@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Клаус: Грците се мрзливи пијачи на узо
Чешкиот претседател Вацлав Клаус го налути грчкиот премиер Јоргос Папандреу нарекувајќи ги Грците „мрзливи пијачи на узо“.
Како што пренесоа грчките медиуми, Папандреу налутено се оградил од навредливите зборови и го оценил Клаус како популистички анти-Европеец.
- Со голема тага го слушав чешкиот претседател Вацлав Клаус, кој секако е познат како анти-Европеец, но сега сака да го искаже своето популистичко европејство со тоа што ќе ги навредува Грците со тврдењето дека пиеме свое узо и уживаме, а тие се оние кои многу работат - вели Папандреу за чешките медиуми.
Според него, ако Европа не ги надмине овие перцепции и се затвори во нив, тогаш се оди кон „растурена“ Европа и „ќе ги изгубиме придобивките не само од последното десетолетие туку и од последните 50-60 години по Втората светска војна“.
- Не ги обвинувам Грците. Јас само реков дека секоја земја би можела сама да одлучува дали ќе живее „со полна пареа“, со една четвртина или со половина од своите можности и сили. Секој сам може да си каже, ние повеќе часови ќе седиме во сенка и ќе пиеме узо, или повеќе ќе работиме. Како и да е, Грците не може да стапат во монетарна унија со Германија - вели Клаус во интервјуто за весникот „Право“, а притоа изрази уверување дека неговото мислење не може да ги наруши чешко-грчките односи.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=AA2B502CE0DF734E93255171502729E6