САД го блокираше Рускиот предлог за Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
АМЕРИКА ГО БЛОКИРАШЕ РУСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА КОСОВО

Советот за безбедност не ги осуди дејствијата на Приштина

Најголем противник на руското соопштение беше Америка. Вашингтон не виде причина за осуда на Приштина, која ги испрати своите специјални единици на северот на Косово, со што ќе сносат одговорност ако се повторат дејствијата

E8B0C6537C07C34E8ADED9A57B89A3AB.jpg
Советот за безбедност на ОН не ги осуди едностраните чекори на Приштина, кога кон крајот на минатиот месец, употребувајќи сила, се обиде да преземе два административни премини во северниот дел на Косово. На седницата посветена на состојбата во Косово и Метохија, членките на СБ ги осудија насилствата во покраината и повикаа на воздржаност и продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина, но го блокираа рускиот предлог за декларација, објавуваат српските медиуми.
Најголем противник на руското соопштение беше Америка. САД инсистира сите припадници на српските власти да се повлечат од Косово, на што српскиот шеф на дипломатијата одговори дека постои само една паралелна структура на Косово и се наоѓа во Приштина.
- Зошто беше невозможно да се прифати соопштението за она што повеќе или помалку беше истакнато на оваа седница. Оние што го блокираа предлогот сносат одговорност да се повторат едностраните дејствија што ги презеде Приштина, изјави по седницата српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.
И покрај негодувањето на Белград, американската претставничка Розмари Ди Карло оцени дека Косово, како независна држава, има право да спроведува сопствени закони на целата своја територија. Според неа, дијалогот не е во врска со статусот, бидејќи Косово недвосмислено е независна држава, а спротивните тврдења само ја поткопуваат стабилноста во регионот и аспирациите на Белград и Приштина за влез во ЕУ. Им порача на двата табора да продолжат со преговорите, за да се подобри живото на граѓаните на Косово. Руската страна, пак, во потполност го поддржува интегритетот и суверенитетот на Србија. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин ги осуди дејствијата на Приштина кои, според него, ја дестабилизирале и онака кревката ситуација на Косово. Останатите членки воглавно беа умерени во критиките и оценија дека Белград и Приштина треба да продолжат со дијалогот, бидејќи тоа е единствениот начин да се дојде до решение.

ЕУЛЕКС и КФОР претресуваа куќи во Северно Косово
Специјалните единици на ЕУЛЕКС со поддршка на КФОР вчераутро спроведоа повеќечасовна акција во која беа претресувани куќи во Зупче, во потрага по извршителите на убиството на припадникот на специјалните сили на косовската полиција. Брутално, пред изгрејсонце, биле претресени три куќи. Локалните Срби поради тоа ги блокираа магистралните и споредни патишта помеѓу Митровица и Зубин Поток. Кон блокадите им се приклучиле и Срби од другите населби во општината Зубин Поток, изјави портпаролот на Регионалната команда на косовската полиција за Митровица, Бесим Хоти.
Припадникот на специјалните полициски сили на Косово, загина во немирите на северот на Косово, кои се случија кон крајот на јули. До нередите дојде откако приштинските власти ги испратија специјалците на административните гранични премини Јариње и Брњак.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=47E905CD8800F94BAA873BD6D7E947C3
 
Америве си го бараат... и ќе си го добијат,само незнам кога :D
 
Сега Русите ќе преземат контра мерки, нафта ЊЕТ за УСА и ЕУ... да не му упаѓам во збор на Медведев.
 
Русите веќе се на линија со Германците.
Највероватно договорена е нова поделба на Европа.
Тука некој гадно ќе го испуши.
 
Кај беа Русите кога Србите со децении вршеа масовни стрелања, геноциди, терор и етничко чистење на Косово? Шо не ги блокираа тогаш крвожедните српски паравојски и војски кои со тенкови газеа недолжен народ, ракетираа, гранатираа бомбардираа.... шо тогаш не скокнаа да спречат злосторства..... Америка му донесе слобода на Косово и косовскиот народ, и денес 90% од народот на Косово не сака ни да слушне за некоја Србија или да влезат во состав во Србија и не знам оти воопшто Русија треба да се праша во работа во која ни со прст не мрдна да се разреши?!
 
Зошто мора Америка да биде алфа и омега у светов ?
Многу ме нервира тоа што Американциве почнаа да си ја сметаат цела Земја за нивна... за нив не постојат други држави. Зошто мора се во светов да биде одлучено од таа „фамозна“ Америка ?
Единствената држава на Балканов која секогаш имала и ќе има добри односи со Русија била Србија, а тоа не им се свиѓа на Американциве па си играат играчки. Прво ја иградија амбасадата кај нас, после со нивна поддршка го осамостоија Косово сега што ли им е следно?
Од Америка и нивната „демократија“ ми е преку глава. Под изговор на НАТО и ширење на демократијата влегоа најпрво во Ирак и Авганистан после не им беше тоа доволно па продолжија во Северна Африка да ја соберат нафтата во Либија. Ако веќе толку им е до демократизација на Светот зошто не влегоа НАТО во Сирија, таму да не не се врши геноцид?
Знам дека премногу забегав од темата ама морав негде да го искажам мојот револт :D
 
Се извинувам што постирам едно по друго, но не е лошо да ги слушнете строфите од горната песна кој се врежани длабоко во срцата на Србите во Македонија.

http://www.rts.rs/page/stories/ci/story/1/Политика/1010630/Тадић са Србима из Македоније .html


Посетата на Српскиот претседател на Скопска Црна Гора мора да пишам се должи на писмото кое го упатив на Српската Влада пред година и јаче, каде им напоменав дека треба да посветат малце повеќе внимание на овој крај од Македонија каде луѓето не бараат ништо од Србија освен малку внимание, да се почуствуваме дека некој не цени, во изминатиов период жителите на Скопска Црна Гора се покажаа доста лојални кон Србија но немаше никаков одговор од Србија. Прво дојде Дачич пред пола година а еве сега и Тадич. Исто им напоменав дека мора да се инвестира во овој крај бидејќи во спротивно ќе потпадне под албанска контрола.

Лојалноста, да не разбере некој погрешно, ја покажавме со учество во сите изминати војни, воедно сме лојални на Македонија и ја чувствуваме како своја.




Скопска Црна Гора Победити Мора !!!!
 
Бре каква голема помош испратиле русите ццц....од невидени размери....

Знаејки каков народ живее тука на балканов, да не беше западот ние очи ке си ископавме. сите до еден на секој еден...
Оставете го Косово на мира, бараа држава и ја добија, натаму е нивно што и како ке си прават...Србија во моментов не е способна да се грижи за своите грагани а не па ли за уште 2000000 албанци на Косово.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom