Жива ограда

  • Креатор на темата Креатор на темата Seniorita
  • Време на започнување Време на започнување

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Возраст
32
Јас секогаш сум сакала жива ограда околу дворот,и од скоро време ( 5-6 месеци посадив, ама сеуште е мала :(

инаку, постојат повеќе видови висока зимзелена жива ограда.

Лејланди (Cupressocyparis leyladii)

Еден од најбрзо растечките четинари, со убава зелена боја. Вирее на сонце и во полусенка, поднесува извесно аерозагадување. Меѓусебното растојание за садење треба да биде 70 до 100 см. За пет до шест години израснува до три метри.

Аризонски чемпрес (Cupressus arizoica)

Овој вид е брзорастечки четинар со сина или синозелена боја. Успешно вирее во градска средина - на јужната страна од дворот. Се крои два до четири пати годишно. Растојанието за садење меѓу два чемпреса треба да биде 100 см.

Ловоровишна (Pruus laurocerasus)

Карактеристични се крупните кожести листови, кои се слични како на лимонот. Одлично поднесува прав и загадување. По садењето се скројува за 1/3 до 1/2 за да се обезбеди поголема густина. Се сади на растојанието од 50 до 70 см.

Голема туја (Thuja plicata)

Брзо растечка, отпорна на ветер и загадување. Издржлива е на екстремни климатски влијанија. Се сади на растојание од 80 до 120 сантиметри.

Ако сакате цветна жива ограда, може да избирате меѓу следните три вида:

Пираканта (Pyracata cocciea)

Бодликава, полузимзелена, расцветува напролет. Во почетокот цветовите се бели, а подоцна се формираат црвени бобинки (забавни за децата - вкусни за птиците). Декоративна е и издржлива. Се сади на 70 см.

Бел бран (Spiraea vahouttei)

Овој вид грмушка обилно цвета во мај. По цветањето се крои и проретчува. Потребен и е поголем простор во широчина. Отпорна е на секакви климатски влијанија. Се сади на растојание од 70 до 120 сантиметри.

Трендафил (Rosa)

Изберете Rosa floribuda или Rosa rugosa за да имате неформална, живописна жива ограда. Растојание за садење е 60 до 80 см.

За ниски живи огради се препорачуваат лаванда, сантолина, зеленика, розмарин и др.
 
Имам јас у двор една,јебем ли е шо врста е незнам.
Татко ми ја крои јас не се замарам многу со неа.Некогаш 1,2 у месец ке и пуштам вода:icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom