку политичките гледишта на Западната дипломатија тогаш во 90тите,Македонија не е предвидена како држава,сметале дека со Букурешкиот договор завршиле работа со Македонија...нешто се случи и станавме држава,тоа најмалку се случи случајно,а сигурно е дека Кирчо имал голема улога во тоа...нормално,не ми се согласувам со некои негови потези и изјави за тоа дека сме дошле тука и сме словени,но тие изјави ги сметам за приморани(Грција беше страшно силна тогаш) со цел Македонија да зајакне малку од малку па да има со што да игра...
 
Не ги оправдувај неговите постапки... да имаше малку повеќе памет ќе успееше да издејствува признавање на Македонија под уставното име, зошто не нѐ вклучил во пакет со Хрватска, Словенија и БиХ?? Сигурно имал други планови такада лично Кирчо е најголемиот виновник за ова што се случува денес... а да не зборуваме за промената на знамето..во тоа време да бев на оваа возраст ќе им отидев пред Влада и ќе им протестирав (се сомневам дека тогаш некој воопшто бил да протестира, битно им било да се тргне ембаргото за да одат на одмор во Грција)..
 
Тогаш шанси немало да се издејствува признавање на Македонија под уставно име,како што напоменав Грците беа премоќни на балканот,а и со таква политичка "багра" која гледаше само да се наземаат пари, тешко дека можеш нешто сериозно да направиш.
Збор ми беше,Кирчо каков таков успеа да издејствува да остане Македонија држава,за да пример денес кога Грција е слаба,ке градиме споменици од нашата историја,ке ги тепаме во кошарка и сл.
 
И ќе бидеме изолирани од НАТО/ЕУ и ќе фигурираме со името ПЈРМ (FYROM) во сите организации и нема да смееме да го употребуваме 16 кракото сонце од Кутлеш и нема да смееме да имаме споменик на Александар Велики туку Воин на Коњ...
 
Мене лично ми е побитно да имам држава,отколку да сум член на тие тоталитарни организации,а за останатото се согласувам,такви работи не сме смееле да ги "ставаме на маса"
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom